|
|
„Лиценцата“ на ВМРО; патентот на СДСМ; пештерата, болеста, “мороните“… |
Ламбе Арнаудов„Лиценцата“ на ВМРО; патентот на СДСМ; пештерата, болеста, “мороните“…Повторно, и по кој знае пат, секогаш кога ќе ја почувствувате силата, моќта, достоинството на ВМРО, неговата трајна и нераскинлива врска со македонскиот народ, симбиозата во која живеаат не можејќи еден без друг, жестоко безобзирно со лаги, клевети, клетви, пизми, навреди и недостојни изрази и поими се нафрлате на сé што е свето, обидувајќи се да ја изнегирате, да ја обезвредните и да ја искривите вистината која единствено само вие не ја познавате и признавате за улогата и делото на ВМРО и неговиот трнлив, мачен и макотрпен пат за создавање суверена, самостојна, независна и демократска држава.
Во вашите гебелсопропаганистички гласила скојдневно пишувате гнасотилаци од типот: ВМРО за 130 години постоење освен само што се стекнало со “лиценца“ за барање и пронаоѓање предавници ништо друго не направило. Пештерата на децата на ВМРО, болеста ВМРО, маршот на мороните, дволичноста наша – сме за НАТО и ЕУ само не под овие услови наводно измислени и неточни и други перверзии на познатите и признатите онанисти врз сопствениот народ. Да не должам и да почнам со ред од прва ваша лага за наводната “лиценца“ на ВМРО и вие како нивни жртви. “…Погледнал Патрик во сино небо, луто прок΄лнал Ох, послушај мили Боже! Аир никогаш да немаат Стамче, Лигдо, Пејко … Милостив Бог послушал Патричка клетва горешта И сега во куќи нивни Ткае пајак пајажина И во пусти стреи нивни хукаат утови…“ Ова е скратена верзија од последниот дел од песната „1762 лето“ напишана од најголемиот преродбеник Григор Прличев, иконата на возрожденството, духовното опстојување и вечен непокор на македонскиот народ. Денес после 256 години од тој настан и 125 години од формирањето на ВМРО сé е исто. Иста е сцената, ист е театарот, иста е преставата, исти се актерите, сценаристот ист е и режисерот, иста е и публиката, дури и времето е застанато, исто е, само предавниците се други. Муабетов ми е дека тогаш ВМРО не постоеше ама предавници и кодоши како и сега имало, не знам, можеби се сигурно ваши предци. Таа карактерна особина е генетски наследна. Гледате, лиценца не е потребна, сами се разоткривате со неподносливата реа на предавствата што ја ширите секаде околу себе. Не може да се сокриете и нема да избегате од казната бидејќи лиценцата не е кај ВМРО, туку е кај народот и кај Господ. За предавствата ваши и кодошлоците на сопствениот народ, пресудите се извршни, нема основен суд, нема апелација, нема обвинители, ни адвокати, ни врховен суд, ни царски, кралски или претседателски помилувања. Куртул нема. Ќе видете, само додека е време покајајте се и побарајте прошка од својот народ и семожниот Господ зошто казната се пренесува и на наследството невино, не дај Боже. Народот веднаш ве препознава, ве жигосува, не ви се приближува, за навек ве отфрла, никој “Добар ден“ не ви кажува и во пусти, студени домови ваши луксузно опремени со пари обезбедени од предавствата никој не ви влегува. И тогаш за сметка на срди Грци кај Портата и Султанот во Цариград и сега за срди Грци во Брисел и Вашингтон. Исти сте. Истата судбина ќе ја доживеете како Стамче, Лигдо, Пејко и другите. Вие Господа од СДСМ за разлика од ВМРО поседувате не лиценца туку Патент регистриран во Агенцијата за патенти со седиште во Женева и која е најбогатата институција во светов, побогата и од сите банки, конзорциуми и холдинг компании и државни буџети. Нагло и со многу висок процент на пораст приходите вртоглаво им пораснаа и прикажаа профит невиден досега во светски размери од кога го регистрираа вашиот патент за кодошење, предавство, понижување и обесчестување на својот народ и татковина. За ваше знаење, Македонија ќе се извлече од оваа неволја во која е втурнавте, приходите ќе останат кај тој за кого работевте а против своите. Само вие ќе го добиете најдебелото, казната. Предавници сте! Втората лага за наводното извлекување од пештерата на децата на ВМРО. ВМРО пред 125 години излезе од пештерата и го изведе својот народ на светлината на слободата како Мојсие сопствениот. Вие сте уште внатре длабоко во темнината и згора на тоа иако сте луѓе слепи сте како човечката риба од јамата во Постојна. Како слепци можат да водат народ кон посветла иднина? 