Вторник, 24 Јули 2018   
ВМРО-ДПМНЕ во својата програма во 1990 бараше итен влез во Нато и ЕУ-СДСМ дури во 1996

13087552 10208317905078858 1093200006616896689 n

Александар Бичиклиски

Во 1990 година во Ноември во македонскиот парламент се одржуваше жестока дебата по прашањето дали ќе продолжиме како независна држава или ќе стапиме во конфедеративен статус на нова Југославија.

На таа пленарна седница единствена ВМРО - ДПМНЕ ја бранеше и ја одбрани опцијата за независна и суверена република Македонија .Од друга страна Сојузот на комунисти на Македонија (денешен СДСМ),Сојузот на реформски сили на Југославија (денешна либерална,либерално демократска партија),Движењето за Југославија подржуваа исклучиво конфедерална опција како дел од една нова Југославија претставена преку таканаречената платформа Изедбеговиќ-Глигоров .

Како што се ближеше крајот на седницата почна да расте нервозата кај подржувачите на нова Југославија ,од две причини .Првата ја губеа битката во парламентот со силни и јаки аргументи и факти од ВМРО-ДПМНЕ и втората од народот кој во огромен број се собра пред парламентот испровоциран од дебатата....

Од друга страна таа ноемвриска вечер требаше да се одржи состанок во Белград со претстаниците од македонскиот,српскиот,босанскиот и црногорскиот парламент требаше да стават потпис за формирање на новата Југославија.До 17:00 во Белград веќе беа претставниците на овие републики со добиени подршки за влез во новиот сојуз и се чекаше да пристигнат уште нашите претсавници .....

Во 17:00 спикерот на парламентот Стојан Андов почна да ги прекинува сите дебати на ВМРО-ДПМНЕ со образложение "Човеци возот за Белград ќе ни побегне немаме многу време" ,што предизвика бура од негодување и во парламентот и надвор од него .Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека нема да го напуштат се додека не се донесе одлука за референдум (плебисцит) на кој граѓаните ќе одлучат дали се за независна и суверена Македонија или се за сојуз со Југославија.

Надвор насобраниот народ создаде обрач околу парламентот со порака дека таа вечер никој нема да биде пуштен да патува за Белград.

Под ваков притисок парламентот ја донесе одлуката за одење на референдум што представуваше почеток на нашиот суверенитет .

Ова ви го пишувам испровоциран од вчерашната изјава на Заев "ВМРО не сака да се качи со нас на брзиот воз кој ќе не однесе во ЕУ и НАТО"
Очигледно матрицата е иста како пред 28 години .....
Ако не сте со нас ќе пропаденте ќе ве нема...

Тогаш ВМРО беа клети платеници на САД и НАТО кои го уриваа братството и единството на Југославија,а сега се платеници на Русија и го уриваат мултиетничкиот соживот и се против ЕУ и НАТО !!!!

И повторно истата приказна ако не се качиме на возот ќе не нема ,ќе се распаднеме ,ќе има војна и уште еден куп небулози кои се изнаслушавме.

Почитувани да ве потсетам дека единствено ВМРО-ДПМНЕ во својата програма во 1990 бара итен влез во Нато и ЕУ додека другите партии тоа прв пат го направија многу подоцна ( сдсм дури во 1996)

Единствено ВМРО бараше независна суверена Македонија со своја војска,пари и итн
Исто така треба да ви е јасно дека определбата на ВМРО е влез во Нато и ЕУ меѓутоа според критериумите кои се бараат во економијата судството војската .

Не може и не смее услов во воен сојуз(Нато) и економско-политички сојуз (ЕУ) да биде промена на името на државата бидејки се коси со основачките повелби на двата сојуза во кои е загарантирано правото на самоопределување .

Господине Заев вашиот полторнски однос,и лагите дека огромен дел од граѓаните се за промена на името за влез во сојузите вие само имате привремена подршка од истите која ќе ја изгубите по референдумот кога вашата лага ќе излезе на виделина.

И тогаш ќе возат возовите но вашиот ќе ги вози последните километри до буништето на историјата........

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.