|
|
Македонија и овој пат мора да излезе од кризата, но многу посилна и пообединета |
Македонскиот народ во последните стотина години многу преживеа за да стигне до своето вистинско ослободување. Османлиското ропство, Илинденското востание, братоубиствените борби потикнувани од надвор, поделбата на Македонија и новото ропство од страна на „ослободителите“, објект на завојувачките стремежи во текот на Првата и Втората светска војна, народно ослободителната војна и создавањето на македонската држава во рамките на југословенската федерација, осамостојувањето на Македонија во 1991 година и воспоставувањето на вистинска политичка, стопанска и културна слобода – тоа се настани што го формираат чуството и свест за македонската држава која може да биде единствено слободна само во рамките на една балканска спогодба. Демократизацијата на општествата на Балканот, за жал и по стотина години, не овозможи тие пречки да се надминат преку една Балканска спогодба. Грција, Бугарија и Србија, државите кои учествуваа во поделбата на Македонија во 1913 година, и денес продолжуваат да го оспоруваат македонското име, идентитет, јазик и црквата. Најголемата пречка е Грција која упорно продолжува да го негира правото на името на македонскиот народ и неговата историја, а потоа тука се Бугарија и Србија, на кои се повеќе им се приклучува и Албанија. Наместо да ги надминат недоразбирањата и да се разреши пред се македонското прашање, кое е во интерес на просперитетот на сите држави на Балканот, соседните држави со своите постапки продолжуваат да ги истакнуваат своите никогаш незгаснати аспирации кон ова единствено слободно парче македонска земја. Се користат истите методи како пред стотина години кога се спречуваше секој обид за мирно разрешување и се користат разни внатрешни агенти за разгорување (како во минатото) на братоубиствената војна меѓу Македонците. Денес сме сведоци како неодамна на власт во Македонија беше донесен СДСМ и какви се ветувања беа дадени од нивниот лидер Зоран Заев на Атина, Белград, Софија, и Тирана. Тој како да ја заборави историјата, како да ги заборави македонските дејци кои многу одамна ги увидоа вистинските намери на балканските влади и високо ја подигнаа паролата за сомостојна Македонија. Заборавен е и Гоце Делчев кој зборуваше за „автономија на Македонија сама за себе“, а не етапа за присоединување кон Бугарија, Србија или Грција. Единствено која им стои на патот за разнебитување на Македонија е ВМРО ДПМНЕ, во која се втемелени вистинските вредности на македонските дејци и нивниот аманет за зачувување на скапо извојуваната слободна и независна македонска држава. Поради тоа, денес челниците на ВМРО ДПМНЕ се изложени на вистински прогон преку антиуствавното СЈО, продолжена рака на политиката која ја спроведува СДСМ. Набрзо, со возобновување на поранешното Министерство за информации, се очекува да има повторно медумски мрак, кој треба да ја згасне секоја слободоумна мисла и да ја скрие вистината за она што се случува во земјата. Како експоненти на странската пропаганда, СДСМ започна со стратегијата за воспевање на владата на Зоран Заев и демонизирање на политиката на ВМРО ДПМНЕ. Истовремено се врши прогон на раководните структури и членовите на ВМРО ДПМНЕ (судски, медиумски со нарушување на интегритетот на личностите, префрлање на пониско работно место или бркање од работа и сл.), како и партизација на институциите со вработување на членови на СДСМ. Ваквиот осветнички однос на раководството на СДСМ, кое се поистоветува со онаа прочуена изјава на Заев дека кога ќе дојде на власт ќе јаде живи луѓе и ќе менува од чистачка до директор, предизвикува огромно незадовоство и поларизација меѓу македонските граѓани. Раководството на СДСМ како да заборава дека ваквиот однос може да излезе од контрола и дека тркалото се врти, така да како што дошле на власт така можат и да заминат. Што би било тогаш доколку раководството на ВМРО ДПМНЕ започне да се свети на членството на СДСМ!? На Македонија, особено во услови кога е изложена на надворешна агресија во кој е доведен опстанокот на земјата не и е потребен меѓумакедонски конфликт. Доколку актуелната власт сака просперитет.на земјата и опстанок на македонската држава, тогаш треба веднаш да го прекине прогонот кон ВМРО ДПМНЕ и заеднички да започнат да работат на стретегија и проекти која земјата ќе ја извлечат од сивата зона во која е втурната од соседите и нивните поддржувачи од светските центри на моќ. Поуките од историјата укажуваат дека единствено заедно левицата и десницата, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, поставувајќи ги црвените линии, можат да ја извлечат земјата од криза и да се спротивстават на сите активности на соседите за разнебитување на земјата. Ако се заедно као ударна тупаница, никој, ама баш никој нема да може да му наштети на македонскиот народ и неговата држава. Меѓутоа, исто така историјата укажува дека секој меѓумакедонски конфликт ги ослабува силите и македонската држава ќе стане лесен плен за аспирантите на нејзиното име, историја, јазик и култура. Таков луксуз не смееме и не можеме да си го дозволиме затоа што Македонците резервна држава немаат. Денес, кога имаме своја македонска држава, да не ги правиме истите грешки од минатото, да не се делиме, да се бориме за македонското национално единство, да ја продолжиме идеологијата на нашите претци, идеологијата за која илјадници Македонци го дале својот живот.Македонското национално единство е потребно како леб насушен во овие, би рекол, турбулентни времиња. Да се работи за Македонија е одговорност, одговорност на илјадници кои се бореле, а голем дел го дале животот за Македонија, тоа е одговорност и кон идните наши поколенија. Партиите се формираат да работаат во интерес за Македонија. Кој се нафатил да води политика, секогаш треба на прво место да го гледа интересот на граѓаните и на Македонија. Македонија и овој пат мора да излезе од кризата, но многу посилна и пообединета. Македонија на сите треба да ни биде над сѐ! |