Среда, 23 Август 2017   
„Македонски студии“ на Ватрослав Облак

makedonska-nacija-logo
Македонска нација

Ватрослав Игнациј Облак (15. V 1864 – 15. IV 1896) е виден словенечки и австриски славист од ΧΙΧ век. Во родното место учел гимназија, матурирал во Загреб, а студирал во Виена споредбена и славјанска филологија (1886–1891). Има објавено повеќе работи, но најзначајни се “Македонските студии“ (Macedonische Studien: die slavischen Dialecte des südlichen und nordwestlichen Macedoniens) што се појавија посмртно (1896). Иако тешко се снаоѓал во пропагандите од соседните земји, сепак во книгата се среќаваат и согледувања што индиректно упатуваат на сфаќањето за посебноста на македонскиот јазик.

Облак бил заинтригиран од тезата за македонското потекло на старославјанскиот јазик и по препорака на хрватскиот славист Ватрослав Јагич во есента 1891 година заминал да ги проучува македонските дијалекти во најјужната точка на славјанскиот свет – Солун. Освен од Солунско, тој (од номади – сточари) запишал материјал и од Дебарско. Со своето истражување тој успеал да ја сруши т.н. панонска теорија, според која Кирило-Методиевиот јазик е тој на панонските славјани и ја потврдил македонската теорија.

Интересот на европската славистика кон солунскиот дијалект се јавува уште во текот на 1863 година по објавувањето на познатата дописка од солунското село Висока во цариградскиот весник "Съветник", во која има многу примери за сочуван назализам, а потоа се засилил со поновите публикации на Кузман Шапкарев, Петар Драганов и др.

По доаѓањето во Солун, Облак спровел теренски истражувања и меѓу меснотото население собира автентични јазични материјали за да може емпириски да ја потврди теоријата на Јагич за потеклото на Кирило-Методиевиот јазик. Набљудувањата му биле насочени на солунскиот говор - село Суво, соседно на Висока (од неписмен чирак) - и на дебарскиот говор - селата Галичник (од овчар во Солунско), Клене (од десетгодишник кој пристигнал во Солун првокласник) и Обоки.

Во почетокот на март 1892 година Облак започнува своето прво патување на север од градот и ги истражува говорите во селата Ново Село, Градобор, Бугариово, Ватилак и Вардаровци. Таму тој ги испрашува возрасните жени кои не ги напуштале своите родни места. Меѓутоа, на петтиот ден од истражувањето, Облак бил уапсен во Вардаровци од османлиските власти под обвинение дека се занимава со подготовка на востание. По интервенција на австро-унгарскиот конзул во Солун, Облак е ослободен, но е принуден веднаш да ја напушти империјата.

Во своите писма Облак за овој настан ќе забележи дека „ако некој е заинтересиран за грчкиот или влашкиот дијалект во Македонија, тој успева, но тешко е за лице заинтересирано за (славјанскиот – н.з) дијалект. Врз немирното славјанско население внимателно се гледало. Интензивните врски со (славјанските – н.з) селани, професори и свештеници веднаш предизвикуваат голема недоверба и ги доведуваат јазичните научни патувања до непосакуван завршеток.“

Сепак при патувањето во Македонија Облак ги открива сите карактеристични фонетски црти на Старославјанскиот јазик во наречието источно од Солун, кое се говори во село Суха. Облак повторно го поставува прашањето за татковината на славјанскиот литературен јазик, која според него е Македонија.

Во 1894 година, неможејќи да се снајде во пропагандите на соседните земји, Облак издава во "Сборник за народни умотворения, наука и книжевност" труд "Придонес кон бугарската граматика". Меѓутоа целиот труд е главно врз основа не на источните, тука на македонските дијалекти, кои се наречени од Облак "бугарски македонски говори". Во него Облак исто така, забележува дека по зачуваниот ринизам зборувате во јужна Македонија се наоѓаат во непосредна близина со татковината на Старославјанскиот јазик.

Во 1896 година, по смртта на Облак, Јагич ги редактира и публикува Облаковите "Macedonische Studien" (Македонски истражувања), на кои им додаде и единаесет исклучително интересни писма кои Облак му ги пишува од Солун. Во книгата Облак на категоричен начин ја побива Панонската теорија за природата на Старославјанскиот јазик и го докажува вистинското потекло на македонскиот јазик. Аргументите на Облак за земјата на кирилско-методолошкиот јазик се прифаќаат како финални и тоа преставува "најзначајното откритие во славистика во ΧΙΧ век".

Иако Облак точно ја лоцира татковината на старославјанскиот јазик тој тешко се снаоѓа во пропагандите на соседните народи насочени кон Македонија, па оттука тој му препушта на македонскиот народ самиот да се изјасни.

Во своите писма издадени во „Macedonische Studien“, каде Облак се осврнува на прашањето за јазичната припадност на македонското говорење, наведувајќи притоа дека ова не е проблем на лингвистиката, тој ќе напише: „Славјанските дијалекти на Македонија се од особен интерес за славјанската филологија од повеќе причини. Особено, тие се одлучувачки по прашањето за татковината на старославјанскиот. Конечната одлука на Старославјанското прашање е невозможно без точно познавање на јужномакедонските дијалекти, особено на дијалектот кој се зборува во реонот на Солун. Во поново време интересот за македонските дијалекти е поврзан главно со нивниот став кон бугарската и српско-хрватската дијалектна група. Тоа е неодамнешно контроверзно прашање дали македонските Славјани припаѓаат на Бугарите или Србите. Од филологична гледна точка прашањето треба да се постави вака: потврдува ли поголемиот дел од истакнатите специфики на различните македонски дијалекти нивната поблиска врска со бугарската или српско-хрватската дијалектен група? Дали жителите се чувствуваат како Бугари или Срби - тие можат да одлучат сами, тоа не е проблем на славјанската филологија."

Оставајќи го ова прашање отворено, македонскиот народ уште тогаш се изјаснува и постојано категорично повторува до денес дека македонскиот народ не се ни Срби, ни Бугари, ни Грци, туку Македонци со свое исконско македонско име, историја, јазик и култура. 

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.