|
|
Има ли уште нормални и прави Македонци? |
Александар Џеповски Има ли уште нормални и прави Македонци? Македонци кои храбро ќе речат доста беше, ова не се трпи. Има ли уште чесни Македонци, кои ќе одбијат милиони долари или евра поткуп за да ја закопаат Македонија, а тие ќе одберат сиромаштија и беда, само да си ја видат земјата како чекори напред економски и стабилно со голема перспектива ? Има ли уште Македонци кои се надеваат, копнеат и душата ќе ја дадат кај натемаго само да ја видат Македонија обединета со нејзините делови окупирани од соседите ? Има ли, има ли ... времето кажува дека или нема или се скриени некаде. Како никогаш порано, треба и мора да се пронајдат сега и да дејствуваат како такви. Како едноставни Македонци на кои свето им е секое камче, детеликна па и коприва израсната на македонската почва. Македонец кој едноставно треба да рече доста беше гушење и давење со правата на соседите, им се дава од пиле млеко, а за Македонецот пелин и голготи само. Македонците не паметеле никакви геј заедници па да им дадеш право преку шарени потплатени револуции да ги тинтриш до несвест. Има ли нормален Македонец кој ќе го избрка Бејли и на Америка да им рече ова што го правите не е нормално и не сакаме никаков контакт повеќе со Вас ? Што е толку тешко, а уште потешко да размислуваш и да речеш сиктер од евроатлански аспирации? Има ли такви Македонци ? Има, ама мора јавно да се покажат и да го кажат и спроведат сето ова. За Македонија се работи !!! |