Среда, 31 Мај 2017   
Велешкиот манастир Св. Димитриј

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

"Свети великомаченик Димитар" или "Свети Димитриј" е средновековен манастир од 14 век во близина на Велес, кој дел е од Повардарската епархија на Македонската православна црква - ОА. Манастирот се наоѓа на около два километра јужно од градот, на десната страна на реката Вардар и реката Тополка, која се влива во Вардар. Голем удел има овој манастир во историјата на револуционерното дело Во манастирот се одржувале средби меѓу раководителите на организационото дело во тој крај и се донесуваа важни решенија.

Во близина на манастирот "Свети Димитриј" се наоѓаат урнатините на античкиот град Билазора. Се претпоставува дека манастирот можеби е изграден како градска црква. Возможно е на неговото место уште во V и VI век да имало црква, врз чија основа црквата е обновена во XIV век. Од јужната и од западната страна се издигат карпи, надвиснати како чадор над манастира. Поради рушење на карпите или од други причини, манастирот долго време бил затрупан за време на турското владеење со Македонија.

Во легендите за манастирот Св Димитрија се говори дека на велешанецот Петар Здравев му се јавувал Св. Димитрија и му велел да се откопа затрупаниот манастир. Здравев ги потикнал богатите влијателни трговци да се заложат кај Турците за откривање на стариот храм. По добро подмачкување на Турците и добиената дозвола, целото население учествувало во нејзиното откопување. Најпосле после пет века, црквата ја видела светлината на денот.

Според достапните податоци црквата е обновена во 1855 година, меѓутоа Георги Трајчев во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), ја поместува оваа граница многу порано, 150 години пред излегувањето на неговата книга. Георги Трајчев за манастирот „Свети Димитрија “ на почетокот на минатиот век ќе забележи:

„Манастирот Св. Димитар е на половина час југоисточно од градот Велес. Тој се наоѓа на десниот брег на реката Вардар и нејзината притока реката Тополка. Во близина на манастирот бил стариот град Велес, чии урнатини сеуште се забележуваат во околината. Може да се претпостави дека храмот св. Димитар е една од црквите на стариот Велес, кои се паметат доста добро од потомците на последните иселеници. Според кажувањето на велешани, кои позитивно тврдат дека денешниот град е изграден пред 150 години на сегашното место. Не е точно тврдењето на проф. Романски дека градот Велес е од памтивек на денешната местоположба.

Историјата на манастирот е темна. Познато е дека црквата била обновена пред 150 години. Таа е мала, темна и без женско одделение. Наоколу има стари и нови згради. Последните со 6 големи соби кои служат за гости. Се управува од одбор избран од градот. Приходите беа во полза на градските училишта. Манастирот поседуваше богат чифлик во село Бабуна, покрај истоимената река. Соборот станува на храмовиот празник. А на Светлиот четврток и Светлиот петок станува голем собор, посетуван и од околината. Граѓаните редовно го посетуваат манастирот секој неделен ден за време на великите пости.  

Во попретходните времиња манастирот се посетувал дури од Штипско и Тиквешко. Голем удел има тој манастир во историјата на револуционерното дело. Тука се случуваа секогаш средби меѓу раководителите на организационото дело во тој крај и се донесуваа важни решенија.“ 

Според историските извори манастирот е изграден во XIV век од властелинот на цар Стефан Душан Раденко и неговата мајка. Манастирот најверојатно е затрупан при османлиското освојување по Маричката битка во 1371 година, а откопан во 1855 година кога црквата е обновена и ја добива сегашната форма. Црквата е зографисана од познатиот Зограф Коста Крстев што е наведено во натписот на јужната страна од сводот: "Сеј обител обновисја во 1855 лето исцртува Xаџи Коста Зограф и фотограф". На еден цртеж, сопственост на самата црква, на која е прикажан портрет на Петар Здравев, изработена од Георги Зографски во 1942 година е зачуван следниов натпис: По Божјо вдахновение Петар Здравев откопа затрпани манастир Св. Великомученик Димитрија 1855 година...". "Врз основа на овие податоци се претпоставува дека црквата е обновена по иницијатива на велешанецот Петар Здравев, и помош на видни граѓани, е поправена и зографисана од Коста Крстев. Подоцна игуменот Алексеј издејствуваат од механџијскиот еснаф да плати на Георги Зографски портрет на Петар Здравева.

Инаку, врквата е еднокорабна градба со тристрана апсида на источната надворешна страна. На западната страна се наоѓа нартекс, над кој се издига кула со камбанарија, која ја разликува од другите средновековни цркви во регионот. Црквата е градена од делкан камен, но за да се постигне ефект на полихромија е користена тула со спојки од малтер. Самите фасади се оживеани со орнаменти - шаховско поле и меандри. Самите страни на апсидата се расчленети со ниши и аркади, а венецот во горниот дел е од тули. Влезовите и прозорците од северната страна се асиметрично поставени и завршуваат полукруг. Поради сите овие карактеристики се смета дека црквата е изградена во XIV век.

При влезот на црквата се наоѓа гробот на Петар Здравев, човекот кој ја откри тајната на закопаната црква и кој починал осум години по нејзиното откопување. Тајните кои ги крие овој манасторот не се целосно откриени.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.