125 години доцните, уште 250 години ќе ви требаат да застанете на вистинскиот пат. Сé она што просветлените и опулените правеле 125 години со силни жртви положени на олтарот на честа и за слободатана својот народ и татковина една група мизерни, презрени предавници сакате да уништите и опустошите и да го однесете на патеките на исчезнување од која нема враќање. Нема да ви успее! Третата лага за болеста на ВМРО. Не знам за што се секирате. Таа е болест која ги напаѓа само патриотите и вистинските синови на горда Македонија. Симптомите и дијагнозата се видливи, а тоа се патриотизам, родољубие, посветеност, милосрдие, солидарност, добромислителност, доброчинителност, сé што е неопходно потребно да го прават среќен својот народ. Вие природно сте имуни на оваа болест, а ако некој е со длабоко нарушен имунитет располагате со проверени и регистрирани голем број дози, вакцинации и серуми сé со целда спречите епидемија или пандемија на оваа болест во вашите редови. Четвртата лага. Маршот на “мороните“. Една ѕвезда потемнета, изгасната од големиот број на ѕвезди светилници на македонското небо, ѕвезда која ниту свети, ниту грее, ниту нишан дава, на кого злобата му е поголема од духот, кој својот народ не го признава, својата Татковина не ја познава, повеќе од половина од својот народ ги нарече морони. Тогаш зошто рикате, плачете, фучете и молите “мороните“ да излезат на референдум. Каков легимитет ќе има референдум на кој излегле 550 илјади “морони“. Ама вас не ви е ништо свето, гледате само да го поминете она што како задача сте го добиле од вашите наредбодавачи. Ај те молам, што толку жестоко ги жигосуваш, се поигруваш и се потсмеваш со една мала категорија несреќни граѓани и нивните семејства. Морони, не сте. Никој од мојот народ на кого и јас припаѓам никогаш нема така брутално да го навредам. Напротив, интелектуалци сте од прва категорија, ама сте монструми. Кога сме тука да ви кажам дека со ова ги навредувате и вашите преобратувачи кои од вас луѓето прават биороботи. Сетете се на култниот филм Forrest Gump и главниот јунак чиј лик маестрално го одигра Tom Hanks. Видовте ли што “моронот“ направи за својата татковина и кои почести за тоа ги доби. Фабулата на содржината на филмот е: Моронот патриот е подобар и покорисен и од најголемиот интелектуалец предавник. Последната лага за сега. Не сме биле за НАТО и ЕУ, а тоа сме го прикривале со лажно алиби за условите под кои ќе бидеме примени. На третата или четвртата парламентарна седница од првиот плурален состав на Собранието на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ поднесе резолуција за отпочнување на преговори со НАТО и ЕУ. Жестоко се спротиставивте величејќи го заедништвото со Белград, улогата на ЈНА како наш заштитник и дури кажувајќи дека нема да имаме што да јадеме бидејќи “братска“ Србија нема да ни праќа колбаси и компири од Лесковац. Продолживте и во ист стил и понатаму, ВМРО цврсто на својата трајна определба за членство, интеграција со ЕУ и НАТО, а вие ја палевте американската амбасада, ги тепавте НАТО војниците, се радувавте на нападите на терористите во кои гинеа американски војници и невини граѓани и ги осудувавте нивните интервенции. Со пари од Руската комунистичка партија и пари од Кинеската комунистичка партија нé победувавте на избори. Добро ве познаваат. Не ви веруваат. Сојузништвото помеѓу ВМРО и Европските институции е она природното. Брзо ќе се откажат од вас. Од кога тие ве препознаа,а вие се уверивте колку сте малку и мали и се преброивте дека сте двајца без тројца и на број и во строј, сакате да се откажете ама не знаете како. Затоа сте уплашени до коски, крвта ви замрзнува во жилите. Ве уверувам, нема причина за страв. Македонскиот народ и нашата и ваша заедничка Татковина Македонија ќе ве прими во своите мајчински недра. Ќе ве прими како Пастирот залутаната овца, кој оставајќи го бројното стадо тргнал по неа и ја вратил на рамења во стадото. ВМРО заклетвата е дал покрај другото и врз Евангелието и е научен да го сака својот народ и да простува на поединци грешници. Но еднаш бевме невеста сега ќе знаеме да гувееме. Наскоро многу брзо ќе ве победиме, односно сами ќе се поразите. Но нема да ве третираме како поразени и вас ќе ве прифатиме како победници. Наши сме, од исти корен, исто стебло, исти род. Ама, овој пат ќе бидеме и помудри и многу внимателни зошто влогот е голем, влогот е македонскиот народ, влогот е Македонија. Затоа заедно со Божјата и народната милост секогаш покрај себе ќе го имаме и крлугот, За секој случај. На крај. Угурсузи едни! Знам, вие најревносните што се сметате недопирливи, а први ќе настрадате, сега се потсмевате и сте сигурни во себе дека никој ништо не ви може. Мислите дека смрдеата предавничка ќе ја покриете со странските силни мириси и ароми брендирани од ЕУ како што се Hugo Boss, Coco Chanel, Sergio Tacchini, Valentino, Prada и други. Ама не заборавајте има еден многу практичен, автохтон метод за откривање на предавници, а тоа е токму македонскиот бренд гравот, кој покрај што е деликатесен, кулинарски специјалитет носи со себе и длабока општествена, социјална и филозофска порака која вели: Штом гравот зоврие шупливите зрна излегуваат на површина и домаќинките со лажица ги фрлаат во ѓубре. Нашата заедничка грижлива мајка, пазителка Македонија со својата лажица ќе ги собере шупливите зрна, човечулчиња и ќе ги фрли на ѓубриште во некоја депонија каде ќе горат, ќе чадат, ќе трулат и ќе скапуваат за да не прават пакост. Кој оваа метафора не е разбира тој е безнадежен. Тешко него. Седи со своите, не бегај кај чужџинците макар и биле богати. Никогаш нема да те прифатат за свој. |