Среда, 05 Јули 2017   
МАКЕДОНИЈА НЕ Е САМО ИМЕ НА ЕДНА ДРЖАВА, МАКЕДОНИЈА Е ИМЕ НА ЕДЕН ДРЕВЕН НАРОД МАКЕДОНСКИ!

todor-petrov-3

Тодор Петров

Метју Нимиц, дојде и вели: Не разговараме за идентитетот на нацијата, туку за името на државата! И во тоа е замката! Заборава да додаде, дека името на нацијата е нераскинливо поврзано со името на државата и обратно, името на националноста по автоматизам произлегува од името на државата!

Промената на името на државата значи трајна промена на името на нацијата! Затоа, во пакетот на решенија од досегашните разговори, секогаш, со името на државата, Метју Нимиц нудеше решенија и за името на нацијата - народот и јазикот.

Нам не ни треба признание од Обединетите Нации за името на македонскиот народ и за името на македонскиот јазик! Обединетите Нации за тоа не дебатираат! Обединетите Нации тоа само го констатираат по декларација на државата членка во оваа меѓународна и меѓувладина организација!

Едно време беше, веројатно се’ уште е во игра, латиничната транскрипција на македонскиот јазик од името на државата, коешто се претставува како композитно или сложено име, составено од два и повеќе збора - Republika Makedonija. Оваа композиција, на англиски јазик и неговото латинично писмо, не се чита исто како Република Македонија на македонски јазик и неговото кирилско писмо. Во тоа е психолошката опсервација, визуелно, барем за око, Македонците да мислат дека не е ништо, а вусшност се’ е сменето!

Но, да бидат работите појасни: Името на нашата држава не се состои од два и повеќе збора, туку од еден единствен збор - зборот Македонија! И за дома и за целиот свет, и за внатрешна и за надворешна односно меѓународна употреба! Република е уставна додавка на државното име Македонија којашто го означува само уставното уредување! Зборот Република не е дел од државното име Македонија!

Македонија за Македонците не е само географија... Македонија за Македонците истовремено е етнологија, Македонија е филозофија, Македонија е идеологија, Македонија е историја, Македонија е култура, Македонија е јазик, Македонија е живот и опстанок на Македонската нација!

Во обидот за демонтажа на името на државата и идентитетот на нацијата, во обидот за денационализација, во обидот Македонија да се перцепира како чиста географија, како добра основа да ни се прилепи новото име “Северна Македонија“ или “Горна Македонија“, најчесто се користи примерот со Кореа, па се додава: постои Северна Кореа, но и Јужна Кореа, и на Северот и на Југот, Коренаците останале Кореанци. Демек, независно од географската одредница, вие и натаму ќе останете само Македонци? Ама, дали?

Нас, не обвинуваат за иредентизам, ама истовремено не’ ловат психолошки, па не бодрат дека географската одредница Северна или Горна, значи дека има и Јужна и Долна Македонија, како што има Северна и Јужна Кореа... Секако, не е така! А, еве и зошто!

Корејскиот полустров бил населен до стариот (долниот) палеолит, но корејската историја започнува од 2333. година пред нашата ера со обединувањето на три кралства на Кореја во една нација која постои се’ до крајот на Корејската Империја во 1910 година, кога Кореја била под окупација на Јапонија односно нејзина колонија се’ до 1945 година. По ослободувањето од Јапонија, при крајот на Втората светска војна, под влијанието на САД, во јужниот дел на Кореа, на 15 август 1948 година се одржуваат избори и се формира Република Кореа. А, под влијание на Русија, во северниот дел на Кореа, на 25 август 1948 година се одржуваат избори и са формира Демократска Народна Република Кореа. По инвазијата врз Јужна Кореа од страна на силите од Северот, на 25 јуни 1950 година, војната меѓу двете Кореи заврши со Договор за примирје.

Но, и после се’ и покрај се’, НЕ постои држава Северна Кореа, НЕ постои држава Јужна Кореа! Името и на двете држави е Кореа, само Кореа и ништо друго освен Кореа! Службеното име на Северна Кореа е Демократска Народна Република Кореа (Тhe Democratic People's Republic of Korea), а службеното име на Јужна Кореја е Република Кореа (Тhe Republic of Korea). Демократска Народна Република Кореа, со главен град на Пјонгјанг и службен јазик - корејскиот јазик, има 24 милиони жители. А, Република Кореа, со главен град Сеул и служебн јазик - корејскиот јазик, има 50 милиони жители.

