Среда, 23 Август 2017   
Време е за дела - Македонија за Македонците!

svekrva-nova
Свекрва

За само неколку месци од доаѓањето на власт, премиер Зоран Заев наместо да го олесни патот кон евроатланските интеграции со својата дилетантска политика така ги замрси конците со соседите такашто земјата се повеќе ја оддалечува од ЕУ и НАТО. Атина, Бугарија и Белград, по трилатералната средба во Солун, наместо заеднички да работат на евроинтегративните процеси, како и во минатото повторно се настрвија и ја уценуваат Македонија.

Не цел месец по потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, сега бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, гласноговорникот на Софија, ни се заканува дека доколку Македонија не прифати дека браќата Миладинови и Гоце Делчев биле Бугари, официјална Софија нема да даде согласност земјата да продолжи со евроинтеграциите.

Атина се држи до црвените линии и се двоуми дали шефот на дипломатијата Никос Коѕијас треба да ја посети Македонија, поради наводна правокација врз Грција на настан во Торонто на кој според нив присуствувал владин функционер од земјата. Таа продолжува со негирањето на името, идентитетот и историјата на македонскиот народ и се додека тоа не се смени нема да ја подржи евроатланската интеграција на Македонија.

Од друга страна Белград го повлече целиот персонал на српската амбасада од Скопје, наводно поради многу засилена разузнувачка активност против органите и институциите на Србија, во кој е вклучен и странски фактор. Меѓутоа, вистинската причина за овој потег на Белград за многумина е менување на ставот на Македонија за воздржаност при гласањето за членство на Косово во Унеско. Доколку Македонија го поддржи Косово, од Белград најавуваат дека ќе ја преиспитаат одлуката во однос на уставното име под кое е призната Македонија.

Видливо е дека исполнувањето на Тиранската платформа и асемитричниот Договор за добрососедство меѓу Скопје и Софија, ги вознемирува Белград и Атина и предизвикува нивна жестока реакција. Всушност надворешна политика на актуелната влада која е диктирана од надвор ја враќа земјата во минатото кога Македонија беше буре барут спремно да го запали целиот Балкан.

По ваквите постапки на власта, со поддршка на центрите на моќ, Македонија не е ни на небо ни на земја, тука тоне се подлабоко во калта и се назира современиот пекол, во кој лесно може да исчезне македонскиот народ. Всушност денес земјата е ставена подалеку од постојното светско устројство, што е срам за Европа, срам за народите на XXI век.

Сето ова можеше да се разбере доколу живеевме во средниот темен век или пак во римско време, кога народите ропски беа врзани со „железни окови". Меѓутоа, ако пак појдеме уште понатаму по историскиот пат, спознаваме дека некогаш постоела славна земја со храбар народ кој раѓал светски владетели како Филип и Александар Македонски.

Многу стари народи, кои беа слезени од светската сцена, со текот на времето пак се издигнаа. Зошто истото да не биде со Македонија? Зарем само другите се патентирани, а последнава не може? Македонија била и ќе биде, без разлика колку и да се трудат соседите таа да исчезне. Еден народ којшто си има свои обичаи, вера, јазик, традиција итн. и тврдо отстојувал сред толку ропски искушенија - значи дека е способен за слободно постоење!

Додека беше под Отоманската империја, Белград, Софија и Атина ронеа „крокодилски солзи" за да ја „ослободат"! А зошто? - За доброто на Македонија!... Сигурно не!... Зашто откако ја „ослободија" во 1912 година од Турците, следната година ортачки и крвнички ја поделија сојузниците: Срби, Грци и Бугари!

Македонија денес е како „немоќен патник“ кон ЕУ и НАТО! Исто е како во минатото. Во 1932 година, лицето потпишано како Горски во Гара Новоселски (градот Елин Пелин) ќе забележи:

„... Поминува „фарисејот" (Европа), но ништо не цомага; доаѓа „Леверинот" (?) (Русија), но со задоволство си поминува, барем (ѕирнала) потоа се појавува „самарјанинот" (Бугарија)... Јас мислам дека ако политиката на Бугарија беше само „самаријанска", немаше да ги предизвика волчешките апетити и на другите. Зашто таа даде лош пример на корист и грабливост, така постапија и другите... Ако нејзината политика не беше „фалш", немаше да ја дотера до тоа дереџе Македонија - наместо под едно ропство (турското), сега токму 3-4 робии! Не е во прашање тоа кое е полесно или потешко, но нели Македонија не е единствена, ниту слободна, ниту на Македонците!? А тоа е ужасната положба што се трпи како од ДН (Друштвото на народите - б.р.) така и од Европа и Америка, па и од славјанството. А тоа не чини да е така! Бидејќи како што сосема мали народи имаат право на постоење како што се: Монако, Албанија, Андора, Данците, итн., исто така стопати има право и Македонија. Но, ако некоја држава не и го дава „правото", зошто уште чека и Бугарија? До кога таа ќе „злоупотребува" со народот што е сличен на нејзиниот?! Нека тоа право го даде за пример!... Нека на мирен начин им го даде на Македонците тоа што е македонско! Зошто уште го држи „туѓото" претендирајќи деќа е „нејзино"? Зарем Македонците се „Бугари"... Колку што Бугарите се Македонци, толку и Македонците се Бугари! - Голема разлика!... Едните биле од пред Христа а другите во VII в. по Христа на Балканскиот Полуостров...“

Наместо закани и уцени од соседите, добро е да се прочитаат овие редови на Горски. Тие не мора да се спроведат децидно, но со признавање на македонскиот народ и евроинтеграциите на земјата можат да се надминат сите несогласувања, а Балканот тогаш ќе влезе во мирни води. Тогаш ќе има просперитет за сите. Вака раскарани, разединети, народите на Балканот, како Македонците, така и Србите, Грците и Бугарите нема да видат бел ден.

Исто така на сите треба да им биде јасно дека на Македонија доста и се мамења со сништа и фантазии? Време е за дела - Македонија за Македонците. 3ашто којшто ја потиска, ќе биде потиснат; којшто ја граби, ќе биде ограбен; којшто ја погубува, ќе биде погубен!

О Македонијо, белким севишниот ќе ти помогне та да се засрамат тие што не сакаат да ти помогнат - со правда, мир и слобода.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.