|
|
ВЛАДАТА МОРА ДА ГИ ПРЕИСПИТА ПОЛИТИКИТЕ НА ДОБРОСОСЕДСКИТЕ ОДНОСИ! |
22 август 2017 година, Белград, Србија Светскиот Македонски Конгрес (СМК) оценува дека повлекувањето на целиот дипломатски персонал на Србија од Македонија претставува сериозен дипломатски преседан, еднаков на прекин на дипломатските односи меѓу двете земји. СМК го смета за сериозно обвинувањето дека дипломатскиот персонал на Србија во Македонија е под разузнувачка опсервација по барање на трета страна. СМК очекува Владата на Македонија да ги преиспита политиките на дизбаланс во добрососедските односи на штета на македонските национални и државни интереси, после склучувањето на Договорот со Софија, Тиранската платформа, најавата за промена на името по барање на Атина и трилатералната српско-бугарско-грчка средба во Солун. За очекување е и српското позиционирање во погубните домино-ефект политики на Владата кон Тирана, Софија и Атина, на штета на Македонија и Македонците. СМК укажува дека Софија не може да биде супститут на Белград, односите со Србија не треба да се градат во судирот на интересите меѓу Вашингтон и Москва за Балканот, односите со Бугарија и Грција не треба да се опсервираат поради Брисел и Стразбур, а положбата на Албанците во Македонија не смее да биде на штета на правата и слободите на Македонците во Албанија и Косово на реципроцитетна основа. ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Владата мора да престане со дерогацијата на името на државата и идентитетот на нацијата со трајни последици по мирот и безбедноста! Владата мора да се ослободи од заложништвото кон Тиранската платформа и Калето! СМК апелира Владата да гради политики на активен мултилатерализам, од пријатели никогаш доста, свесни дека европскиот центризам и американскиот унилатерализам се трајно минато свршено време поради мултиполарноста на светот, а билатералните односи да ги унапредува врз меѓународниот принцип на еднаква сувереност што подразбира взаемно почитување и соработка по сите прашања од заеднички интерес, со немешање во внатрешните работи и на реципроцитетна основа. СМК ги потсетува Владата и Собранието дека Македонија е суверена држава, Македонците се суверена нација, Македонија е одржлива демократија, Македонците се посветена нација и таа историја и вистина повеќе никој и никогаш не може да ја смени! Владата и Собранието не смеат да заборават дека, Македонија нема вечни пријатели, Македонија нема вечни непријатели, Македонија има вечни интереси: името на државата, идентитетот на нацијата, богата држава и здрави и богати Македонци, мирот и безбедноста во земјата и регионот, меѓуетничките и добрососедските односи, и соработката со сите во светот врз принципот на еднаква сувереност! СМК предлага трајно помирување на Македонскиот народ со соседните народи и договори за траен мир и добрососедство на државата Македонија со соседните држави врз меѓународниот принцип на еднаква сувереност! Секоја политика на дизбаланс во добрососедските односи трајно ги нарушува македонските национални и државни интереси и ги дестабилизира Македонија и регионот во целина. Владата и Собранието мора да го отфрлат врховизмот и колаборационизмот, Владата и Собранието мора да се посветат на суверенитетот на Македонскиот народ и самостојноста на државата Македонија! Владата не смее да биде марионетска кон други и туѓи сили и интереси за нивни сфери на влијание на овие простори, туку сервилна на македонските национални и државни интереси во служба на Македонците, по потекло и државјанство! Владата и Собранието никогаш не смеат да заборават дека, Македонија е држава во која е загарантирана еднаквоста на сите пред Уставот и законите независно од етничкото потекло и верското уверување, но и покрај се' и после се', Владата и Собранието треба како аманет да запаметат дека, МАКЕДОНИЈА Е ДРЖАВА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД! а, Македонците не се ни Срби, ни Бугари, ни Грци, ни Албанци! |