|
|
ЕДНО Е ЈАВНА УПОТРЕБА НА МАЈЧИН ЈАЗИК, А ДРУГО Е СЛУЖБЕН ЈАЗИК ВО ДРЖАВНАТА И ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА |
Тодор Петров ЕДНО Е ЈАВНА УПОТРЕБА НА МАЈЧИН ЈАЗИК, А ДРУГО Е СЛУЖБЕН ЈАЗИК ВО ДРЖАВНАТА И ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА ДРЖАВАТА И ВО НЕЈЗИНИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ! Законот за јазиците најдобро го илустрира Али Ахмети, кој никогаш и никаде не зборува Македонски јазик, ако сакате да го разберете задолжителен ви е преведувач! Се навикнавме на една тирада: Кога власта ќе згреши, оправдание бара во опозицијата, со зборовите “Кога опозицијата беше на власт и тие го сторија истото!“ Па, заради тоа е смената на власта, новата Влада да не ги повторува грешките на претходната што заминала! Што се однесува до Предлог-Законот за јазиците на СДСМ и ДУИ, манипулаторите велат: “Двојазичноста во државата ја воведе ВМРО-ДПМНЕ во Законот за употребата на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа, што Собранието го донесе на седницата одржана на 4 август 2008 година?! Ако Предлог-Законот за јазиците од СДСМ и ДУИ е ист со Законот за употребата на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа што Собранието на Македонија го донесе на седницата одржана на 4 август 2008 година на предлог на тогашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, тогаш зошто се предлага нов Закон во 2017 година? Вистсината е, дека очигледно не станува збор за ист Закон за јазичните права, туку за решенија во кои е уредено многу повеќе од претходниот Закон, за жал, или за наесреќа, во спротивност со Уставот и Охридскиот рамковен договор. Да нема недоразбирања и манипулации во јавноста, треба да биде јасно: ЕДНО Е ПРАВО НА ГОВОР НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК И НЕГОВАТА УПОТРЕБА ВО ЈАВНАТА КОМУНИКАЦИЈА, ДРУГО Е СЛУЖБЕН ЈАЗИК КАКО ОБВРСКА НА ДРЖАВНАТА И ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА РЕПУБЛИКАТА И ВО НЕЈЗИНИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ! ЕДНО Е СЛУЖБЕНА УПОТРЕБА НА ЈАЗИКОТ ШТО ГО ЗБОРУВААТ НАЈМАЛКУ 20% ОД ГРАЃАНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ОПШТИНИТЕ КАДЕ ШТО СЕ НАЈМАЛКУ 20% ОД ГРАЃАНИТЕ ВО ОПШТИНАТА, А СОСЕМА ДРУГО Е ЈАЗИКОТ ШТО ГО ЗБОРУВААТ НАЈМАЛКУ 20% ОД ГРАЃАНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ДА БИДЕ СЛУЖБЕН ЈАЗИК НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА РЕПУБЛИКАТА И ВО НЕЈЗИНИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ! Едно е јавна употреба во образованието, културата, информирањето, вероисповедта на мајчин јазик, но сосема друго е тој мајчин јазик да биде службен јазик на целата територија на Републиката и во нејзините меѓуанродни односи! Правото пратениците да може да говорат на пленарна седница и на седница на работните тела на Собранието не е двојазичност во државата! Ќе виде некој патоказ на македонски јазик и на албански јазик, и веднаш ќе искоментира: Аха, двојазичност! Ќе види некој банкомат со упатство на македонски јазик и на албански јазик, и веднаш ќе искоментира: Аха, двојазичност! ТОА НЕ Е ДВОЈАЗИЧНОСТ! ДВОЈАЗИЧНОСТ Е АКО ЈАЗИК РАЗЛИЧЕН ОД МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК СТАНЕ СЛУЖБЕН ЈАЗИК ВО СИТЕ ИНСТИТУЦИИ, ВО ДРЖАВНАТА И ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА РЕПУБЛИКАТА И ВО НЕЈЗИНИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ! А, ЈАЗИК ШТО ГО ЗБОРУВААТ НАЈМАЛКУ 20% ОД ГРАЃАНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, ДА БИДЕ СЛУЖБЕН ЈАЗИК НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА РЕПУБЛИКАТА И ВО НЕЈЗИНИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ, значи сите институции, нотари, извршители, на целата територија на Републиката задолжително да имаат преведувачи на албански јазик, затоа што казната е 4.000-5.000 евра за институцијата и 1.200-1.500 евра за службеното и одговорното лице, доколку на оној кој ќе се обрати на албански јазик, не му се одговори на албански јазик, односно не му се “овозможи користење, употреба и примена на албанскиот јазик и писмо во било која постапка како и спроведување на тие постапки на тој службен јазик и писмо! Да се надмине овој дизбаланс од потребните преведувачи, лектори, редактори на албански јазик во институциите низ државата, Владата предлага формирање на Агенција за преведување, која мора да има неколку стотини вработени, најмалку, во почетокот, затоа што се албанизира