|
|
Со мрсна боја и јајца не се станува градоначалник |
Секоја институција од јавен карактер а во конкретниов случај импозантниот објект на Локалната самоуправа на Прилеп се обезбедени со заштита на својот имот. Имено, во Локалната самоуправа на Прилеп фукционира беспрекорно служба за обезбедување на општинската зграда и видео надзор за набљудување на зградата. Со ова во целост е применет Законот за Локалната самоуправа. Од горенаведеното може да се заклучи дека сите правни акти во поглед на обезбедувањето на недвижниот имот, а во конкретниот случај на Локалната самоуправа на Прилеп се исполнети во целост. Импозантниот објект на прилепската Локална самоуправа е од океански тип и истиот беше предмет на сквернавење на т.н. "шарена револуција“, која што на ланските протести под слоганот ”нема правда нема мир“ со мрсна боја и јајца го наруши и го уназади надворешниот изглед на прилепската Локална самоуправа. Во конкретниот случај иницијаторите и поддржувачите на "шарената револуција се на слобода, а Градоначалникот Марјан Ристески добива условна затворска казна од три месеци и парична казна за неосигурување од штета на општинската зграда. Во општината има служба за обезбедување и видео надзор кои се релевантни во поглед на докажувањето на вината на ланските шарени револуционери. Ова значи во конкерниот случај јас лично ако не го осигурам мојот приватен имот а имам поставено обезбедување и камери и ако некој се дрзнеда го уназади мојот приватен имот вината ќе биде моја оти не сум го осигурал имотот од штета. За време на неполн месец пред изборната кампања за следните редовни локални избори (15 октомври 2017 година) е дискреднтиран првиот човек на Градот под Марковите кули од една и Локалната самоуправа и сите успешно реализирани проекти од друга страна. Ако некои личности кои имаат афинитети да ја освојат локалната фотеља со поднесување на кривични пријави треба да знаат дека обичниот прилепчанец не наседнува на тиефинти, туку истиот сака конкретни дела и резултати. Во конкретниов случај постои една личност кој со актовка во раце и во неа катадневни кривични пријави против првиот човек на Градот Херој Прилеп е на релација од неговата канцеларија до Општинскиот суд во Прилеп. За разлика од него таткото на градот кој го одработува едно по друго 3-от градоначалнички мандат успеа својот роден крај од мртов без иднина и перспектива во овие поминати 12 години даго претвори во вистинска смисла на зборот во инфраструктурна ренесанса. На крајот делата и следствено на тоа реализираните проекти поминуваат кај електоратот, а не на уназадување на објекти од Јавен интерес. Само едно не ми е јасно на ланските протести се потрошија многу средства за мрсна боја и јајца, Овие финансиски средства наменски да беа употребени бенефит ќе имаше градот во целина. Со направените нецивилизирани потези само се остави грда слика пред домашните и странските делегации и туристи кои катадневно го посетуваат Градот Херој Прилеп. На крајот од ова писмо само да нагласам дека со нецивилизирани методи не може да се добие гласот на обичниот прилепски електорат.
|