Среда, 17 Октомври 2018   
Претседателе Иванов, отповикајте му го мандатот на Заев!

Претседателе Иванов, отповикајте му го мандатот на Заев! Отповикајте го актот со кој му го доделивте мандатот!

Без мандат, без актот за доделување мандат, Заев не може да биде претседател на Владата.

Отповикувањето на вашиот потпис како и отповикување на актот со кој го определивте Заев за мандатар ја прави ништовна неговата функција!

Не му дозволувајте на Заев да игра играчки со државата и да ја гази дадената и потпишана пред вас гаранција!

Што ќе ви се гаранции на хартија кога на дело се спроведуваат активности спротивно на интересите на Република Македонија и на македонскиот народ?

Државата де јуре и де факто е ставена во подредена положба на друга држава што едновремено е и кривично дело.

Заев го крши Уставот злоупотребувајќи го и вашиот потпис, и вашата функција претседател на Република Македонија.

Вие му го дадовте мандатот на Заев да биде мандатар и да формира Влада иако Уставот не предвидува постапка за избор на втор мандатар.

Тогаш работите се решија преку преседан кој не е уставен и кој не произлегува од Уставот!

Сега кога работите ескалираат, кога Заев делува и работи спротивно на дадените гаранции и спротивно на Уставот, а имајќи ја предвид Вашата заклетва, такво нешто не смеете да му дозволите.

Вие согласно чл.84, став 1, алинеа 1 од Уставот го определувате мандатарот за состав на влада на РМ.

Како што во 2017 година го определивте за мандатар, така сега ќе го отповикате од функцијата со образложение дека Заев не го почитува Уставот и дека ги прекршил дадените гаранции, но и дека ја прекшил заклетвата дека ќе ја почитува Република Македонија и правниот поредок на земјата.

Заев како и сите други политичари МОРА да и служи на државата и на народот, а не државата да му служи нему!

Направете го овој чекор за работите да тргнат на подобро!

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.