|
|
Кој како доаѓа така и ќе си замине од историската сцена |
По оставенета гаранција дека ќе го почитува Уставот и унитарноста на земјата лидерот на СДСМ Зоран Заев го доби мандатот за составување на нова влада. Но наместо да се грижи како може да оди напред и како да ги избегне ултимативните барања на албанските партии за редифинирање на земјата, тој ги остри забите за да јаде живи луѓе, како да ја намали администрацијата ставајќи ја на пазарот на трудот и како да ја уништи најголемата македонска партија ВМРО ДПМНЕ, како единствен чувар на името и идентитетот на македонскиот народ. Веднаш по добивањето на мандатот Зоран Заев со помош на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) започна со операцијата за целосно поткопување на темелите на ВМРО ДПМНЕ и нарушување на угледот на досега најдобриот премиер кој Македонија го имала од осамостојување до денес. Едноставно на СДСМ и неговите поддржувачи од надвор му сметаат успесите и рејтингот кој го ужива Никола Гриевски како меѓу народот во земјата, така и меѓу дел од меѓународната заедница. Вакви постапки се вообичани за луѓе кои немаат визија и идеја како земјата која ја втурнаа и држеа повеќе од две години во криза да ја извлечат. Тие немаат своја програма и како полтрони чакаат да го спроведат она што им го нарачуваат центрите на моќ кои заради сопствени интереси не им го мислат доброто на Македонија. Ако се осврнеме наназад, за време од 2006 до 2016 година, ќе видеме дека под премиерската палка на Никола Груевски земјата постигна огромни резултати. Спроведените проекти се видливи факти кои јасно говорат што се е направено во последната деценија врз пустошот кој претходно го остави СДСМ. Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ зад себе оставија илајдници километри нови патишта, мостови, училишта, градинки, спортски сали, домови на културата и т.н. Исто така донесоа нови инвестиции и нови работни места, а невработеноста се намали на најниско ниво од осамостојувањето на земјата. Едноставно ги вратија децата на место на родителите кои за време на СДСМ ги изгубија своите работни места. Народот тоа го препознаваше и од 2006 до денес континуирано му ја даваше својата доверба на ВМРО ДПМНЕ. Тој му веруваше на лидерот на оваа партија и знаеше дека Никола Груевски е човек од збор, дека тоа што ќе го вети и го исполнува. Но таквиот успех на владата на Никола Груевски и воедно на Македонија на некој не му одговараше. На одредени центри на моќ не му одговараше Груевски поради исправената кичма во однос на името и идентитетот. Но затоа им одговараше лидерот на СДСМ кој одамна јавно изјави дека е спремен да ја свитка кичмата и им ветил дека ќе дозволи промена на името и идентитетот. Со помош на надворешните центри на моќ кои имаат спротивни интерси од македонскиот народ, во земјата е направен нелегален преврат во земјата. Спротивно на Уставот, Законите и процедурите, под огромен притисок на лидерот на СДСМ Зоран Заев кој ја прифати Тиранската платформа за редифинирање на земјата му е доделен нелегитимен мандат да формира влада. Иако со дадените гаранции дека нема да оди против Уставот, Зоран Заев ќе мора да го испочитува договорот со албанските партии. Наместо ветените реформи, кој подразбира подобрување на квалитетот на граѓаните, тој ќе го спроведува она што му е побарано и што најдобро го знае. А тоа ќе биде промена на името на државата и на идентитетот, на Законот за јазиците и некои зацртани реформи во извештајот на Европската унија, коишто можеше да ги спроведе и ВМРО ДПМНЕ доколку формираше влада. Ќе остане запаметено дека СДСМ дојде на власт со сила, со помош на надворешни притисоци и тотално е неспремен да спроведе било какви позитивни реформи. Всушност, СДСМ на чело со Заев нема капацитет за било што друго, освен деструктивни акции. Дека не се спремни за било какви позитивни реформи покажува барањето нарачки за проекти. Но дури и да го добијат, дури и некој да им ги напише, заради незнаење тие уште долги години нема да можат да ги достигнат успесите на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ. Никола Груевски ќе остане запаметен како најуспешен и најдобар премиер во историјата на Македонија. А Зоран Заев ќе биде запаметен како човек кој дојде на власт со сила и ја редефинира земјата спротивно на интерсите на македонскиот народ. Но, кој како доаѓа така и ќе си замине од историската сцена. |