Вторник, 31 Јули 2018   
За уши ќе ве носиме на референдум
altАлдо Климан
Референдумот за името е скок со падобран што нема да се отвори

Идиотскиот велепредавнички бал на вампирите започна! Политичкиот хистерик Зоран Заев препотентно го отвори големоалбанскиот и големогрчки референдумски диско клуб, и веднаш ја одврте „до даска“ најгрубата пропагандна нарко-рејверска турбо-бучава, на 120 децибели, до границата на болката, за дивјачки да заглуши се’ и секого, и никој со никого да не се чуе, и особено да не се чуе здравиот разум. Се’ мора со сила, со буткање, со агресивно пропагандно дерење и примитивно надвикување да се задуши, за да можат јасно да се чујат само неговите пизда-спикери, што како сиви труби на звучниците и мегафоните по бандерите и по ќошињата на куќите во времето на фашистичката окупација, здодевно и подмолно ќе ни ги повторуваат бедните познати лаги, измами, заведувања, застрашувања и уцени во врска со штотуку објавениот квислиншки, ненароден, незаконски и неуставен референдум за промена на името на Република Македонија и на нашето историско национално име македонка, македонец.

Закажаниот референдум за промена на Уставот и на името на Република Македонија не е само некаков апстрактен збор од речникот на странски зборови – „референдум,“ што во наредните два месеци низ медиумите и низ политичките изјави главно само така ќе се повторува, „референдум ова“, „референдум она“ – сосема испразнет од вистинските страшни и стравотни значења! А токму на тоа смета велепредавникот Заев. Но кога сето тоа би било така едноставно и неважно немаше да се случи сиов овој ужас што неколку години наназад ни се случува: му ги превртија и безочно му ги искинаа цревата на македонскиот народ. Не, овој подмолно обмислен референдум, со подмолно и измамнички повеќесложно, криминално, уценувачки поставено прашање не претставува само некаква си банална номенклатурна чиновничка промена, како што сакаат тоа да ни го претстават политичките ѓубриња и нивните слуги, туку длабока и конечна, целосна и неповратна загуба на сето она што како народ низ вековите сме го создавале и создале, и на сето она што сме биле и што сме денес.

Затоа ова што само неколку часа по прогласувањето на одлуката за референдум се случува низ збудалените гебелсовски провладини медиуми и на провладините социјални мрежи, и што брутално ќе се развлече до денот на референдумот, е најобичен пропаганден мртовечки танц и подготовка за посмртен марш над Македонија и над македонскиот народ!

Погледнете само какви се’ неверојатни глупости, политички бесмислици и закани се искажани унисоно и во еден здив од луѓе чиј морал и човечко достоинство се како од црна чума покосени од предaвничкиот синдром на заевштината. Пред нас се одвива едно кретенско пропагандно дефиле, вистински месечарски натпревар на мртви и продадени души. Македонија плаче и крвари заради вас, кутри одроди и предавници, но Македонија и ве сожалува во вашата морална беда! Како во песната „Умреја батко Ѓорѓија“ не умирате од болест, туку од најстрашна лудост! Но знајте дека македонскиот народ нема да оди по вас во таа бесмислена смрт. Македонскиот народ е витален, а не мортален. Македонскиот народ го сака животот и секогаш знаел да си го избори и да си го живее според своја мерка и според своите длабоки и чесни традиции, и со песна и оро да му се радува на секој нов ден под своето преубаво, топло, ЈУЖНО македонско небо! Македонскиот народ ќе има и сили, и храброст, и знаење да си ги врати своето достоинство и своите човечки и национални слободи што во суровиот, злосторнички поход и политички колеж најгрубо му се одземени од страна на бедната предавничка и големоалбанска клика!

Погледнете и почујте колку мизерно, денес во 21 век, звучи црното политичко насилство, опредметено низ заевските сталинофашистоидни едноумни мегафони, навиени на 120 децибели:

Зоран Иванов: „За уши ќе ве носиме на референдум“.

А јас додавам: Почитуван некогашен колега (и падобранец) Зоран, овој црн референдум е суициден скок со падобран што нема да ви се отвори.

Зоран Заев до граѓаните: „Вашиот глас е ваше право, но ако граѓаните останат дома, (те. ако го бојкотирате референдумот!), тогаш институциите, (те. простото парламентарно мнозинство! ќе ви го одземе тоа ваше право и) ќе одлучат за вас“.

Талат Џафери: „И да не успее референдумот, процесот продолжува“.

А јас додавам: Професионалните убијци како „Шакал“ од филмот, па така и ладнокрвните професионални убијци на македонскиот народ и на Република Македонија, Зоран Заев and Greateralbanians company, безобѕирно одат до крај. Не се откажуваат се’ додека не го реализираат нарачаниот и однапред платен злостор, иако сето тоа го знае и згнасено го гледа целиот цивилизиран свет.

Но господа ништители на Македонија, страшно ќе се изненадите, зашто ќе се соочите со невиден национален БОЈКОТ и со целосно ФИЈАСКО на вашата евтина предавничка и окупаторска фела.

А кога по БОЈКОТОТ и ФИЈАСКОТО ќе се обидете и последниот свој чин на грубо политичко насилство и кршење на законитоста да го спроведете, како што велите, преку „институциите“, кои, благодарение на вашите примитивни узурпации и целосно непочитување на законите и Уставот, всушност веќе одамна се уништени – е, тогаш, господа, ќе се соочите со Народот. Тогаш нема да може да ви помогне ниту бедната „мостра за добрососедски односи“ Јоханес Хан, ниту сите оние антимакедонски заговорнички црни мостри по амбасадите во Скопје.

https://republika.mk/944822

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.