Среда, 02 Август 2017   
Прилеп и европска метропола

rubin-jovanovski
Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Во последната декада од минатиот век и на самиот почеток од новиот милениум во Градот Херој Прилеп беа од ден на ден затварани фабрики и следствено на тоа се појавија во Агенцијата за вработување на Република Македонија, Регионално одделение Прилеп илјадници невработени кои беа оставени на улица, уништен во буквална смисла на зборот економскиот развој на Градот и болната и тажна транзиција на претпријатијата со општествен капитал.

Во месец март во сега далечната 2005 година се случи промена на власт? во Градот под Марковите кули каде градоначалничкото столче го напушти до тогаш кабинетскиот градоначалник од редовите на социјал демократкте, психијатарот Сашко Пирганоски и диригентската градоначалничка палка ја превзеде ревносниот и пред се исполнителен Градоначалник Марјан Ристески. Со самото стапување на функцијата татко на градот Ристески својот роден град Прилеп од мртов без инвестиции го претвори за час во ифраструктурна ренесанса. Потврда за тоа, е одработувањето на 3-от по ред едно по друго градоначалнички мандат на Марјан Ристески од една и големи инфраструктурни проекти во градот под Марковите кули од друга страна.

Во градот почнаа да се отвораат нови погони со домашен и странски капитал од различни гранки од индустриското производство. Невработеноста од година во година се намалуваше. Па така, во Прилеп во 2005 годнна биле регистрирани 25.033, невработени, а при крајот на првата половина од тековнава година 13.835 невработени. Според овие релевантни податоци невравотеноста во периодот од 2005 до првата половина на 2017 година е намалена за 11.198 лица.

Главен индикатор за оваа позитивна состојба во поглед на намалувањето на невработеноста се добрите услови за инвестиции и следствено на тоа големи поволности за бизнис клима која ги запоставуваше претходната владина гарнитура која имаше сенс, коректен однос со домашни и странски компании исто така, Исто така, бројните поволности кон се нудат преку АВРМ од една и поволностите кои ги нуди локалната самоуправа на чело со таткото на Градот под Марковите кули, Г~динот Марјан Ристески од друга страна.

Пред извесно време Прилеп доби ТИРЗ во близина на селото Алинци. Изградбата на истата беше инвестиција на дирекцијата за ТИРЗ и Владата на Релублика Македонија.

Во ТИРЗ се изградија асфалтни улици, се постави водоводна и канализациона мрежа, се донесе електрична енергија, оптички кабли за интернет и се она што е потребно за нормално функционирање на зоната.

Но минатата година се изгради и почна со работа Германската фабрика Гентерм. Инвестиција од 20 милиони евра и каде моментално работат преку 1000 вработени. Со отворање на уште две хали кои ги планира самата фабрика тенденцијата е тука да бидат вработени преку 2000 прилепчани. Фирмата произведува делови за реномирани светски брендови од автомобклската индустрија.

Втората компанкја е Германскиот Акомпласт со вкупна инвестиција од 3 милиона евра. Во оваа фабрика моментално се вработени 250 лица и истата планира да гради уште две нови хали.

Пред извесно време камен - темелник лостави и третата Германска фирма ВИК. Инвестицијата на фирмата е предвидено да тежи преку 12 милони евра.

Во истата е предвидено да се вработат нови 1000 лица, а истата ќе се занимава со производство на апарати за кафе кои истите ќе се пласираат на европскиот пазар.

Отворањето на оваа компанија ќе значи. многу за Прилеп. Имено, со доаѓањето на ваков голем бренд кој изработува производи со висока технологија многу ќе значи за развојот на локалната економија, намалување на невработеноста како и добар показател за привлекување на нови идни странски инвестиции како во Прилеп така и во другите градови од нашата земја.

Оваа компанија ќе соработува со локалните компании и со тоа ќе се отворат нови индиректни вработувања.

За згодемување на атрактивноста на оваа зона многу ќе придонесе и актуелната изградба на експресниот пат Прилеп - Градско и проектот за изградба на гасоводот Неготино - Прилеп. Овие 2 големи капитални објекти ќе треба да финишираат во 2019 година. Со тоа, ќе се зголеми атрактивноста на оваа ТИРЗ зона не само за Прилеп од една така и за целиот Пелагонски регион од друга страна. Со влегувањето на З-те Германски компании во ТИРЗ Прилеп како и најавата за нови инвестнции за околу 18 месеци се очекува да придонесат ТИРЗ Прилеп да прерасне во еден индустриски центар со повеќе илјади вработени и кој истиот ќе значи многу за економскиот развој на целиот регион.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.