|
|
Заев со својот политички аматеризам наместо да ја релаксира состојбата го потпалува балканското буре барут |
Меѓународната заедница се надева дека со донесувањето на Зоран Заев на власт во Македонија ќе успее да ги надмине клучните препреки за влез на земјата во евроатланските интеграции и остранувањето на се поголемото влијание на Русија на Балканот. Меѓутоа, неискусниот политичар така ги замеша картите што ги зголеми аспирациите на националистите во Грција, Бугарија, Србија, Албанија и Косово кон делови од Македонија. Ако се има во предвид дека подолго време поранешни американски и британски агенти говорат за промена на границите на Балканот, вклучувајќи ги и границите на земјата, Заев со својот политички аматеризам наместо да ја релаксира состојбата го потпалува балканското буре барут. Во 1913 година во Букурешт, веднаш по Втората балканска војна, територијата на Македонија беше поделена меѓу четири земји, Србија, Бугарија, Грција и Албанија. Македонскиот народ успеа само на делот под српско владеење да се ослободи и да формира своја држава. Денес, истите овие земји, повеќе или помалку, покажуваат скриени аспирации кон територијата на земјата. За таа цел едните не го признаваат името, другите народот, трети црквата, а четвртите дека тоа е нивна земја која славофоните ја окупирале. Најголемата пречка за опстанокот на македонската држава е Грција, која го оспорува името на земјата и идентитетот на македонскиот народ. По распадот на Југославија и осамостојувањето на Македонија, името на нашата земја за Грците стана „прашање над сите други прашања“. Од тогаш до денес јужниот сосед постојано ја блокира земјата во евроатланските интеграции. Грција смета дека името на македонската држава сугерира територијални претензии према Егејскиот дел на Македонија. Но никој не се запрашува дали нејзиното непризнавање на името и блокадите за влез на Македонија во НАТО и ЕУ незначат токму спротивното, односно дека Грција има тероторијални амбиции кон Република Македонија. Исто е за позициите на останатите држави. Бугарија ја признава македонската државата, но не го признава народот и јазикот за кој смета дека е бугарски и зборува на бугарски дијалект. Србија официјално ја признава државата, името и народот, но Српската Православна Црква ја оспорува МПЦ – ОА. А Албаниците кои се дојдени на овие простори, се сметаат за домицилен народ и сметаат дека тоа е нивна територија окупирана од македонскиот народ. Ако пет држави му го оспоруваат на мирољубивиот македонски народ правото на името, идентитетот и земјата, тогаш на меѓународниот фактор најлесно му е да врши притисок врз македонскиот народ, наместо да ги скроти соседите кои со Букурешкиот договор добиле повеќе отколку што заслужуваат. Меѓутоа, уплашени од се поголемото присуство на Русија, Вашингтон и Брисел кои немаат решение за Балканот, брзаат да го решат проблемот со името, за да го затворат македонското прашање на штета на македонскиот народ. За таа цел на чело на државата го доведоа лидерот на СДСМ Зоран Заев кој како премиер на мирен начин треба да им испорача промена на име. Но, изјавите на Заев дека неможе Македонците да се само во право, а сите соседи се криви, потоа ветувања на Албанците за воведување на двојазичност што води до федерализација на земјата, како и за ревизија на историјата направија вистински смут во балканските држави. Додека во Албанија социјалистичкиот премиер Еди Рама ги поттикна албанските политичари во Македонија да постават се повеќе барања за малцински права, во Бугарија историчарите триумфираат, дотогаш поддржувачите на Златна Зора од Солун, со грчки, српски и пронацистички знамиња порачуваат дека Грција има ексклузивно право врз името Македонија. Србија која е зафатена со проблемите на Србите во Република Босна и на Косово, во Македонија пак гледа како на монета за поткусурување. Ако се има во предвид дека подолго време поранешни американски и британски агенти говорат за промена на границите на Балканот, вклучувајќи ги и границите на земјата, Заев со својот политички аматеризам наместо да ја релаксира состојбата всушност го потпалува балканското буре барут. И покрај ваквото опкружување, никој не му може ништо на Македонецот, ако самиот не си направи зло, односно ако самиот не се откаже од своето име, идентитет и од својата територија. Имено на сите им е јасно дека секој обид за агресија на Македонија би наишол на спротивставување на било кој друг сосед аспирант за територијата на земјата и би било причина да се запали не само Балканот, туку и пошироко. Обидот да се пишува нова историја на македонскиот народ не е првпат. Низ вековите постојано се пишувале истории во кои победниците ја прескокнуваат вистината за Македонците.Но, колку и да се крие вистината никогаш не може да се избрише геноцидот извршен врз македонскиот народ, како што неможе да се избрише геноцидот извршен од фашистите врз еврејскиот народ за време на Втората светска војна. Како и да е овој период во историјата ќе биде забележан како уште еден обид на надворешните сили и петтоколонашите да извршат геноцид врз македонскиот народ. Меѓутоа, како и многупати досега тоа ќе биде уште еден науспешен обид, бидејќи македонскиот народ е запишан во Библијата, а таков народ е неуништив.
|