|
|
Ви недостига експертиза или намерно го потценувате македонскиот народ |
Руската амбасада со реакција до „Гардијан“: Ви недостига експертиза или намерно го потценувате македонскиот народ.Амбасадата на Русија во Македонија на својот твитер -профил реагира на насловната страница на британскиот весник „Гардијан“, кој пишуваше дека резултатот на референдумот во Македонија е уште една победа за Русија.
„Драг ‘Гардијан’ ( и другите западни мејнстрим-медиуми), со обвинувањето на Русија за неуспехот на референдумот во Македонија вие докажувате дека или ви недостига експертиза или намерно го потценувате македонскиот народ. Ни едното ни другото не е добро за вашата репутација“, напиша Амбасадата на Русија во Македонија. Dear @guardian (and other Western MSM), by blaming Russia for the #referendum failure in #Macedonia you either prove that you lack expertise, or deliberately downplay the Macedonian people. Neither is good for your reputation. pic.twitter.com/QZOd3sViaG
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) October 2, 2018 |