|
|
МАКЕДОНИЈА ВО АНТИ-ТРАМП ХИСТЕРИЈАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ "ДЕМОКРАТИ" |
Пишува Тодор ПЕТРОВ Индикативен беше говорот на заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји, пред поткомитетот за надворешна политика на Претставничкиот дом на Американскиот Конгрес од 17 мај 2017 година. Одговорот на обвиненијата дека се мешале во внатрешните работи на Македонија беше: Амбасадорот Џес Бејли и Хојт Брајан Ли не се мешале во внатрешните работи на Македонија и во формирањето на Влада без партијата која добила најголем број гласови на изборите, туку ги одвратиле политичарите и новинарите од руското влијание во Македонија и ги заштитиле американските геостратешки интереси на Балканот?! Која идиотска хистерија... За жал, хистеричната Анти-Трамп политика која се води и во САД со епилог поделба на општеството и дестабилизација на државата поради обвиненијата кои "демократите" ги водат против американскиот претседател Трамп до импичмент, дека неговиот избор е резултат на руското влијание во Америка, остатоците на американската администрација од Барак Обама ја водат насекаде во светот каде што се' уште се чувствува влијанието на старите кадри. На овие идиотски политики кои живеат во времето на Студената војна и имаат амбиција да го втурнат светот во Трета Светска Војна заради заштита на интересите на мултинационалните корпорации и на т.н. Светска Влада, мора да им се стави крај! Македонија била Империја од Западот до Истокот! Македонија има империјално искуство со мултикултурализмот како експресија на генетскиот код на македонската цивилизација за интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури. Македонската цивилизација историски е носител на културниот глобализам, наспроти корпоративниот глобализам на британскиот империјализам којшто врши интеграција со асимилација на помесните етноси, јазици, религии и култури, се' до нивна физичка ликвидација од земјината топка. Британскиот империјализам, стотици етноси, јазици, религии и култури избриша од земјината топка за последните триста години. И покрај се’ и после се’, Македонија мора да остане и со Западот и со Истокот, и денес! Македонија не смее да стане ничиј приврзок заради неговите интереси за свои сфери на влијание на овие простори. Стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД не значи само американските интереси за доминација врз Балканот, туку и македонските интереси за руските гасоводи преку Унгарија, Србија, Македонија и Грција и кинеската транснационална железница од Будимпешта преку Белград, Скопје и Солун до Атина. Македонија не смее да биде дестабилизирана поради интересите на американските "демократи" да се спречат руските и кинеските инвестиции на Балканот и во Македонија! Евро-атлантската соработка за Македонија не значи антируска политика и санкции кон Руската Федерација. Па, корените на описменувањето и покрстувањето на Русите се во древниот Охрид, во Македонија! Таа историја не може да се заборави ниту да се отфрли! Русија и Истокот имаат место во Македонија и така и ќе остане! Македонија не смее да биде жртва на антагонизмот од времето на Студената војна меѓу Западот и Истокот, меѓу САД и Руската Федерација, туку алка за интеграција помеѓу Западот и Истокот, каква што Македонската Империја отсекогаш била! Уште помалку држи еуфоријата на албанските радикали и ИСИС терористи обучени во "Бонд Стил" на Косово, за дестабилизација на Македонија, поради нивната сервилност кон американските интереси, надевајќи се на наци-фашистичката креација "Голема Албанија", знаејќи дека Албанците историски биле во сојуз и со Русија и со Кина и денес со Америка. Амбициите за "Голема Албанија" може да завршат само со уништување и поделба на Албанскиот народ и на Република Албанија во целина! Затоа што "Голема Албанија" не е можна без војна со пет држави на Балканот: Црна Гора, Србија, Македонија, Бугарија и Грција. "Голема Албанија" не е можна без етничко чистење на просторот... А, тоа ќе биде тотална војна со крв до колена... Тогаш ќе биде или тие или ние... И нема да има крај додека некој не' исчезне... Ако на некои лејки меѓу Албанците тоа не им е јасно, нека не се радуваат кога ќе бидат повикани на рапорт пред Џес Бејли на Калето и нека не' мислат што Албанците од таа послушност ќе добијат, туку што Албанците ќе изгубат... А, ќе ја изгубат не само "Голема Албанија", туку и Република Косово и Република Албанија. Македонија, и со Албанците и без Албанците пак ќе опстане! Но, Албанците никогаш не смеат да заборават, дека поради сервилноста кон Калето, тие никогаш нема да бидат комшии со Американците, туку повторно ќе останат со Црногорците, Србите, Македонците и Грците... Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Амин! |