Среда, 14 Јуни 2017   
Манастирот „Св. Петка“ – Цапари

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Манастирот „Св. Петка“ – Цапари е православен манастир на МПЦ – ОА, Преспанско пелагониска православна епархија. Се наоѓа во околината на историското село Цапари, скриен во источните поли на величествениот Пелистер Се смета дека е подигнат во XVI век, а денешната манастирска црква во XIX век.

Манастирот Св.Петка во село Цапари долго време бил подчинет на Охридската митрополија, додека административно припаѓал на Битолскиот округ. Се до 1724 година манастирот бил прилично запуштен, кога, бил обновен од страна на поп Дионисиј. Тој претставувал живеалиште на одредена монашка заедница и служел за задоволување не само на нејзините верски и духовни потреби, туку и на населението од поширокото подрачје.

За Ма­нас­ти­рот и црк­ва­та Све­та Пет­ка пос­то­јат мал­ку пи­ша­ни по­да­то­ци. Одредени из­во­ри ука­жу­ва­ат де­ка ма­нас­ти­рот е подиг­нат во XVI век, а пишаните извори говорат дека манастирот Св. Петка бил изграден во 1724 год, додека денешната манастирска црква била обновена во 1849 год. Манастирот е вообичаен манастирски комплекс, кој покрај црквата има и згради.

Манастирската црква е изграден од речен и клесан камен, со спојници од кал и фуги од варов малтер. Таа претставува трикорабна псевдо-базилика во комбинација со впишан крст. Нартексот на крајниот западен дел е одделен од наосот само со денивелација на подот и со ѕидан парапет и дрвена мушарабија над него. Црквата и отворениот трем имаат заеднички покрив на три води, со дрвена кровна конструкција и покривач од камени плочи од сив шкрилец кој традиционално се користел на овие простори. Подот во црквата и на дел од западниот отворен трем е од камени плочи. Камените влезови, западен и јужен, се лачно завршени и со правоаголна рамка, над која постои плитка лачна ниша со сликана декорација. На централниот сегмент на лакот, кај двата влеза, е исклесан крст, а лево и десно од него годината 1849.

Живописот од внатрешноста на црквата Св. Петка од с. Цапари е изработен кон средината на 19 век веднаш по изградбата на денешниот храм. Со своите уметнички вредности и поставената програма се совпаѓа со вообичаените сликарски текови од периодот во кој е насликан. Истражувањата не покажаа постоење на постар сликан слој под денешните претстави.

Во манастирот постојат два влеза: главниот, на јужната страна (под една од катните простории на јужниот конак) и економскиот, на северната страна.

Во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), Георги Трајчев во недостаток на податоци за манастирот Св. Петка во близина на битолското село Цапари ќе напише:  

„Тој манастир духовно е под ведомство на Охридската митрополија, а административно кон Битолската околија. Се наоѓа во околината на историското село Цапари, кое беше центар на револуционерните чети во време на хуриетот.

Манастирот е одалечен од селото половина час по северозападна насока скриен во источните  поли на величествениот Пелистер. Манастирот е скриен од погледот на посетителите, се додека не се стугне до него. Обновен е во 1849 година. Манастирот се управува од цапарската општина и е популарен само за околните села.

Околу црквата има неколку згради. Поседува; ниви за 20 кила семе, ливади за сто коли сено, шуна; овци 85, кози 13, говеда 13, коњи 2, свињи 2. Приход од 120 лири годишно.

По Коледе доаѓаат гости, канети особено од селската општина.

Во околината на манастирот се сретнуваат големи камени маса, остатоци од некогашните Пелистерски ледници.

Околината на тоа манастирче се освети и за време на Првата светска војна. Тука кај „Црвена стена“, се водеа на Битолскиот фронт најжестоките борби меѓу бугарската војска и англиско-француските армии.“

Ин­те­рес­ни се податоците за ма­нас­тирот ­ и­ за не­го­ва­та о­ко­лина. Една од нив ајдутката Кира. Најстар податок за жени - ајдути во Македонија е оној од 1636 година за Кира од село Цапари, Битолско. Била во дружината на Петре Дундар, заедно со својот брат Јоле.

Жителите на селото активно учествуваат во вооружената борба на Македонската револуционерна борба против турската власт. Заедно со жителите на Ѓавато и Смилево, Цапари е јадрото на Илинденското востание во Битолско и селото дава неколку стотици востаници. Над Цапари се водела последната битка во околијата. Во востанието, селото има 96 (од вкупно 126) убиени востаници, најмногу во цела Македонија. Селото настрада и за време на Балканските и Првата светска војна, кога тука се протегаше линијата на Македонскиот фронт.

Во 1995 година ма­нас­ти­рот бил за­фа­тен од по­жар, во кој из­го­ре­ле пок­ри­вот, ико­нос­та­сот, ико­ни­те и по­го­ле­ми­от дел од ин­вен­та­рот. Со по­мош на вер­ни­ци­те, се ре­конс­тру­и­рале пок­ри­вот и та­ва­нот и пос­та­вен бил нов ико­нос­тас, а Ми­нис­терс­тво­то за кул­ту­ра обезбедило средства за кон­зер­ва­ци­ја на жи­во­пи­сот.

Ма­нас­ти­рот сво­ја­та сла­ва ја праз­ну­ва ­на 8 ав­густ, кога ма­нас­ти­рот го по­се­ту­ва­ат го­лем број вер­ни­ци.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.