целата држава Македонија! Целата коресподенција мора да биде војазична! Ваква лудост не предлагаат богати држави во Европската Унија, Канада, Австралија, САД, Јапонија, Кина, Руската Федерација... Ама, еве Зоран Заев и неговите ментори сметаат дека тоа е можно во експериментот Македонија! Значи, не станува збор за унапредување на албанскиот јазик, туку за обврска на албански јазик да говорат само Албанците, а Македонците и припадниците на другите малцински етнички заедници да го знаат албанскиот јазик за да им возвратат на истиот јазик. Зошто казни за Македонците? А, зошто не исти казни за сите Албанци во државната и јавната администрација, ако им се обрати Македонец и припадник на друга малцинска етничка заедница, на Македонски јазик или на друг мајчин јазик, а тие не им одговорат на Македонски јазик, затоа што не го знаат, односно не го зборуваат Македонскиот јазик!? Дали Владата има информација за процентот на Албанците во државната и јавната администрација кои не го познаваат односно не го зборуваат Македонскиот јазик, кој е службен јазик на целата територија на Републиката и во нејзините меѓународни односи? А, е голем! Што со тие државни и јавни службеници, избрани и именувани носители на јавни функции? И, знаете зошто е тој јаз? Бидејќи сепарацијата е институционализирана во образоаванието, а Македонскиот јазик не се учи од прво одделение во школите каде наставата се изведува на друг јазик различен од Македонскиот јазик! Таа системска деформација се мултиплицира до крајот на животот, децата Албанчиња повеќе не го зборуваат Македонскиот јазик до крајот на својот живот! Предметот македонски јазик во наставата станува пародија! Дали некој е свесен во каква авантура, односно системска и систематска блокада Владата на СДСМ и ДУИ ја туркаат државата и општеството во целина, односно државната и јавната администрација? Можеби истиот текст на Закон за јазиците го договарале и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ?! Но тоа, не ја оправдува ниту Владата на СДСМ и ДУИ, ниту ВМРО-ДПМНЕ! Законот за јазиците на Владата на СДСМ и ДУИ практично воведува обврска за албанскиот јазик да го знаат сите државни и јавни службеници, а Албанците воопшто и да не мора да го знаат или зборуваат Македонскиот јазик, како што тоа многу практично го демонстрира Али Ахмети! Али Ахмети никогаш и никаде пред медиуми и во институциите не зборува Македонски јазик, воопшто! Таа проекција е реалноста во Македонија! Предлог-Законот за јазиците не го унапредува албанскиот јазик, туку Албанците ги гетоизира! Предлог-Законот за јазиците значи системска и систематска мајоризација врз нацијата во целина, од страна на едно албанско малцинство! А, практично треба, прво секој да полага Македонски јазик, и тој што не го знае или не го зборува, да изгуби лиценца да биде државен или јавен службеник, односно да не може да работи и да се вработи во државната и јавната администрација на целата територија на Македонија и во нејзините меѓународни односи! И уште нешто, а многу важно: Ако странките поседуваат ист документ на Македонски јазик и на албански јазик кои, за жал нема да се исти поради лошиот превод. Бидејќи и Македонскиот јазик и албанскиот јазик се еднакви, кој документ на кој јазик ќе биде важечки во судска, управна и извршна постапка? Ваков експеримент со Предлог-Законот за јазиците во Македонија е неуспешен дури и со сета можна алхемија, што не постои! Плус, ваков закон се носи на реципроцитетна основа меѓу две држави: Што за Албанците во Македонија, тоа за Македонците во Албанија! Некој ќе додаде, Македонците во Албанија немаат кадровски капацитет! Немаат затоа што таму Тирана признава само 5.000-6.000 Македонци во девет села во областа Мала Преспа. Тирана не ги признава Македонците на целата територија на Албанија. Таа судбина е иста за сите припадници на националните малцинства во Албанија - Македонци, Грци, Власи, Роми, Срби, Црногорци, Бошњаци и Еѓиптјани. Во Албанија до вчера имаше казни за сите кои на попис се декларираат било што друго освен за Албанец. Тирана не признава дека во таа држава бројот на припадниците на националните малцинства е речиси 40% од вкупното население! Репресијата и дискриминацијата за не-Албанците во Албанија го сториле своето! Предлог-Законот за јазиците на Владата на СДСМ и ДУИ, НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДОНЕСЕ, ЗАТОА ШТО ЈА РУШИ ДРЖАВНОСТА НА МАКЕДОНИЈА И Е ВОВЕД ВО БАШИБОЗУК! |