Среда, 24 Мај 2017   
Хари кажи ја вистината

rubinco Јованоски
Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Во 25 години плурална Македонија се нема случено лидер на партија која има парламентарно мнозинство во Законодавниот дом за формирањето на новата Извршна власт да приложи изјава со која гарантира зачувување на унитарниот карактер на државата и не прифаќање на платформата правена во туѓа земја.

Таа обврска пред Претседателот на Република Македонија,Г-динот Ѓорѓе Иванов мораше да ја направи аболицираниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, алијас Бошко Буха за да го добие мандатот за составување на новата Македонска влада.

На самиот почеток од ова мое писмо ќе употребам една стара македонска поговорка”,која гласи: “На нероден Петко капата му ја кројат”.

Како никулци од под земја се јави старото истрошено прилепско социјал демократско јато кое бара на големо директорски места во Подрачните одделенија на Министерствата кое се под централната капа.

По ч ну в а м е  п о  р е д;

Кафе Верба, некогашен пратеник во Законодавниот дом, некогашен лустратор некогашен вработен во Општина Кривогаштани а сега слободен уметник по прилепските улици. Тоа се главните показатели за истрошената личност која не ужива доверба кај новокомпонираните социјалдемократи.

Место во 4-от или 5-от ешалон бара и лидерот на актуелниот разгранок на прилепскиот СДСМ,Г-динот Сашо Велески. Тој е познат од минатото со неговите некогашни таќтичко-технички махинации во некогашниот прилепски гигант Микрон.

Амбиции за директорски места има и некогашниот татко на градот под Марковите кули, психијатарот Сашко Пирганоски. Само да потсетиме дека во негово време касата на прилепската локална самоуправа беше во финансиска була, а претпријатијта формирани токму од Локалната самоуправа беа во финансиски колапс со неплатени финансиски долгови и заостаток на плати на вработените во Јааните комунални препријатија во Градот Херој Прилеп.

Големо амбиции за високи места има и некогашниот пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ во Законодавниот дом, Горан Сугарески.

Погледи кои подобра иднина има и Саше Дамески, некогашен раководител на тогашното одделение улици и патишта, а кој сега како многу стручен и квалитетен кадар работи во општина Кривогаштани.

Некогашниот гласноговорник во локалната самоуправа Зоран Милошески има афинитети да земе некое место во поддрачните одделенија кои се под капата на централната власт.

Има личности кои го меркаат и директорското столче во прилепскиот Тутунски Комбинат и владин функционер од прилепското поднебје за најголемиот загубар во нашата земја, фабриката 11 Октомври, кој е под капата на Владата на Република Македонија.

Овие коцки од амбициозниот директорско прилепски социјалдемократски мозаик треба да ги состави нарцисоидната личност и актуелен пратеник во Законодавниот дом Хари Локвенец.

До тогаш ќе има и други аспирации за високи позиции. Но, првин да го сочекаме да почне со работа новиот Владин тим на чело со аболицираниот лидер на СДСМ, Зоран Заев.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.