|
|
Светото Писмо> дали ви е јасно на сите Македонци? |
Пишува: Каролина Ристеска Август 26, 2018 Лето Господово Торонто, Канада ЖИВА ВИСТИНА Денес ќе ве потсетам за најважната и најмудрата вистина за нашата македонска генеза запишана во Светото Писмо. Крајот на Светото Писмо завршува со Откровение на светиот Јован Богослов, глава22. Реката и дрвото на животот. Заедницата на блажените со Бога. Сериозни совети и опомени. Крај. Таму пишува, цитирам два стиха 18 и 19: 18. И Јас му сведочам на секого, кој што ги слуша пророчките зборови на оваа книга. Ако некој нешто додаде кон нив, нему Бог ќе му наметне поразии напишани во оваа книга. 19. Ако некој одземе од пророчките зборови на оваа книга, Бог ќе му одземе дел од книгата на животот, и од светиот град, и од она, што е напишано во оваа книга. Сега ќе ве потсетам мој свет македонски народе што секој од вас ќе стори ако на 30 ти септември излезе и гласа, ако секој од вас фати пенкало и заокружи. Вие ќе направите смртен грев библиски кој точно ви е кажан и потенциран во Светото Писмо во горе цитираните стихови, дали ви е јасно на сите Македонци? Вие ќе се запишете како бришачи на Светото Писмо! Вие го одземате зборот македонски од оваа света книга, збор кој Бог го кажал и запишал за навек! Дали ви е јасна оваа света порака за живата вистина за нашата македонска генеза запишана околу триесетина пати во книгава лично од Бог? 22:19. Ако некој одземе од пророчките зборови на оваа книга, Бог ќе му одземе дел од книгата на животот, и од светиот град, и од она, што е напишано во оваа книга. Вие со сиот ум ќе додавате придавка северна или северно од ? Каква храброст и будалаштина! Какво безумие ви наметнаа луѓе нелуѓе! Освестете се со време мој македонски народе! Деновите се одбројани! Имате секој право и слобода на свое размислување и глас но, да ги почитувате пред се божјите закони, а не да ширите самоволие и безредие кое точно ви е опишано во најголемата жива вистина на Универзумот, во Светото Писмо. И да завршам со глава 22 и стиховите 20 и 21 од книгата: 20. Зборува оној, што го сведочи ова: „Да, ќе дојдам скоро!” – Амин! „Да, дојди, Господи Исусе!” 21. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос со сите вас. Амин! |