|
|
Македонците се радуваат на победата на Вардар, а некои не!? |
Вардар е нов европски првак во ракомет откако во неверојатна драма во „Ланксас арената“ го совлада ПСЖ со само еден гол разлика 24-23 и за првпат во историјата стана шампион на стариот континент. Македонија со право славеше. Старо и младо израдувани од титулата излегоа на улица достоинствено да прослават. Единствено кои не се радуваа, се оние истите соросоиди на кои ништо не им свето, особено ако Македонија ниже успеси. Тоа се оние истите насилници кои позади со чекан се обидуваат да срушат се што македонскиот народ ќе створи. Меѓутоа, не секогаш победникот се искачува на тронот. Иако на предвремените парламентарни избори коалицијата на ВМРО ДПМНЕ ја порази коалицијата предводена од СДСМ, не му беше овозможено повторно да се искачи на владеачкиот трон. Имено, СДСМ иако освои само 49 пратеници, два помалку од ВМРО ДПМНЕ, што со спортски речник значи ја изгуби утакмицата со два разлика, сепак не почитувајќи ги воспоставените демократски принципи, Устав, закон, правила и процедури насилно со помош на странците се искачи на тронот. Оттука луѓето кои во земјата го легализираа насилството за да дојдат на власт неможат да ја прифатат победата на Вардар. Едноставно како можат да ја посакуваат победата на Вардар кој со срце и јунаштво, тимски и паметно, чесно ги победи далеку економски помоќните екипи, како што ВМРО ДПМНЕ го победи СДСМ кој зас себе ги имаше странските центри на моќ. Вардар докажа дека кога си сплотен, кога делуваш како уедначен тим, кога го оставаш срцето на теренот и кога сето тоа го правиш за Македонија, тогаш може да се победат и најмоќните тимови, без разлика колку пари се вложени во нив и без разлика од каде доаѓаат тие тимови (Германија, Франција и др. моќни држави.) Но, ваквиот пример ги плаши социјалдемократите, кои ако немаат грб (амбасади, невладини организации и т.н.) незнаат за успех. Стравуваат од обединување на македонскиот народ и симнување на нивната нелегално стекната власт. Едноставно лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговите соработници го немаат победничкиот дух со кој треба да го мотивираат народот за да се оди напред. Затоа, раководството на СДСМ го применува заплашувањето како алатка со која ќе владее. Прочуени се нивните изреки дека живи луѓе ќе јадат и дека ќе го рушат Скопје 2014. А веќе и почнаа да разгледуваат за да го срушат ѕидот околу владата. Сепак со тоа не се привлекува народот, со тоа не се доближува до оние кои не сакаш да ги видиш среќни, да ги видиш како се радуваат и на кои сакаш да им го одземеш името, идентитетот, јазикот, работата, домот, на оние на кои сакаш да им ја срушиш куќата која се вика Македонија. Се вели дека целта ги оправдува средствата. Но за да се управува со земјата тогаш не смее да се дозволи народот да не може да се радува на својите јунаци и да не ги дочекува да поминат под триумфалната порта. Не смее да дозволи да се сруши триумфалната порта, зошто владателот ќе стане омразена личност, а тогаш како што дошол на власт, така и ќе замине од победничкиот трон. Суверен владател на една земја е оној кој може да се соочи со било кој непријател. Меѓутоа, владетел кој неможе да се справи со надворешен и внатрешен непријател и се потпира само на помош од страна, неможе да владее суверено. Затоа Зоран Заев кој дозволи да дојде на власт со помош од странски амбасадори и албанските партии, кој е должник на Брисел, Вашингтон и Тирана, никогаш не ќе може да води политика која ќе го брани суверенитетот и независноста на земјата. Доаѓањето на власт со сила, непочитувањето на законите и владеењето со воспоставување страв во една земја (бркање од работа. бркање на инвеститори, рушење на изграденото, уништивањето на чуство дека си Македонец и т.н.) не носат успеси, туку гнев, кој кога доволно ќе се акумулира, без издувен вентил, ќе предизвика кога тогаш експлозија. Макевијализмот кој го применува западот за да владее со послабите земји, не може да помине во земјите кои од секогаш во различни облици ја применувале демократијата. Обидот на центрите на моќ и Соросовите невладини структури да инсталираат власт која со заплашување ќе ги штити нивните интереси на овој дел од Балканот неможат долго време да им носат успех. Македонија денес со Заев е протекторат, а демократијата е „умрена“. Во земјата се протежираат само Албанците, а другите се потиснуваат. Собранието е узурпирано и од собраниската говорница освен македонскиот се слуша и албанскот јазик. Со тоа социјалдемократите и нивните коалициони албански партии практично ја воведуваат двојазичноста во земјата, нарушувајќи го притоа Уставот, законот, процедурите. Со ваквото насилно однесување кое нема врска со демократијата се дискриминирани сите други заедници како Власите, Турците, Ромите, Бошњаците, Србите и др. На насилната и недемократски избрана власт која има за цел да го смени името и да ја албанизира земјата набрзо ќе им дојде крајот. Колку побрзо толку подобро, зошто последиците ќе бидат помали. Локалните избори ќе бидат вистински тест што народот почитува, што народот сака. Уште сега анкетите покажуваат дека народот не се откажува од унитарноста, од зачувување на идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ која егзистира од памтивек на овие простори. Единствено што е потребно само народот да се сплоти, како што беше сплотен во желбата да победи и по победата на Вардар. Само така, кога ќе ги видиме сврзани знамињата на македонскиот народ и останатите дискриминирани заедници во земјата, како што беше на победничкиот трон, каде ракометарите на Вардар своите национални знамиња ги сврза со македонското, тогаш ќе може да се сруши ненародната власт наметната од надвор.
|