Среда, 20 Септември 2017   
Македонскиот народ најмногу му верува на ВМРО ДПМНЕ

svekrva-nova
Свекрва

Дека мнозинскиот македонски народ нема да потклекне под притисоците  и лажните ветувања, како и тоа дека најмногу му верува на ВМРО ДПМНЕ покажува и анкетата на институтот „Димитрија Чуповски“. Според оваа анкета, ВМРО-ДПМНЕ има огромна предност пред СДСМ.  Имено 28,4 отсто од гласачите би гласале за ВМРО-ДПМНЕ доколку утре се одржат избори, а за СДСМ би гласале 18,1 процент.

По изминатите 100 дена, во отчетот кој го даде новата Влада предводена од лидерот на СДСМ Зоран Заев нема речиси ниту еден конкретен позитивен резултат во сите сфери. Се се говори дека нешто се прави, но нема ништо реално што е направено. Или може да каже, се што е направено до сега, или што се предвидува да се направи е на штета на македонскиот народ. Странските инвестиции се доведени во прашање, еконијата рапидно паѓа, наместо вработувања следуваат откази, а во последните три месеци младите масовно си заминуваат од земјата.

Актуелната власт наместо во овие три месеци да се сврти кон реалните проблеми на земјата, своите активности ги насочува да ги исполни договорите со своите албански коалициони партнери (спроведување на Тиранската платформа за употреба на албанскиот јазик на целата територија на земјата, амнестија на наводно невино затворените и т.н.), потоа вработување на соросовите „професионалци“ во државните институции кои до неодамна фарбаа, како и тоа да им овозможи на своите партиски спонзори договори за брзо богатење.

Се што се случува на внатрешен план, актуелната власт се обидува да го покрие со залажување на јавноста за наводни брзи евроатлански интеграции, иако многу добро се знае дека Грција нема да дозволи ни под референцата да станеме дел од НАТО алијансата. Особено не сега, кога по се несигурната Турција, Грција станува вежна стратешка точка за Блискиот Исток.

СДСМ со својата необмислена надворешна политика направи огромна штета на позициите на Македонија, што го привлекува вниманието на јавноста. Меѓутоа ниту една постапка не може да го скрие недомаќинското работење на актуелната власт која ја тресат се повеќе афери.

Медиумите веќе говорат за струјниот удар на власта, во кои функционери во Владата им овозможувале на свои фирми или блиски да остваруваат финансиска добивка од буџетот на владата. Но ни конфликтот на интереси, ни непотизмот, не ја спречува оваа власт да си го тера својот ќеф и да се богати на сметка на граѓаните. Ако тоа се случува на највисоко ниво, замислете што би било на локално ниво, доколку коалицијата на СДСМ освои што повеќе единици на локалната самоуправа.

Подготовките да се освои власта на локалните избори закажани за 15 октомври се во најголем ек, како кај опозицијата, така и кај партијата на власт. СДСМ, како и за време на парламентарните избори минатата година во декември, со помош на надворешните центри на моќ, албанската заедница и подземјето се спрема да освои што може повеќе градоначалнички и советнички места. За таа цел, анкетите платени со странски пари се обидуваат вештачки да го зголемат рејтингот на СДСМ, што покажува и процент на маргините на грешка кој двојно е зголемен за разлика од вообичаените, а тоа значи грешка од илјадници гласови.

Меѓутоа, иако актуелната власт настапува дека зборот си е збор, по искуството со Зоран Заев народот не им верува. Едноставно, не може да му се верува на човек по сите лаги кои им ги кажал (поголеми платите на администрацијата, вработувања и т.н.).

Свесен дека нема да има поддршка од македонскиот народ и другите етнички заедници, Зоран Заев се сврте кон испробаниот рецепт, кон албанската заедница. Тој неодамна го посети затворот Идризово за наводно да види какви се условите во кои живеат затворениците и пред октомвриските локални избори најави амнестија бидејќи затворите биле пренатрупани.

Ваквата најава не е ни малку случајна. Имено, со ослободување на затворениците од албанската заедница се очекува да се подигне рејтингот на албанскиот коалиционен партнер и иако според пописот барем една третина се помалку, според анкетата ИРИ се очекува околу 360.000 албанци да ги поддржат кандидатите за градоначаници и советничките листи на албанско- социјалдемократска коалиција.

Дека постои меѓукоалициски дил говори и фактот што Зоран Заев и Владата го ослободија Агим Красниќи од затвор. Односно, иако бил пуштен на викенд, тој не се вратил во затворот на доодлежување на казната. Пуштање на тешки криминалци во пресрет на локалните избори може да значи дека партиите на власт се спремни на правење на изборни нерегуларности.

Од друга страна, СДСМ сега ветува чуда и волшебни решенија. Меѓутоа, народот веќе не може да им верува на луѓе кои не држат до зборот, на луѓе кои ништо не исполнија од дадените ветувања и чуѓе кои прават стратегија за примање и интеграција на бегалците во локалните самоуправи каде македонскиот е мнозински народ, без да се праша самиот народ.

При вакви околности, свесни за предизвиците кои ги носат овие локални избори, коалицијата на ВМРО ДПМНЕ сериозно се подготвува. По извршените темелни анализи се поставуваат кандидати за градоначалници и лица во советнички листи на кои народот најмногу им верува. Со право се очекува дека тие ќе ја добијат поддршката на народот, бидејќи тоа се докажани луѓе способни да ги реализираат сите предвидени проекти во интерес на граѓаните, без разлика на нивната политичка, етничка и верска припадност.

Дека народот нема да потклекне под притисоците и лажните ветувања, како и тоа дека најмногу му верува на ВМРО ДПМНЕ покажува и анкетата на институтот „Димитрија Чуповски“. Според оваа анкета, во пресрет на локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври, ВМРО-ДПМНЕ има огромна предност пред СДСМ.  Имено 28,4 отсто од гласачите би гласале за ВМРО-ДПМНЕ доколку утре се одржат избори, а за СДСМ би гласале 18,1 процент. Исто така, најголемата доверба ужива и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, односно 29,2 отсто, а премиерот Зоран Заев има само 14,8 проценти доверба од граѓаните.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.