Среда, 02 Август 2017   
Пламенот на Илинденското востание силно удри врз престижот на султанот!

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

На 2 август 1903 година, на ден Илинден, македонскиот народ тргна на повикот на Врховниот штаб, се дигна како еден човек и со нечуен патриотски жар се фрли во ослободителната борба. Непријателот не очекуваше удар, тој беше изненаден.

Извршувајќи ги сите подготовки за успешно заземање на градот Крушево, пред да започне нападот Штабот на Никола Карев издал специјален проглас со кој го објавува востанието. Потоа според планот, ноќта на 2 август започнал нападот на градот. Востаниците се сретнале со жесток отпор при нападот на касарната, во која се наоѓале 60 војници. На 3 август градот бил ослободен од турската власт, а во него се настанил Штабот на Крушевското востание.    

Еве една епизода од борбата во историското Крушово: „Уште на 22 (ст.ст.) во градот слезе горското началство, на чело со учителот Никола Карев, една благородна фигура, една од најсветлите личности во Крушовското востание. Шеесет души првенци, свикани на собрание, избраа една 6-члена комисија, по двајца од секоја народност. Нејзе и се довери управувањето на раководениот град. „Привремената влада" под претседателството на Вангел Дину ја раздели управата на шест ресори... Управниците заседаваа редовно во големото патријаршиско училиште. Во  егзархиското класно училиште се отвори болница под раководството на д-р Батал. Сарачките и опинчарските работилници фабрикуваа со голема брзина опинци, реденици и каиши. Во леарниците се претопуваа разновидни оловни и калајни предмети, подарувани од населението, а во арсеналот, сместен во една приватна куќа, се глачаа излеаните куршуми, се поправаа пушки, револвери и друго. Двете парни мелници деноноќно го мелеа житото влечено преку планинските патишта, што беше неопходно за прехраната на населението и востаниците; на бедните фамилии брашно им се раздаваше бесплатно..." 

Во извадокот од рефератот на Владимир Поптомов по повод 45 години од Илинденското востание во театарот „Република“ во Софија („Работническо дело“, 3.08.1948 год.), тој меѓудругото ги дава и следните податоци:

„И покрај нечуената смелост, хероизам, самопожртвуваност и упорност, славната борба на илинденските востаници беше скршена. Нивните слаби сили, и покрај натчовечките напори, се исцрпија во текот на нерамната борба. Тие всушност се покажаа како еден грст храбри луѓе, против стотиците илјади добро вооружени толпи на султанската армија.

За размерот на револуционерната борба и воените акции во текот на востанието зборуваат следните бројки:

Во целиот Битолски вилает се случиле 150 судирања во кои загинале 746 востаници. Најмногу судирања имаше во текот на јули (од 20 – 31 ст.ст.) - 72, во текот на август - 56, во септември -  18 и во октомври - 4.

Во Одринскиот вилает од 6 август до 28 октомври (ст.ст.) дошло до 36 судирања во кои паднале 46 востаници.

Во Солунскиот вилает од 16 јуни — 28 октомври (ст.ст.) имало 38 судирања, во кои паднале 109 четници.

Во Скопскиот вилает од 1 август до 1 ноември (ст.ст.) дошло до 15 судирања, во кои паднале 93 четници.

Во текот на целото востание од 20 јули до 10 октомври (ст.ст.) биле извршени 14 атентати со динамит на територијата на Европска Турција, во текот на целата 1903 година - 21.

Во текот на целиот илинденски период во територијата на Македонија и Одринско биле извршени вкупно 239 судирања, во кои паднале 994 востаници.

Херојското Илинденско востание удри многу силно врз престижот на султанот, неговата империја, неговите вооружени сили, кои требаше со недели и месеци да војуваат против еден грст смели востаници. Поради тоа султанот и пашите решија да му се одмаздат на еден најѕверски начин на мирното население, на старците, жените и децата.

Еве што зборуваат бројките: биле изгорени 201 село, запалени 12.440 куќи и убиени 4.694 души, стотици и илјадници жени обесчестени итн. 30.000 души биле принудени да побараат азил во Бугарија.

Сите тие жестокости биле извршени пред очите на таканаречената цивилизирана Европа. Империјалистичкиот свет, којшто во својата основа беше против востанието, си ги изми рацете како Пилат, задоволувајќи се со тоа да дозволи овде-онде извесни лицемерни протести до Високата порта.

По жестокото задушување на востанието македонскиот народ не падна во очајание. Борбата продолжи понатаму...“

Во 1912 година, со војната на балканските држави против Турција, наместо да му се помогне на македонскиот народ за неговото ослободување за остварувањето на неговиот традиционален идеал за автономија, Македонија беше распарчана на три дела. а во границите на Србија, Грција и Бугарија, македонскиот народ беше подложен на еден жесток денационализаторски режим. Во тие тешки времиња единствените верни пријатели на македонскиот народ беа прогресивните интелектуални сили и обичниот народ на балканските држави, кој решително застанаа против заграбувањето и распарчувањето на Македонија.

Меѓутоа, и покрај јасно искажаните ставови на трите Илиндени (1903, 1944 и 1991 година, гласот на македонскиот народ како да не стигнува до балканските престолнини. Денес кога тие на македонскиот народ му го оспоруваат името, идентитетот, јазикот и црквата, „Старата дама“ повторно си ги мие рацете како Пилат задоволувајќи се со повремени лицемерни протести.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.