Среда, 09 Август 2017   
Власта мора да размислува за македонскиот народ!

svekrva-nova
Свекрва

Во чадот на пламените јазици кои го голтаат шумското богаство на земјата и еуфоријата околу Супер Купот меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед во Скопје, речиси без поголема бука помина договорот со Бугарија, а сега актуелната власт го турка законот за јазиците и предлог стратегијата за интеграција на бегалци и странци во Македонија. Сите овие заедно можат целосно да го изменат ликот на татковината каква што ја познаваме.

Неодамна беше обнародена предлог стратегија за интеграција на бегалци и странци во Македонија на Министерството за труд и социјална политика. Според оваа стратегија се предвидува трајно стекнување со државјанство во Македонија, како и вдомување, образование и вработување на мигранти во периодот од 2017 до 2027 година. Исто така, со неа се предвидува скратување на постапката, за да не се губи залудно време, а тој период да се искористи во подготовките на интеграција: како посетување настава по македонски јазик или настава за запишување во редовно училиште.

Досегашното искуство во нашата земја покажа дека мигрантите/бегалци во најголем број транзитираат низ неа и се упатуваат кон западните богати земји. Меѓутоа, пак искуствата со интеграција на мигрантите/бегалци на западните земји не се баш најдобри, па сега се обидуваат по секоја цена да ги задржат во трети земји.

Интересни и поучни се искуствата на Шведска, која во последните години широко ги отворила вратите на својата земја. Освен криминал и голем број силувања, голема полза од доселениците нема. Како што пренесуваат шведските медиуми, мигрантите нити сакаат да учат, нити сакаат многу да работат. Истражувањата на тамошните институции покажуваат дека многу мал процент, само 3 до 4 отсто мигранти сакаат да учат и да се вработат.

Всушност, шансите на мигрантите без знаење на шведскиот јазик и без соодветно најмалку средно образование нивните шанси за вработување се мали. Меѓутоа, видливо е дека на мигрантите тоа не им е важно, бидејќи имаат доволно и премногу пари за живот и без работа.

Според пишувањето на тамошните портали, од над 160.000 новодојдени емигранти, само околу 500 нашле вработување, што укажува дека идејата за успешна интеграција и евтина работна сила не успеала. Напротив, криминалот кој до неодамна го немаша во таа средина сега драстично се зголеми.  По четириесет години откако шведскиот парламент одлучил некогаш хомогената земја да ја претвори во мултикултурна, насилниот криминал се зголемил за 300 проценти, а бројот на силувања се зголемил над 1000 проценти  

Стапката за криминалот во оваа земја и понатаму ќе расте бидејќи бројот на мигрантите кој не сака да се интегрира, да учи и работи, постојано се зголемува.

Ваквата состојна не е само во Шведска. Таа помалку или повеќе е слична во многу земји членки на ЕУ. Оттука и инсистирањето на ЕУ мигрантите да се задржат во земјите на Балканот, ветувајќи им овие држави материјална помош за изградба на живеалишта за мигрантите, за нивно образование и капацитети за вработување. Од друга страна тоа повеќе или помалку станува и услов за евроатланско интегрирање.

На ваквата јадица се нафаќаат некои земји, како и Македонија, не согледувајќи ги искуствата на западните земји, ниту пак размислувајќи за далекусежните последици, како на пример исламизација на земјата. Особено голема опасност се радикалните елементи кои доаѓаат од земјите каде што се води војна, а кои во одреден момент потоа можат да се активираат.

Наместо да се размислува за трајни решенија за бегалците преку локална интеграција и создавање услови нивниот престој да стане самоодржлив, многу е подобро актуелната власт да размислува на проекти кои ќе го подобрат стандардот на населението и проекти кои ќе можат да ги задржат младите стручни кадри во земјата.

Постојано се говори дека околу половина милон се иселиле од земјата. Оттука ако има средства да се плаќаат станови за мигрантите, нивно едуцирање и создавање услови за нивно вработување, кое ќе ја наруши етничката и верската застапеност во земјата, многу подобро е тие средства да се наменат за младите стручни кадри кои заради немање работа имаат намера да заминат во земјите на ЕУ. Такви проекти кои можат да бидат самоодржчиви има многу. Така на пример нека се потсетат на израелскиот пример со кибуците. На тој начин можеме да ги обновиме и селата, но и да го вратиме животот на замрените градови.

Власта, без разлика на која политичка опција и припаѓа, без да го запоставува хуманитарното право, моралните и етичките норми за згрижување на бегалците/мигранти, мора пред се да размислува на својот народ, особено на македонскиот народ, кој со ваквите проекти кои задираат во името, идентитетот, јазикот и културата, може да биде доведен до исчезнување.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.