|
|
Живеј народе Македонски, ама вака до кога? |
Македонија како да станува вестерн шпагети реално шоу. За тоа се погрижија неколку реални ликови од Македонија. Точно на пладне, како Клинт Иствуд во каубојските филмови се закажа шамарење во Скопје. Познавајќи ја фамилијата на Палчо, со сигурност можеме да го дефинираме како ДОБАР, поради револтот кон СДСМ во кој е и тој самиот член и противник на шарената револуција. Најомразениот изрод кој е многу грд и мизерен, Бранко Героски со право ја има титулата ГРД, а Милчин како лош измеќар соросоидски, со леснотија е оквалификуван како ЛОШ. Но тоа не е се. Таман помисливме ова ќе трае подолго, кога уште една група ја направија поинтересна оваа филмска насловна идила. Трамп, Заев и Димитров. Трамп е добриот (ако можеме да кажеме), Заев е грдиот а Димитров лошиот. Па има ли крај на лагите комуњарски? Заев се поздрави со Трамп и тоа само за една секунда, затоа што Трамп мислеше да се поздрави и со редарите па и со чистачите на клозети а Заев волонтерски се намести за да има наводно алиби за потршените 500 милиони евра "кредити". Каде е Бејли да му помогнеше барем на Заев една ролна тоалетна хартија да му однесеше на Трамп ако му се одеше по голема нужда? Сето ова е реално шпагети вестерн шоу во жална Македонија, каде и затворениците се пуштаат од затвор за да станат редари и фактори па дури и политичари или во најмала рака советници на СДСМ. Верушевски наместо во затвор да скапе рамо до рамо со Заев, едниот Премиер а другиот разузнувач. Само во жалосна и вечно окупирана Македонија сето ова е возможно. А народот ... си молчи и си вели - ма што ми е гајле, сакам живот да живеам. Живеј народе Македонски, ама вака до кога?
|