Среда, 10 Октомври 2018   
САД, ЕУ и НАТО се изјаснија дека референдумот е успешен, што укажува на двојните стандарди на меѓународната заедница

svekrva-nova
Свекрва

Референдумот „успешен“ за САД, ЕУ, НАТО и власта, а неуспешен за мнозинството на македонскиот народ.

На иницијатива на Светскиот македонски конгрес и по барање на 180.454 граѓани со право на глас, а согласно Уставот на Република Македонија и Законот за референдум, Собранието на Република Македонија на 3 септември 2004 година го распиша референдум за територијалната организација на Република Македонија. На 7 ноември 2004 година, беше оддржан референдум со цел изјаснување на граѓаните во врска со тогаш новоусвоениот Закон за територијална поделба на Република Македонија. На референдумот мнозинството (427.112 гласачи или 95% од излезените) гласаа против новата територијална поделба, но референдумот за владата предводена од СДСМ не бил успешен поради тоа што излезноста била само 26,58%, односно не бил постигнат законски потребниот процент од 51% излезеност на вкупниот број избирачи, кој тогаш изнесувал 1.709.536.

На 30 сепетември 2018 година, не цели четрнаесет години потоа, се одржа нов референдум сега предложен од власта предводена од СДСМ. И покрај засилената кампања на владината коалиција и поддршката од високи функционери и лидери на земји членки на ЕУ за опцијата „За“ промена на името со што ќе ја доближи Македонија до ЕУ и НАТО, македонскиот народ го бојкотираше референдумот. На вледеачката коалиција предводена од Зоран Заев не му помогна ни подршката за референдумот која ја дадоа при посетата на земјата канцеларите на Германија и Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц, како ни американскиот секретар за одбрана Џим Матис и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Исто така, не помогна ни поддршката за референдумот која ја дадоа Албанците во земјата и од соседството. Албанскиот претседател Илир Мета, албанскиот премиер Еди Рама и албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати, ги повикаа Албанците во Македонија да го поддржат договорот и да гласаат За на референдумот. Лидерите на албанските политички партии во земјата Али Ахмети (ДУИ), Мендух Тачи (ДПА), Билал Касами (Движење Беса) и Зијадин Села (Алијанса за Албанците) исто така го поддржаа гласот За.

Од 1.806.336 регистрирани гласачи, на референдумот оддржан на 30 септември 2018 г. вкупно гласаа 666.743 гласачи или 36,91 %, а од нив 609.813 или 91,46 проценти беа За. Иако не беше исполнет законскиот цензус на излесност (50 + 1 или 903.000 гласачи), спротивно на 2004 година, Социјалдемократите и нивните поддржувачи од САД, ЕУ и НАТО се изјаснија дека референдумот е успешен, што укажува на двојните стандарди на меѓународната заедница.

Всушност, она што не важеше во 2004 година, денес за СДСМ и меѓународната заедница е позитивно. Анулирајќи ја вољата на две третитини од македонскиот народ кои го бојкотираа референдумот и повторно заплашувајќи го народот со етнички тензии, актуелната власт предводена од СДСМ спротивно на законите, сметаат дека 600.000 гласови За промена на името се доволни процесот да го продолжат во Собранието, каде би се обиделе по секоја цена да обезбедат двотретинско мнозинство за да го промената уставното име на земјата.

На 30 септември 2018 година, повеќе од 1.100.000 гласачи или две третини од македонскиот народ го бојкотираа референдум. Бојкотот не беше против влез на Македонија во ЕУ и НАТО, туку против спогодбата со Грција за промена на уставното име на македонската држава и промена на идентитетот на македонскиот народ.

Овој бојкот на над 1.100.000 Македонци само го потврди референдумот од 8 септември 1991 година, кога македонскиот народ масовно гласаше за независноста на македонската држава. Тогаш од вкупното гласачко тело 1.495.807, на референдум излегоа 1.132.595 гласачи и позитивно се изјаснија 1.079.308 или повеќе од 96 проценти. Всушност, со овој референдум македонскиот народ испрати јасна порака до меѓународната заедница дека македонскиот народ постои и македонското прашање треба да се реши на друг начин, а не да биде монета за поткусурување.

Резултатите од референдумот од 30 септември 2018 година ги разлути СДСМ и меѓународната заедница, која во својот бес се заканува со можна дестабилизација на Балканот. Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во Виена предупреди дека е долг патот на државите од Западен Балкан до членство во ЕУ, но и од опасноста од избивање нови воени судири на Балканот доколку му се одземе европската перспектива на Западниот Балкан.

Меѓутоа, Балканот веќе не ист како што беше пред повеќе од две децении. Сите ја научија лекцијата и никој не сака да војува за интересите на центрите на моќ. Дури ни Албанците веќе не сакаат да бидат нечија пешадија и топовско месо, бидејќи лесно може да го изгубат и она што досега го имаат стекнато. Затоа никој не треба да го заплашува македонскиот народ и неговите пратеници, а Зоран Заев по сите неуспеси редно е да си даде оставка.

Македонија мора да оди на предвремени парламентарни избори. На изборите треба да ѝ претходи Пржинска влада, како и целосно отфрлање на Преспанскиот договор.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.