Среда, 05 Јули 2017   
Бошавскиот манастир „Св Арангел Михаил“

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Тој е изграден на висок рид во околината на селата Страгово, Бошава, Конопиште и е доста зачуван. Манастирот се спомнува во XVIII век (Л. Стојановиќ, ibid), но од ликовите на светците, останале необновени само над царскиот престол во олтарот, се гледа дека тој е од постаро време, пред доаѓањето на Турците.“ – пишува  Георги Трајчев за Бошавскиот манастир во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.).

Бошавскиот манастир „Св Архангел Михаил“ е православен манастир на Повардарската епархија на МПЦ-ОА. Манастирот се наоѓа над реката Бошавица, меѓу селата Долна Бошава и Крнево, во јужниот дел на Македонија.

Во непосредна близина на селото Долна Бошава е сместена манастирската црква посветена на Св. Архангел Михаил. Манастирот и манастирските конаци биле подигнати во 1839 година, а црквата била живописана  во 1880 година.

Манастирската црква е трикорабна базилика со два реда колони кои ги разделуваат трите кораби. Во горниот дел на јужниот и северниот ѕид се наоѓаат прозорци кои ја осветлуваат црквата. Сводовите се покриени со дрвени таваници, на кои страните се пониски од средниот кораб. Црквата има влез и од запад, како и отворен трем откај западната и мал трем од северната страна.

Живописот на црквата е од 1880 година за коj има натпис над северниот влез од внатрешната страна. Во натписот од 4 јули 1880 година пишува дека црквата е живописана од страна на зографите браќата Коста, Никола и Вангел со синот Наки од Крушево.

Георги Трајчев во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.) за Бошавскиот манастир „Св Арангел Михаил“ ќе напише:

„Бошавскиот манастир св. Архангел Гаврил е 4 ½ часа одалечен од Кавадарци. До 1896 година манастирот беше во рацете на селскиот чорбаџија, кој со силата на селскиот бег располагаше со манастирскиот имот.

Тој е изграден на висок рид во околината на селата Страгово, Бошава, Конопиште и е доста зачуван. Манастирот се спомнува во XVIII век (Л. Стојановиќ, ibid), но од ликовите на светците, останале необновени само над царскиот престол во олтарот, се гледа дека тој е од постаро време, пред доаѓањето на Турците.

На прагот на западната страна на коработ на храмот стои плоча со натпис на грчки без особено значење (Јеромонах Јосиф, Археологическа историја, Минало). Надписот над северната врата од внатрешната страна:  „Сеі храмъ стыи Архаггелъ Міхаиль. во врем(е) на она. г. г. Агаѳаггел Марко иереа. Кімо егуменъ престателъ себепъ. се стори за манастирот. што се зуграфіса за душевно. споменъ. Кресте. магеръ. Нікола даскалотъ. Ѧно момукотъ ик рукі бракѧ. Коста Никола. Вагглъ со синъ его. Наки. ѿ славно Крушово. во лето 1880. месецъ іулиа. 4.

... Кај сликата на страшниот суд: „Пророкот Мојсеј му вели на евреите. Вие архереи и евреи ви реков да верувате во Христа а вие го мачевте и го распавте на крст.“

На северната страна, во првата зона од запад кон исток се зографисани: Светиот пророк Исаија, Света Параскева, Свети Харалампиј, Свети цар Константин и царица Елена. Во втората зона се наоѓа композиција од Стариотѕ завет „Жртва Аврамова, а потоа фигирите на Свети Прокопиј и Свети Пантелејмон. На јужната страна во првата зона од исток на запад во цел раст се Свети Антониј, Свети Ефтимиј, Свети Сава, Свети Зосим и Марија Египјанка, Свети Козма и Дамјан. Следува една сцена за праведниот и грешниот човек и на крај Свети Онуфрија. Во втората зона се Свети Меркуриј, Света Мина, Свети пророк Илија, Ангелскиот собор и Свети Трифун. На запдниот ѕид е насликано Второто пришествие Христово („Страшниот суд“), крај кој има долг текст. 

Манастирот „Св Архангел Михаил“ или познат како Бошавскиот манастир бил подигнат за потребите на селата Горна и Долна Бошава, Конопиште, Крњево, Страгово, Чемерско и др. села во Бошавијата. Од постоечките документи и како што пишува Трајчев може да се види дека манастирската црква била изградена неколку века пред датумот што го има во натписот на амвонот над северната врата на црквата.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.