|
|
ПОВИК ЗА МИРЕН ПРОТЕСТ ПРЕД СОБРАНИЕТО, ПРОТИВ ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ НА 13, 14 И 15 СЕПТЕМВРИ 2017! |
11 септември 2017 година, Скопје, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес и Македонски Манифест се приклучуваат на здружението “Преродба“, Граѓанската иницијатива против Законот за употреба на јазиците предводена од отец Ивица Тодоров и здружението “Тврдокорни“ во организацијата на мирен протест против донесувањето на Законот за употреба на јазиците! Светскиот Македонски Конгрес, Македонски манифест, здружението “Преродба“, Граѓанската иницијатива против Законот за употреба на јазиците предводена од отец Ивица Тодоров и здружението “Тврдокорни“ упатуваат јавен повик до сите Македонци по род и државјанство на мирен протест пред Собранието на Република Македонија на 13 септември 2017 година (среда), 14 септември 2017 година (четврток) и 15 септември 2017 година (петок), секој ден од 18.00-20.00 часот. Собирно место е во Паркот “Жена Борец“ карши Собранието од 17.30 часот. Се известуваат граѓаните дека сообраќајницата од Порта Македонија до Градската болница во наведените денови и термин ќе биде блокирана! Мирниот протест не е против малцинските етнички заедници во Македонија! Протестот е со барање до Владата да го повлече предлог Законот за употреба на јазиците од Собранието, бидејќи е неуставен, не е европски, ги руши унитарноста и територијалниот интегритет на државата, ги дискриминира помалите етнички заедници, ја дестабилизира земјата, и врши мајоризација на малцинството врз мнозинството, и секако не смее да се злоупотребува за престојните локални избори! Доколку Собранието го донесе, организаторите ќе поднесат барање до претседателот на Републиката да не го потпише указот за прогласување на Законот, а доколку Законот се објави во "Службен весник", организаторите ќе го оспорат пред Уставниот суд на Македонија! За учесниците обезбедено е озвучување со обраќања на организаторите! Организаторите, исто така, имаат подготвено транспаренти на македонски и англиски јазик со слоганите: “Предавството не е демократија!“ “Законот за јазиците е антинуставен!“ “ Законот за јазиците не е европски закон!“ “Една држава - еден јазик, и дома и во светот!“ “ НЕ, на јазичната федерализација!“ “Македонскиот јазик за сите и дома и во светот!“ “Што за Албанците во Македонија, тоа за Македонците во Албанија!“ “Реципроцитет меѓу Македонија и Албанија!“ “Македонија - унитарна држава!“ Организаторите се оградуваат од можни недолични пароли и расистички скандирања! Добредојдени се сите кои го споделуваат овие вредности и барања! Ве очекуваме! Споделете ја оваа вест до што повеќе луѓе, на што повеќе социјални мрежи и медиуми. |