Среда, 27 Септември 2017   
Повик до населението да се приклучи на комитски-партизански чети!

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

При крајот на 1942 и почетокот на 1943 година силите на Антихитлеровската коалција постигнаа победи што преставуваат пресвртница во развојот на Втората светска војна. По успешната офанзива на западните сојузници во Северна Африка (XI 1942 - I 1943) и поразот на Германците кај Сталинград (19. IX 1942 – 2. II 1943), силите на Оската се најдоа во тешка состојба. Откако инцијативата на фронтовите мина во рацете на антихитлеровската коалиција и започна период  на нејзино константно напредување, се бележи општо засилување на силите на отпорот во Европа, вклучувајќи и на целата територија на Македонија

Соочувајќи се со опасност од продор на силите на Антихитлеровската коалиција на Балканот каде движењето на отпорот зема голем замав, силите на Оската започнуваат со подготовки за мобилизација во своите земји и окупираните територии. Кон крајот на 1942 и почетокот на 1943 година бугарскиот окупатор започна опсежни подготовки за мобилизација на својата војска. Организацијата на КПЈ на Македонија ја користи оваа акција на окупаторот за мобилизирање на масите и разобличување на окупаторот и неговата политика.

Интересно е Упаството на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија од 20 февруари 1943 година во кое, врз светлите македонски традиции во борбата за создавање на слободна и независна македонска држава, се повикуваат раководителите и членството на месните комитети да работат на спречување на мобилизацијата и да ги повикаат Македонците да се приклучи во комитско-партизанските чети и создавање на народноослободителна војска на Македонија. Во ова Упаство меѓудругото се вели:

„Во врска со мобилизацијата потребно је да се истакне следното, ради правилното ориентиране на нашите раководители и членови на Партијата.

1.  Најверојатно е да мобилизацијата кје се спроведуе по делови и постепено, значи да имаме могукјности да солидно и озбилно припремиме спроведуването на ставот от нашата Партија по прашането за мобилизацијата.

2. Непријателот сега е превзел следното: а) по сите места повикуене на офицерите Македонци на воен курс; б) правене список за теране во логор Евреите, Власи и др. „неблагодежни" (нелојални граѓани спрема окупаторската власт - „Срби"); в) делене војни мобилизациони распореди за во случај општа мобилизација, а во некој места извршено е и масово мобилисуене селани и грагјани. Постои опасност да ставот по мобилизацијата биде круто спроведен и да ги отфрлиме от себе поштените инаку лугје. Треба да се напомни да, и поред това што мие упорито кје го повикуеме и организираме народот да на мобилизацијата одговори со демонстрации, со саботирање, одење во народ-ноослободителните комитски-партизански чети, со стваране своја македонска народноослободителна војска, да треба да умеиме правилно да му пријдеме и на оние лугје од масата кој сега уште не се спремни да тргнат по тој пат и кој се одазиват на мобилизацијата.

Ние требе и на тие лугје кој веке тргат и тек кога кје тргат да му укажуеме конкретно што да прави таму да барајат свои војнички права (борба за непосредните интереси), да во војската се поврзујат сос Македонците, да таму стварајат МНОК, да во одлучните моменти прејдујат на страната од „непријателот" или уште поарно да организирано бегат во планина и бегат во Македонија каде кје се створуе македонска народ-ноослободителна војска.

Важноје да во работата чврсто седржиме за нашиот основен став - одене во партизански чети, а воа е само доплнение.

Опасност е да се това доплнение не протумачи опортунистички - како да сне мие за одазиване на мобилизацијата и тек отаде да се организуе борбата.

Нарочито таму каде нема партизани, нашите парт(иски) организации требе да со усилена работа извршат припрема за исфрлуене партизани и со това со пример да покажеме на народот патот по кој требе да се оде. Таму каде има партизани ногу е полесно да се спроведе ставот во живот.

Со обзир да широка мобилизација тек предстоји, се има време да се поред масовни акции (демонстрации, протести и сл.), организират и воени акции (и партизански и позадински), оти само со акции најарно кје му го покажиме на народо неговијот пат.

До дека нема акции и партизани, некје има и бегане на народот во планина.

За нашите другари партијци и симпатизери, ставот је јасен освен за појединци кој само по одлуката на Партијата отидуват на специјална длжност во војската.

Целијот став по мобилизацијата требе добро да се разработи и со нашите симпатизери и добро да се контролира како се спроведуе у дело, да не би ни се осветило искривуењето на основната линија, било „лево" (викане на лугје кој се одазиват на мобилизацијата вие сте издајници, кукавици и др.), било „десно" (уште е рано за во планина, немаме оружје, требе да се оди во војска па отаде да се организира борбата и сл.) -

Важно је, другари, да не детално обавестувате како се спроведуе ставот по овоа денеска нај важно прашане од чие правилно спроведуене, ногу зависи понатамошната борба на нашиот народ. “ (Извори. Том I. Кн. 2, стр. 103-104.)

Битката за освојување на широките народни маси даде големи резултати. Македонците од сите делови на поделена Македонија беа убедени дека ќе го извојуваат правото на национална и социјална слобода, правото на самоопределување. Во процесот на антифашистичката борба се создадоа и се развија бројни масовни политички организации – како органи на борбата. Во нивните редови беа опфатени луѓе од сите социјални категории и од сите националности кои живеат во Македонија. Сите антифашистички сили се обединеа во единствен фронт, што преставуваше база за натамошниот развиток на ослободителната борба. Во почетокот на 1943 година народноослободителното движење ја опфати цела Македонија, а во поголем нејзин дел се водеа тешки вооружени борби.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.