|
|
МАКЕДОНСКИ МАНИФЕСТ И СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС |
СЕМАКЕДОНСКАТА ЦРВЕНА ЛИНИЈА ЗА ИМЕТО: СМЕ БИЛЕ, СМЕ И ЌЕ БИДЕМЕ МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНИЈА! 29 август 2017 година, Скопје, Македонија - Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес упатија отворено обраќање до Владата и опозицијата на Република Македонија, за семакедонската црвена линија, во пресрет на посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас. Во отвореното обраќање се вели: - Почитувани, Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес Ви се обраќаат спроти посетата на грчкиот министер за мадворешни работи Никос Коѕиас, за еднаш засекогаш цврсто да ја поставите нашата црвена линија за името што сакаат да ни го сменат: СМЕ БИЛЕ, СМЕ И ЌЕ БИДЕМЕ МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНИЈА, ВЕЧНО, ОД ИСКОНОТ ДО БЕСКРАЈОТ! Името на државата е идентитетот на нацијата! Со сите разлики меѓу нас Македонците, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател! За жал, Европската Унија и НАТО три децении од осамостојувањето не’ уценуваат и дискриминираат. Првин мораме да имаме самопочит кон себе, за другите да не’ почитуваат. Повлечете ја црвената линија, како наше природно, неотуѓиво, неотстапно и неприкосновено веќе апсолвирано право на самоопределување и самоидентификација! Ние, Македонците, уште со прогласот на Аристотел и Александар Македонски го прокламиравме “природното право и правото на народите“! Ние, Македонците, први го укинавме ропството, промовирајќи ја еднаквоста меѓу луѓето и народите пред Бога и правдата! Почитувани, од Владата и од опозицијата, Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес од првиот ден на притисоците од Атина, Брисел и Вашингтон за промена на името наше исконско, ја поставија црвената линија по оваа тема, која сега и Вам Ви ја предлагаме! Македонците, по потекло и државјанство, во апсолутно мнозинство, на референдумот одржан на 8 септември 1991 година гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки, одлуката на референдумот за сите по Устав е задолжителна! Бидете доблесни и храбри, охрабрете го народот кој Ви дал мандат и го претставувате, народот од Вас очекува одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата, да не Ве паметиме како одродници и предавници! Повлечете ја црвената линија на нашиот исконски идентитет, самопочит и национална доблест! - се вели на крајот од отвореното обраќање на Македонски Манифест и Светскиот Македонски Конгрес до Владата и опозицијата на Република Македонија. |