|
|
БЕЈЛИ, И СЕ’ Е МОЖНО? |
Пишува Тодор ПЕТРОВ Да беше двојазичноста рецепт за демократија, одамна ќе беше решение во Соединетите Американски Држави. Ама тоа не е ни денес... Затоа што само јазикот ја интегрира нацијата, со сите разлики во општеството! А, Македонија? Македонија е ескпериментот што се набљудува... Ако на 13 јануари 1795 година Американскиот конгрес со еден глас повеќе, го одбил предлогот германскиот јазик да стане службен јазик во Соединетите Американски Држави заедно со англискиот јазик, како е можно албанскиот јазик да биде службен јазик на целата територија на Македонија со 13% Албанци во вкупното население? И сега Џес Бејли не учи како “законот за јазиците е важно решение за инклузивно општество“, како “луѓето треба да се навикнат на новите начини на работење“, “да одиме чекор по чекор, бидејќи и најголемите реформи секогаш почнуваат со првиот чекор.“ Има ли некој асолен во СДСМ кој ќе стави крај на ова разградување на државноста, јазикот културата и историјата со Бугарија, името со Грција, двојазичноста и федерализацијата со Албанија, непризнавањето на Црквата со Србија... Дејгиди Македонијо... А и ти Европо, блуднице Вавилонска... |