Името на Демократска Народна Република Кореа и името на Република Кореа се состои само од еден единствен збор - зборот Кореа! Затоа и во Демократска Народна Република Кореја и во Република Кореја живеат Кореанци, затоа и во Демократска Народна Република Кореа и во Република Кореа службен јазик е корејскиот.

Во англискиот јазик има едно граматичко правило, независно од уставните додавки, секогаш пред името на државата се става предлогот OF, а според правилото името на националноста по автоматизам произлегува од името на државата, лесно се дефинира и името на народот! Затоа, сосема нормално дека во Тhe Democratic People's Republic OF Korea и во Тhe Republic OF Korea живеат Кореанци, само Кореанци и ништо друго освен Кореанци, затоа што името и на едната и над ругата држава е Кореа! Во Соединетите Американски Држави живеат Американци, бидејќи името на државата е Америка (United States OF America). Во Република Франција живеат Французи, бидејќи името на државата е Франција (Republic OF France). Во Република Италија живеат Италијанци, бидејќи името на државата е Италија (Republic OF Italy) итн... Без она OF пред името на државата им, во светот ќе нема ни Американци, ни Французи, ни Италијанци...

Во случајот со Македонија, доколку обидот е да ни ја прилепат географската одредница “Северна“ како додавка, треба да знаеме дека не постои држава Јужна Македонија! Јужна Македонија, односно јужниот дел на Македонија од Гевгелија до Солун, е окупираниот дел од Македонија под Грција, како провинција, од скоро поделена на три региона: Западна Македонија, Средна Македонија и Источна Македонија. Во Грција нема регион Јужна Македонија! Затоа, фиктивен психолошки ефект или илузија за масите е убедувањето, дека кога би го смениле името со географска одредница “Северна“ или “Горна“ Македонија, барем ќе се знаело дека има и “Јужна“ или “Долна“ Македонија со која еден ден ќе се обединиме... Тоа се приказни за мали деца, во кои ни децата не веруваат!

Во намерата со географската одредница на името да се демонтира идентитетот на нацијата, се предлага композитно или сложено име. Имено, со композицијата Northern Macedonia се брише името на државата Македонија, затоа што во Северна Македонија ќе живеат Северномакедонци, а не Македонци! Нема композиција во којашто името на државата е одвоено како Northern Republic OF Macedonia односно Северна Република Македонија! Се разбира, невозможна е кованица Northern OF Macedonia, затоа што Северна не е уставно уредување туку име - географска одредница. Такво именување на англиски, со OF пред името, Атина не посакува, затоа што во таков случај, според англиската граматика ќе останат Македонците! Во секоја друга композиција на име, без предлогот OF пред името на државата Македонија, Македонците исчезнуваат! Истото е и со композицијата Upper Macedonia. Имено со композицијата Upper Macedonia се брише името на државата Македонија, затоа што во Горна Македонија ќе живеат Горномакедонци, а не Македонци! Нема композиција во којашто името на државата е одвоено како Upper Republic of Macedonia односно Горна Република Македонија! Се разбира, невозможна е кованица Upper OF Macedonia, затоа што Горна не е уставно уредување туку име - географска одредница. Такво именување на англиски, со OF пред името, Атина не посакува, затоа што во таков случај, според англиската граматика ќе останат Македонците! Во секоја друга композиција на име, без предлогот OF пред името на државата Македонија, Македонците исчезнуваат!

И не е случајна, туку координирана е целата софиска реторика со македонската платеничка какофонија за заедничка македонско-бугарска прослава на Илинден, како потврда дека денешните Македонци се Бугари, за Македонци да останат само Грците! Инструмент им е марионетата Зоран Заев од СДСМ, ги има и во ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, Стојан Андов и други врховисти, за таа проекција да ја остварат!

Затоа, Македонците во светот бараат претседателот на Републиката, веднаш и безусловно, да упати нота до Генералниот секретар дека за Македонија разговорите за разликата за името на државата со Владата во Атина се завршени, како и да предложи Резолуција до Генералното собрание за продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка Република, како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик (Republic OF Macedonia), со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки - окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година што се’ уште траат.

Затоа, Македонците во татковината и во светот отфрлаат пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО Алијансата поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија, и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија.

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Македонија, само Македонија и ништо друго освен Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Македонија erga omnes! Сите Македонци еден за друг! Амин!

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.