|
|
На македонскиот народ му престои пеколно лето |
ВМРО ДПМНЕ набрзо ќе се врати на политичката сцена многу помоќна и посилна Велат дека било невкусно да се критикува новата влада пред да поминат три месеци од нејзиното устоличување. Меѓутоа, како да се преќути и премине преку тоа што уште од самиот старт наместо да продолжи со добрите политики на претходната, СДСМ продолжува со антиреформски зафати: негирање на сите позитивни политики на претходната власт; контрола на медиуми и судство; наместо департизација на администрацијата, внесување на свои партиски кадри; влевање страв на непослушните, покажување на рушилачки нагони и т.н. Ваквиот начин на практикување на власта, укажува дека на македонскиот народ му престои пеколно лето, од чии темни облаци нема да се види ни “Д“ од демократија. Во овој момент нема ниту забор за исполнување на ветувањата кон албанските гласачи, со чија помош, СДСМ беше донесена на власт. Но, иако оваа партија е позната по лажните ветувања, тоа не значи дека нема да го исполни ветувањето кон албанските гласачи. Секако по наредба на странските налогодавачи СДСМ тоа ќе го спроведе, но откако ќе го припреми теренот за промена на името на државата. Бидејќи единствена пречка за промена на името се ВМРО ДПМНЕ и македонскиот народ, новата влада предводена од Социјалдемократите веднаш се нафрли на судството и медиумите. Само со контрола врз судот и медиумите, како и воведување на стравовладеење, владата на Зоран Заев непречено ќе може да ја исполни целта за која беше донесена од центрите на моќ. Притисоците и заканите, насекаде се чуствуваат. Како што најавуваше пред да дојде на власт Зоран Заев започна да „јаде живи луѓе“ и да менува од чистачка до директор. Наместо департизација и деполитизација, во државната администрација се случува спротивното. Во контекст на дисциплинирање на јавната администрација, наместо ветените 500 евра плата, сега се говори за превработеност и за потребата од нејзино редуцирање. СДСМ презема мерка за суптилна контрола на студентите, кои како прогресивен елемент утре може да им застане на патот. Многу бенефиции на студентите набргу ќе бидат доведени во прашање. Така оваа година ќе нема бруцоши на дисперзираните студии на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Покрај тоа и одредени дисперзирани студии на другите Универзитети се редуцирани. Потоа на удар ќе дојдат и пензионерите. Не е чудо, ако не дојде предлог од СДСМ повторно, како во минатото, да им бидат пензиите намалени. И така натака. СДСМ знае да раководи само со неук, сиромашен и уплашен народ. Само со таков народ кој може да меси како тесто Заев ќе може да ги спроведе дадените задачи кои се спротивни на интересите на македонскиот народ и држава. Сепак, најголемата пречка која и стои на патот за промена на името, тоа е најголемата опозициона партија ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот лидер Никола Груевски. Затоа денес, наместо да се занимава до државата, како да се донесат нови инвестиции и вработувања, како навистина да оди напред, СДСМ се занимава како да го растури ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните денес се сведоци на укинување, уривање и блокади на се што како проект го има направено или започнато ВМРО ДПМНЕ. Веќе се прекинати започнати проекти и многу вработени си одат дома. Наместо реформи за подобра иднина на населението, се спроведуваат антиреформи. Се уриваат патиштата и мостовите кои требаа да го однесат македонскиот народ во подобра иднина. Меѓународната заедница која го донесе Зоран Заев на власт сето ова го гледа и молчи, што значи го одобрува. Ниту збор нема за притисоците кои СДСМ ги врши во судството, медиумите, администрацијата, студентите. Молк, тишина и двојни стандарди од Брисел и Вашингтон. Сето тоа, само уште еднаш ја потврдува нивната вмешаност и целта која нивниот пулен Зоран Заев треба да ја исполни. ЕУ, НАТО и Атина децидно ни кажаа дека нема членство без промена името. Денес ни се пласира името Вардарска Македонија. На тоа се надополнуваат и партнерите на СДСМ, ветераните на УЧК, кои бараат од меѓународниот фактор Европската Унија и САД, да се ангажираат во решавање на прашањето за името на Македонија и да се има во предвид ниваната варијанта „Илиро Македонија на Вардар“. Но, сите знаат дек тоа нема да им помине кај ВМРО ДПМНЕ. Тие знаат дека партијата не седи со скрстени раце и дека сега е во фаза на внатрешно реструктуирање. ВМРО ДПМНЕ денес ги прави последните подготовки за новиот начин на дејствување. Во тек е внатрешна обнова и подготовка за повторно враќање на власт на најмоќната, најголемата и најуспешната политичка сила во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. ВМРО ДПМНЕ тоа го може и набрзо ќе се врати на политичката сцена многу помоќна и посилна. Затоа денес треба да се внимава и никој да не си поигрува со македонскиот народ и неговата држава. |