|
|
Од чекање ќе не удри чекан по глава |
Ова е најтажна и најглупа вистинска трагедија што се случува со Македонија и Македонскиот народ. Се работи за Мерцедесот и милијардите на Грујо и Сашо. Нели ја опљачкале Македонија до коска, па сега треба да излезе на виделина се. Што рекле старите Скопјани, од чекање ќе не удри чекан по глава. Па добро бре препаметни и светители небесни СДСМ-вци. Кој ве спречува да ја изнесете вистината? Мерцедесот беше на Грујо, нели? Барем едно кругче да завртеше околку Триумфалната капија, а исто така барем името негово да беше 1 минута како газда. Ништо од вашата вистина. Милијардите беа 5 или 6 што ги украдоа Грујо и Сашо, знаете вие се околку тоа. Па каде се? На грб, со чаршав или двајцата со тренерки на рамења ги пренесоа во некоја селска кооперација што ви мириса на банка? Жална Македонија. Овие болни ноторни лаги заедно со Мартин и Тамара се крај на светот за вистината и правдата. Се откажавте од земја, име, црква и крвта на предците. За што и за кого? За Албанија, Америка, ЕУ, НАТО, Масони, Илуминати? Да не заборавам. Заев може да има приватно Ауди преку 200 000 евра, а Македонија како држава не смее да има Мерцедес блиндиран од 600 000 евра? Дали треба на Југо со плинска боца да се пречекуваат државници? Милијарди беа опљачкани од Македонија само преку Хари, кога им дозволи на Америка и Клинтоновци да ја парчосат Владата, банките и инфраструктурата за преку 10 милијарди долари. Сега пак истото ќе го направат Бејли, ЦИА и Америка. До кога Македонија ќе трпи вака и дали ќе издржи? Народот се уште молчи, партијата што треба да реагира молчи поради нели се уште активната желба за ЕУ и НАТО, поради безобразлукот на Русија што нејќе да дава милјарди евра годишно и тоа само на Македонија ... Е МОЈ НАРОДЕ. ОСВЕСТЕТЕ СЕ ИЛИ 'ЌЕ БИДЕТЕ ВИНОВНИ ШТО БОЖЈАТА ЗЕМЈА ЈА ПРОДАДОВТЕ ЗА НЕКОЈ ГРОШ НА ЃАВОЛОТ АМЕРИКА И ИЛУМИНАТИТЕ, КАКО ЈУДА ШТО ГО ПРЕДАДЕ ИСУС. А ЌЕ ИМА И ВТОРО ПОЛУВРЕМЕ. ЕДЕН ДЕН И ТОА МНОГУ СКОРО, ЌЕ СУДИ И ПРЕСУДИ. Се’ за Македонија! Амин!
|