Среда, 14 Јуни 2017   
Никој нема право да го стави на коцка македонското име

svekrva-nova
Свекрва

НАТО и ЕУ му порачаа на Зоран Заев дека нема почеток на преговори и членство без решение за името. Првиот човек на Алијансата Столтенберг, еврокомесарите Хан и Могерини, како и Доналд Туск од Европскиот совет бараат заедничко прифатливо решение за спорот за името. Според нив, треба да се изнајде трајно решение, а не провизорно. Односно, бил потребен  компромис за секој да добие по нешто. Меѓутоа, никој од нив не се осврна на пресудата на Меѓународниот суд  на правдата во Хаг од 2011 година, со која Грција нема право да го спречи приемот на земјата под привремената референца ПРЈМ.

Со Грција тешко може да се постигне договор, бидејќи најголемиот дел од Грците не прифаќаат Македонија воопшто да го користи своето уставно име, дури и со додавка. 

Кога се работи за македонското прашање, врз презадолжената Грција не може да влијаат ниту притисоците со Меѓународниот монетарен фонд, кои во секој момент можат да ја откажат  следната транша од кредитот. Во нивната националистичка заслепеност, тие продолжуваат со својата дестабилизирачка улога на Балканот, без разлика дека утре мечката може да заигра и во нивниот двор.  

Неодамна шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас повтори дека нема отстапување од црвените линии на Грција, односно дека нема простор за надеж за членството на Република Македонија во НАТО се додека не се реши проблемот кој што Грција го има со нашето име.

Но, тоа не го поколеба Зоран Заев дека веднаш по преземањето на власта да се зафати  со решавањето на проблемот кој трае од осамостојувањето на Македонија. Верувајќи дека меѓународната заедница, која го донесе на власт, ќе му помогне во решавањето на спорот со Грција, тој побара поддршка од своите наредбодавци во Брисел. Но, оттаму доби студен туш.

НАТО и ЕУ му порачаа на Зоран Заев дека нема почеток на преговори и членство без решение за името. Тие побараа од него да се изнајде трајно решение, а не провизорно. Односно, компромис за секој да добие по нешто. Тоа значи промена на името и идентитетот на македонскиот народ и бришење од картата на Европа.

Македонија многу одамна ги исполни критериумите за отпочнување за преговорите за членство во ЕУ и НАТО. Меѓутоа, ветото на Грција ја спречи земјата да стане членка на НАТО уште во 2008 година во Букурешт, што се потврди со пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг од 2011 година дека Грција ја прекршила времената спогодба.

Игнорирањето на пресудата на Меѓународниот суд во Хаг и држењето на Македонија надвор од ЕУ и НАТО, ја доведе во прашање стабилноста на овој дел Балканскиот Полуостров. Се легализира насилството и се обновија старите аспирации на соседите кон македонската територија. Потребна е мала искра за повторно да се запали Балканското буре со барут! 

ЕУ и НАТО како да не се загрижени дека една нејзина членка ја загрозува безбедноста не само на регионот туку и пошироко Истите, кои го донесоа Заев на власт, сега за да ја смират состојбата, ја наплаќаат својата сметка. Од Заев сега се бара да ја свитка кичмата и да прифати било какво име. Тоа се гледа од пораката која тие му ја испраќаат преку свое гласило. Во неа стои дека владата на Заев е спремна да прифати промени на името. Но, да не се досетат другите набргу се менува пораката во која се вели дека „Македонија размислува да го користи привременото име за влез во НАТО“.

Очигледно е дека во сегашната власт постојат инструирани луѓе на кои им се брза и се спремни за промена на уставното име, само за да се влезе по секоја цена во НАТО и ЕУ, без притоа да се води сметка дали со промената на името македонскиот народ ќе го изгуби својот идентитет. Истовремено, за да се оправдаа пред народот, тие велат дека каков било договор за ново име ќе биде предмет на меѓупартиски договори и дека ќе биде ставен на референдум.

Меѓутоа, факт е дека никој нема право да го стави на коцка македонското име на било каков меѓупартиски договор или референдум на кој треба да се изјаснат граѓаните.

Македонското име  е природно наследно право кое е неотуѓиво, без разлика која и да е цената која е понудена тоа да се смени. Македонскиот народ низ вековите има платено превисока цена тоа да го зачува.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.