|
|
Заеви катастрофални потези |
Во 25 години плурална Македонија се нема случено Премиер на државата да биде избран на нелегален начин. Тоа се случи на последниот ден од месец мај кога пратеникот Талат Џафери кој беше избран незаконски и спротивно на деловникот за работа на собранието истиот незаконски и против Уставно ја водеше пленарната седница за избор на нова Извршна власт во Република Македонија. Со тенко мнозинство од само 62 пратеника за Премиер на Владата на Република Македонија беше избран аболицираниот лидер на СДСМ, Зоран Заев ,алијас Бошко Бу:ха. Во оваа прилика само да се потсетиме дека лицето 3.3.на 2 пати е аболициран. Во првиот случај за струмички Глобал за проневера на 8 милиони евра аболициран од тогашниот Претседател на Република Македонија, а сега актуелен пензионер и воедно негов партиски другар Бранко Црвенковски. Втората негова аболиција беше иницирана од Катица Јанева поточно од СЈО за случајот Пуч каде лицето 3.3. објави во јавноста снимени телефонски разговори или т.н бомби за лица од иззвршната, законодавната и локалната власт во Републи ка Македонија. За 3-от криминален случај под полициското кодно име ”Лоткуп“ каде визуелно се гледа како лицето З.З. бара поткуп од струмички бизнисмен во во висина од 200.000 евра за легализација на државно земјиште. Лицето 3.3. дури 11 пати не се појазува на судските рочишта секогаш со изговор дека има средби со дипломатски претставници акредитирани во нашата земја. Но, иако како најголем криминалец лицето 3.3.од 1 јуни официјално е Премиер на Владата на Република Македонија. Прв чекор кој го направи новата извршна власт беше укинувањето на екстерното тестирање и постапка за укинување на програмата Кембриџ за средни те училишта. Вториот чекор беше барање за оставка на Јавниот обвинител на Република Македонија, Г~динот Марко Зврлевски. Во оваа прилика само да потсетиме дека оставка за несовесно работење на Јавкиот обвинител донесува одлука Советот на Јавните обвинители. Следен потез на лицето 3.3.е разрешување на судиите и следствено на тоа целосна реформа во судскиот систем. Во оваа прилика само да потсетиме дека во сега далечната 1996 година матичната партија на лицето 3.3.за еден ден номинира ни помалку ни повеќе него 657 судии. Дали и во овој случај лицето 3.3. ќе постави судии по негов терк само да избегне да се појави за неговите криминални дела пред лицето на правдата? Бомбастична надјава на лицето 3.3. и неговите истомисленици за време на изборната ќампања беше укинувањето на Радиодифузната такса. Но, лицето З.З.кога седна на премкерското столче ретерира по ова прашање и истото го најави од 1 јануари 2018 година.Само да потсетиме дека ЕУ во 2009 година бараше да се воведе РДТ со цел Јавниот Радиодифузен сервис слободно без партиски притисок да извршува својата работа. Ако РДТ се финансира од Буџетот на Република Македонија следствено на тоа Јавниот Радиодифузен систем ќе биде орган на извршната власт. Следен чекор на лицето 3.3.е влез на нашата земја во НАТО под привремената референца. Но, многу жално, Министерот за надворешни работи на Репубга ка Грција Никос Коѕијас нагласи дека нашата земја може да биде примена во Нато и ЕУ само со промена на нашето Уставно име. 3.3.е во ќор-сокак. Првите потези му се катастрофални останува да ги видиме неговите следни потези кога Ахмети и особено Села ќе побараат официјализирање на албанскиот јазик како втор службен јазик во Република Македонија, и со тоа, постепена кантонизација и федерализација на Република Македонија. Во таков случај зајачихата кожа ќе биде многу тенка за да одолее на барањата на албанскиот политички кампус. Дипл.Екк.Рубинчо В.Јованоски од Прилеп
|