|
|
Стопанството високо котира во Градот под Марковите кули |
Во последно време во Градот под Марковите кули стопанството оди во нагорна линија а следствено на тоа од ден на ден се намалува невработеноста кај прилепчани. Благодарение на ревносниот Градокачалник Марјан Ристески кој го одработува својот трет едно по друго градоначалнички мандат Јавните комунални претпритатила кои се под капата на Локалната самоуправа постигнуваат солидни резултати. ЈКПВиКизвршува градежни зафати во рехабилитација и замена на атмосферската и канализационата мрежа. Претприатието има нов возен парк, радиско чирање на водомерите, а вработените се сместени во нова Управна зграда каде се наоѓаат сите служби на фирмата. Со средства на министерството за животна средина и просторно планирање и ИПА фондови се гради нова современа Пречистителна станица. ЈКП Комуналец иако, е во незавидно финансиска состојба изгради нов современ Царински Термпнал, исто така, во функција ја пушти и Градската капела. Со надчовечки напори менаџерскиот тим на ЈКП Комуналец го возобнови возниот парк за подигнување на сметот и полевање на вода на централните улици во градот. Во фаза на изградба е фабрика за рециклиран отпад. ЈКП ”Пазари" изврши целосно покривање на далеку прочуениот Градски пазар, а на местото на некогашниот млечен пазар за брзо време ќе се изгради нов деловен објект. ЈП ПУП ги асфалтира сите улици и се грижи за хортикултурното и партерното уредување во секоја Урбана заедница во градот. По долги години чекање се воведе Јавен Градски превоз а во летните месеци е атрактивен возот кој најмногу го сакаат најмладата прилепска популација. Во овој временски период од годината основна егзистенција за живот на обичниот прилепчанец е обработката и сортирањето на тутунот т.н. жолто злато. Со влегувањето на реномираниот тутунски бренд од светски рамки Филип Морис во прилепсккот Тутунски Комбинат почна истиот да работи рентабидно, од една и да стекне доверба и реноме кај своите кооперанти од друга страна. Главниот двигател на позитивната прилепска економија се фирмите од калибарот на Витаминка и Прилепската пиварница. Првата со своите производи високо котира на домашниот пазар и освојува и пазари на меѓународен план каде рамо до рамо се носи со странските брендови од нејзината бранша. Во овие летни горештини прилепската пиварница со своите добро познати производи како безалкохолни и алконолни пијалоци успешно се носи со конкуренцпијата. Со влезот на свеж капитал на прилепскиот бизнисмен Ѓорѓија Џорџ Атанасоски Жито Прилеп застана на здрави нозе. Со влез на Грчки капитал на далеку прочуениот и признат по квалитет и обработка прилепски мермер значајно придонесува во привлекување на свежи финансиски средства кои наменски се користат во Градот под Марковите кули. Во преработувачката индустрија на месо и месни производи високо котира на домашниот и странсккот пазар ПП Марфил, додека за дегустација на кафето води грижа реномнраната фирма Елите кафе. Од текстилната индустрија високо котира грчката компанија Васидора, Комфи Ангел, ПП Кули, Најс текстил и други помали компании кои го задржуваат приматот од минатото кога во Прилеп опстојуваа голем број на текстилни фабрики. Од печатарската индустрија високо котира Печатницата 11 Октомври и Печатницата со приватен капитал Печатница Аце Тони. Добро опстојуваат и компаниите Леов Компани и дел од некогашниот гигант Микрон. Еден од загубарите кој е под капата на државата Еурокомпозит успешно котира на домашниот и странскиот пазар. Солидни резултати во своето работење постигнуваат и фирмите Сугурносно стакло, Донија, Трио и Футура. Од дрвната индустрија солиден асортиман и квалитет има компанијата Де-Ни Мебел. Во оваа бранша добро котираат Анита и Венеција. Во Прилен добро функционираат хотелските комплекси: Кркстал Палас, Македонско Сонце, Дион, Салида, Бреза и Атлас. Во ТИРЗ во близина на Алинци работи американската компанија Гентерм која се занимава со производство на автомобилски делови. Сите 17 локации се откупени во Индустриската зона Прилеп 1 и за брзо време се очекува издигнување на нови делобни објекти и следствено на тоа нови работни места. Исто така се оспособуваат и Индустриските зони Прилеп 1 и Прилеп 2 . На прилепскиот пазар солидно котира и фабриката за сточна храна Ангроинвест. На крајот со еден збор кажано прилепското стопанство оди од ден на ден во нагорна линија.
|