Среда, 30 Август 2017   
Од Хари да е доста да е

rubin-jovanovski
Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Новата Извршна власт во Република Македонија со комплетирањето на првите ешалони, и тоа министри, заменици министри, државни секретари, директори на Јавни претпријатија каде и свој удел има и Владата почна да сменува и Раководители на Подрачните одделенија на сите Министерства во сите општини Главен координатор за поставување на раководни места во Градот под Марковите кули е нарцисоидната личност, приватниот бизнисмен, факултетскиот професор и актуелен пратеник во Републичкото собрание, Хари Локвенец.

Многу жално е личност со многу титули и професии да не може да состави ростер на екипата, а во конкретниов случај да постави личности на раководни места кои успешно ќе се носат со секојдневните предизвици од доменот на местото каде се поставени во координација со нарцисоидната личност, Хари Локвенец, а со амин од Централата од Скопје на чело со бомбашот Зоки Заев. На раководни места се ставаат кандидати кои биле на последните места на изборните листи за потенцијални членови во Законодавниот дом од една и потенцијални членови за во општинскиот совет на Прилеп од друга страна. Исто така, се поставуваат и истрошени личности кои датираат од времето на почетокот на новиот милениум кога плавите момчиња беа на чело на локално и централно ниво.

Многу е жално и што се поставуваат и лица без работно искуство. Најголема борба се чини, се води за владин повереник во загубарот Еуро композит. Најслатко директорско место со спортски жаргон кажано "златна кокошка” е директорувањето со Тутунскиот Комбинат во Прилеп.

Преку електронските и социјалните мрежи се нудат повторно да седнат на директорското место личности кои во минатото прилепскиот монопол го оставија во финансиска була. Иронијата, да биде уште поголема мостото го посакуваат и личности кои по успешно спроведената рехабилитација во КПУ Идризово сакаат повторно да го запоседнат директорското столче во прилепскиот монопол.

Налеклатантен пример за несоодветен кадар е пуштањето во оптек, поточно низ новинарските кулоари на личности од редовите на плавите момчиња во корелација со шарените револуционери кои треба еден од нив да истрча на терен на следните локални избори каде треба да ги одмери силите со личноста која во последните 12 години Прилеп од мртов град без перспектива го направи во вистинска смисла на зборот инфраструктирна ренесанса.

Личноста која ќе ги претставува плавите момчиња најдобро е уште пред самиот старт на мечот со спортски жаргон кажано да го предаде натпреварот со службен резултат од 3 : 0.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.