|
|
ВО МАКЕДОНИЈА БОГ ЌЕ ЈА ПОБЕДИ САТАНАТА! |
Пишува Тодор ПЕТРОВ Разговор заради договор за заемно прифатливо решение за името со Атина претставува најтешко кривично дело велепредавство, флагрантно кршење на Уставот и законите, Повелбата на Обединетите Нации и на меѓународното право, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува! Разговор за договор за промена на името на државата и идентитетот на нацијата не е демократија, слобода на мисла или изразување на уверување. Никој нема мандат да разговара за името! За жал, демократијата во Македонија се сведе на разговор за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! И не се избираат средства да се оствари таа цел. Орди на зомби го сатанизираат секој кој е за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, а лицемерно зборуваат за слободи и права. Полни се со негативна енергија, но осамени во сопствената септичка јама во којашто самите се дават, таму и ќе останат. Во тоа е судирот меѓу доброто и злото во Македонија. Но, и покрај се' и после се', во Македонија ќе победи љубовта над омразата, ќе ја победи Бог Сатаната! Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Амин! |