|
|
Доста се платформи и договори |
Македонија во денешниве гео - полнтички услови во вистинска смисла на зборот е ”буре на барутот на балканскиот полуостров“. Нашите 5 соседи (Србија, Албанија, Косово, Грција и Бугарија), имаат свои полптички агенди кон македонскиот етникум со единствена цел да, ја разнебитат младата држава на Балканскиот полуостров. Главен поттикнувач на аспирациите кон нас од страна на првите соседи е лицето З.З. кој иако, загуби на неодамна одржаните вонредни парламентарни избори со помош на Меѓународниот фактор (ЕУ и НАТО) и дипломатскиот естаблишмент во нашата земја во буквална смисла на зборот на сила "како играчка на батерии), која ќе ги слуша и спроведува дадените задачи од гореспоменатите институции на сила беше седнат на премиерската фотеља. Да одиме по ред: По одржаните вонредни парламентарни избори албанскиот политички кампус од нашата земја поддржан од Албанскиот премиер Еди Рама во Тирана, Република Албанија ја составија т.н."тиранска платгаорма) која се употреби при разговорите за составување на нова Извршна власт во Република Македонија. Од различни политички кулоари за брзо време се дознаа некои детали, контури кои ќе ги застапува албанскиот политички блок, а тоа се: да се официјализира албанскиот јазик како втор официјален дазик во Република Македонија. Потоа да за тоа, е неодамнешната изјава на албанскиот политичар Зијадин Села од политичката партија Алијансата за албанците каде ултимативно побара во првите 100 дена од новата Извршна власт на дневен ред во Законодавниот дом да се постави прашањето за официјализирање на албанскиот јазик како втор службен Јазик во Република Македонија. Ако не се исполни тоа барање Села најавува излез од новата т.н. реформска Влада. Некои политички аналитичари нагласуваат дека овој потег на Села е негов политички трик за да добие на публицитет неговата партија за наредните локални избори. Но, и тоа, да е така очевидно се гледа дека албанскиот политички кампус постепено ја отвора “Пандорината кутија“ наречена албанска платформа. Во истата понатаму се бара промена на химна, на симболите на знамето и грбот, промена на банкноти каде покрај македонскиот Јазик да биде застапен и албанскиот лазик. Промена на униформите и амблемите кои ги носат полицијата и војската и други сет на прашања кои во денешни услови не можат да се остварат. На Косово на чело со Рамуш Харадинај се регрутираат борци кои ќе имаат за задача да замириса барутот на оружјето. Македонија тоа еднаш го почувствува и тоа во сега далечната 2001 година кога и беше загрозен територијалниот интегритет и суверенитет од т.н. воена формација ОНА. Резултат на тоа беше загуба на човечки недолжни животи на безбедносните сили и резервниот состав на Република Македонија. Во гашната Извршна власт на чело со Љупчо Георгиевски беше притисната да се направи т.н. "Охридски рамковен договор“,со цел да му се дадат поголеми права на албанскиот етникум во иашата земја. Но, се чини дека во денешните македонски гео-политички услови зголемени му се прилично многу надлежностите на албанскиот политички кампус во нашата земја во рамките на “0хридскиот рамковен договор“. Соседна Грција се уште не го признава уставното име на нашата земја и следствено на тоа Македонија тапка во место и не може да се прими во 2~те влијателни меѓународни организации (Е7 и НАТО). Нашиот нов Министер за надворешни работи Никола Димитров пред неговата прва официјачна посета на Атина беше голем оптимист во поглед на решавањето на горливото дводецениско прашање помеѓу двете земји за решавање и воедно признавање на Уставното име на Република Македонија. Но, неговиот колега Никос Коѕијас беше дециден, а тоа е: првин промена на името, а дури потоа може да се дискутира за други теми. Грција не ја признава ниту пресудата од Меѓународниот суд на правдата од Хаг каде му се наложува на нашиот Јужен сосед да биде по либерален и да ги признае Меѓународните права на однесдвање во поглед на Република Македонија. Соседот Србија како православен народ џокер картата во поглед на Република Македонија ја насочува со голема поддршка на интересите на Република Грција. Србија, исто така, не ја признава автокефалноста на МПЦ-ОА. Српскиот дипломат Ивпца Дачиќ неодамна во електронските и печатените медиуми без тронка на совест и грижа на одговорност нагласува дека сега жали оти неговата земја ја признала Македонија пред неколку години под нејзиното уставно име. На крајот од ова комшиско патешествие е неодамнешната посета на лицето Зоран 3аев, алијас Бошко Буха во Република Бугарија. Имено, лицето 3.3. во Софија со неговиот колега контроверзната личност Бојко Борисов постигнаа некој договор со добро соседско однесување и покана на лицето 3.3. до Бојко Борисов заедно да се чевствува 2-ри август-Илинден на Мечкин Камен во легендарното Крушево. Договорот за македонската јавност е таен и необелоденет кај обичниот македонски народ. За разлика од кај нас истиот е даден на разгледување на бугарските народни избраници. Иронијата да биде уште поголема во јавноста се појавуваат бугарски аналитичари и политичари кои го негираат постоењето на македонската историја, јазик или во буквална смисла на зборот македонскиот идентнтет. На крајот од ова мое ппсмо се прашувам дали 3.3. има барем кај него малку црвени линии во преговорите со лавовски настроените наши соседи, или државата, ја има ставено на“руски рулет” каде со помош на Меѓународниот фактор ќе се дели дел по дел оваа наша напатена земја наречена низ вековите Република Македонија.
|