Среда, 20 Септември 2017   
ЧАК КОНКОНИ И ВМРО-ДПМНЕ

todor-petrov

Тодор Петров

Да не беше Чак Конкони и “Фокус Вашингтон“ немаше да дознаеме дека ВМРО-ДПМНЕ е про-руска партија и дека Македонија е под големо руско влијание. За жал, тоа е сликата во Соединетите Американски Држави која се перцепира за Македонија, по заслуга на Џес Бејли, ги легитимира своите субверзивни активности, иако реалноста е сосема друга.

А, реалноста е дека Џес Бејли си создаде губернија од Македонија, предворје на Калето, која што ја владее. Исто како што Косово е предворје на Бонд Стил до Урошевац. Оттаму од Косово беше агресијата врз Македонија, од терористичките организации кои ги инсталира Вашингтон.

Со шарената револуција и Сорос, Џес Бејли си донесе на власт марионетска Влада, којашто треба да ги продаде јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ на Бугарија, името на државата Македонија на Грција, а со двојазичноста - територијата на Албанија.

Гостин на Чак Конкони во студиото на “Фокус Вашингтон“ беше реформаторот Александар Михајловски, определен од Калето. Не, дека реформи во ВМРО-ДПМНЕ не се потребни, од нив никогаш доста! Но, со петминутното интервју на Чак Конкони со Александар Михајловски и на врапчињата ќе им стане јасно дека неговата мисија во Вашингтон е да даде чесен пионерски збор дека ќе ја врати партијата кон политиките на евро-атлантските интеграции. Демек, еве членовите на ВМРО-ДПМНЕ сакале сојуз на Македонија во НАТО и Европската Унија, ама Никола Груевски тоа задоволство не им го пружал. А, кутриот, заради отфрлање на обвинението дека “е против САД а за Русија“, и од сон да го скорнат ќе Ви каже дека Македонија е за сојуз со НАТО и со Европската Унија.

На крајот, нема да биде во прашање криминалот, туку да го нема Никола Груевски, за Македонија да го продолжи патот кон НАТО и Европската Унија. А, што е потребно тоа да се оствари? Македонија да го смени името на државата, да добие ново име за меѓународна употреба, подоцна истото и за внатрешна, и да го смени идентитетот на нацијата... За таа цел, наместо Груевски, потребно е кукавичје јајце од Калето. Треба да го снесе Бејли и подоцна со него да манипулира и во партијата и со нацијата! Така беше и со Љубчо Георгиевски и Арбен Џафери ги шетаа во САД не за да го видат Холивуд, туку да ја формираат коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со ДПА, како што Радмила Шеќеринска и Али Ахмети ги шетаа во САД не за да го видат Дизниленд , туку да ја формираат коалицијата на СДСМ со ДУИ. Или Калето му доаѓа како култно место, кому ќе падне паричето “да глуми власт“ во Македонија.

Или, да биде поразбирливо, Џес Бејли ја казни Македонија со шарената револуција, затоа што Владата на Груевски потпиша аранжман за рускиот гасовод преку Унгарија, Србија, Македонија и Грција, и за кинеската железница од Будимпешта до Атина, односно затоа што Македонија не воведе санкции против Руската Федерација!

Впрочем, зошто човек мора да е за Русија, ако е против НАТО и Европската Унија? И зошто веднаш етикетата русофил, ако некој е за суверена и самостојна Македонија?

Сите ја памтиме министерката за одбрана Радмила Шеќеринска која во интервју за агенцијата “Блумберг“ на 9 август 2017 година изјави, дека “Владата го зголемува притисокот за прием на земјата во НАТО, бидејќи смета дека на овој начин НАТО ќе ја заштити Република Македонија од руска интервенција во внатрешните работи“ и “Пред изборот на новиот кабинет бевме сведоци на одлив на информации за обидите на Русија да постигне влијание во клучните политички области и во областа на безбедноста“. Кажа Шеќеринска и остана жива, иако им наштети на билатералните односи со Руската Федерација.

После Радмила Шеќеринска, реформаторот Александар Михајловски е втор фронтмен на Хојт Брајан Ји и Џес Бејли во Македонија.

А, Хојт Брајан Ји како извршител на Викторија Нуланд, пред Поткомитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Американскиот Конгрес го оправда мешањето на Џес Бејли во внатрешните работи на Македонија, со образложение дека Џес Бејли вршел “заштита на Балканот од негативното влијание на Русија“.

За очекување е Македонија да ги унапредува билтаралните односи не само со Соединетите Американски Држави туку и со Руската Федерација и Кина, бидејќи светот се развива мултиполарно, а американскиот унилатерализам и европскиот центризам се трајно минато свршено време. Оправдано е Македонија покрај евро-атлантската да ја преферира и евро-азиската соработка!

Но, освен Самсоненко, ретко што руско ќе видете или, во Македонија ќе осетите. А, од Самсоненко: Фудбалскиот клуб Вардар, Ракометниот клуб Вардар, Женскиот ракометен клуб Вардар, една црква во руски стил во Аеродром како подарок на МПЦ, Спортско-рекреативниот центар “Јане Сандански“ во Аеродром, Фудбалскиот тренинг центар во Хиподром подарок на општина Гази Баба, Фудбалската академија во општина Центар и Хотел Русија. И, тоа ли е проблем за Вашингтон?

Разбирливо е, борба за власт во држава, па и борба за власт во партија, ама... Наместо Чак Конкони да беше Чак Норис, интервјуто ќе беше и неверојатно...

https://www.youtube.com/embed/dkAtHX6LvM4

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.