Среда, 04 Октомври 2017   
Прилепско губитничка политика на плавите момчиња

rubin-jovanovski
Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Митинзите на политичките партии за следните редовни локални избори започнаа пред неколку дена. Со спортски жаргон кажано капитените на екипите односно кандидатите за градоначалници и следствено на тоа советничките листи со програма се трудат да придобијат глас повеќе од електоратот од противникот за да ја запоседнат градоначалничката функција и да обезбедат мнозинство во локалниот совет.

Се оди од врата на врата, маалските средини, урбаните заедници каде се изложува партиската програма на кандидатите за градоначалници.

Локалните избори се разликуваат од парламентарните од проста причина што идните одлучуваат само за локалната власт, а на парламентарните познато е дека се одлучува за управување на извршната власт.

Но 15 октомври е еден вид репер за иднината на Република Македонија.

Ако се случи да победи актуелното владеачко мнозинство на чело со СДСМ и аболицираниот лидер, и воедно премиер 3.З, аналогно на тоа ќе се заклучи дека погубната политика која актуелно ја заговараат плавите момчиња ќе биде реалиост за кратко време.

Ако победи актуелната опозиција на чело со ВМРО ДПМНЕ и нејзиииот лидер Никола Груевски ќе се отворат ширум вратите за барање на нови вонреднк парламентарни избори.

Во градот под Марковите кули во трката за градоначалничката функција ќе се борат до последен момент за глас повеќе актуелниот татко на градот Марјан Ристески од редовите на ВМРО ДПМНЕ каде истиот од електоратот ќе го бара 4-от едно по друго градоначалнички мандат и од редовите на плавите момчиња Илија Јованоски кој по вокација е лекар - ортопед - трауматолог и во едно актуелен директор на прилепската болница ЈЗУ Борка Талески - Прилеп.

На прв поглед се чини дека ВМРО ДПМНЕ игра на добитна карта од причини што актуелниот татко на градот Марјан Ристески во своето 12 годишно градоначалничко владеење својот роден град Прилеп од мртов без визија и идеи го направи во буквална смисла на зборот инфраструктурна ренесанса.

За разлика од ВМРО ДПМНЕ плавите момчиња исфрлаат пак кандидат од фелата на докторската професија.

Доминицилното прилепско население од (2000-2005) година ја почувствува т.н. "психијатриска терапија" од тогашниот татко на градот под Марковите кули,психијатарот П.С.

Во тоа време Прилеп беше мртов град без визија за подобро утре на доминицилното население. Психијатарот Пирганоски беше кабинетски градоначалник без да ги слушне мислењата и проблемите на обичниот прилепчанец.

За разлика од него актуелниот градоначалник Марјан Ристески 12 годнии катадневно е на терен, буквално 24/7. Само така се решаваат проблемите на своето население. Па така, низ прилепската чаршија обичниот прилепчанец си го поставуваат прашањето зошто СДСМ предлага кандидат повторно во бел мантил.

Јованоски не треба да води политика, него истиот треба да лекува пациенти.

Најдобро е со градот Прилеп да има личност како актуелниот градоначалник Марјан Ристески кој за час успешно ги завршува проблемите и воедно и проектите во секоја Урбана заедница во градот под Марковите кули.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.