|
|
Самиот референдум е геноциден |
Пред очите на меѓународната заедница, во минатото е извршен геноцид во Македонија. Покрај поделбата на Македонија, големите сили дозволија од страна на соседите да се врши целосно или делумно уништување на македонскиот народ, со вршење убиства, тешки телесни повреди, присилно раселување, односно негово целосно или делумно истребување. Овој геноцид кој е вршен врз македонскиот народ во минатото, продолжува и денес, само на пософистициран начин. Денес на референдум Македонците сами треба да се откажат од своето име, идентитет и култура. Први елементи на геноцид има при преселувањето на 60.000 Македонци од Егејскиот дел на Македонија во Бугарија, по потпишувањето на Договорот за размена на населението меѓу Грција и Бугарија во 1919 година. Потоа геноцидот се зголемува по Втората светска војна кога близу 100.000 Македонци се протерани од Егејскиот дел на Македонија во текот на Граѓанската војна во Грција (1946-1949). Да не ги заборавиме тука и децата бегалци од овој период. Повеќе од 30.000 македончиња се евакуирани од Грција и раселени низ земјите на Источниот блок. По завршувањето на војната, грчката власт преземаше присилни мерки за целосна асимилација на Македонците и за непризнавање на нивниот етнички идентитет. Овој грчки однос кон Македонците трае до денес и треба со помош на истите сојузници од 1947 година да заврши на штета на македонскиот народ. Осносно, Македонците треба на референдум сами да се откажат од својата историја идентитет и култура. Самиот референдум е геноциден. Со прифаќањето на промена на името Република Македонија, Македонците не само што ќе ги снема од историската сцена, туку, меѓудругото се оправдува геноцидот извршен од страна на Грците врз Македонците во минатото, нешто за кое може само да се прости, но не и да се заборави и избрише од историјата. Во поновата историја елементи на геноцид се забележани и во текот на војната во Македонија од 2001 година, кога од подрачјата зафатени со неа беа присилно протерани повеќе од 76.000 лица, претежно Македонци. Инаку, терминот „геноцид“, усвоен на заседанието на Генералното собрание на ООН, преставува меѓународно злосторство на намерно потполно или делумно уништување на националните, етничките, расните и религиските групи. Спаѓа во најтешка група на злосторства против човештвото. За разлика од етничкото чистење, каде е цел да се исчисти територијата од одредена група на луѓе, кај геноцидот цел е физичко истребување. Можеби најпознат пример е Холокаустот. По Евреите, денес Македонскиот Библијски народ ќе биде изложен на Холокауст. Само за разлика од Евреите, кои беа убивани во логорите на смтртта од нацистичкиот режим на Хитлер, овде македонските квинслишки власти го тераат својот народ да излезе на референдум за да потпише дека се согласува да влезе во „гасна комора“. Единствен спас од колективното самоубиство на македонскиот народ е бојкотирање на референдумот кој е закажан на крај на септември. |