Среда, 24 Октомври 2018   
ВЛАДАТА МОЖЕ ДА СЕ СРУШИ СО ПАСИВНА АГРЕСИВНОСТ

dusan-makedon
Душан Ристевски - Македон

Владата на Република Македонија, со сите пратеници без разлика на која партија им припаѓаат, уште еднаш покажа колку е корумпирана, злобна, ништожна, скапана, ѓаволски напоенa со една цел само да ја уништи македонската држава и нација.

Не беше доволно она народот што им препорача преку шовинистичко-нацистичкиот референдум дека не се сложува и не „наседнува“ на лагите и сопките за божемен влез во ЕУ и НАТО да се прифати договорот на уништување. Од капата со лаги (во еден мој претходен напис укажав дека Заев е патолошки лажго - значи се покажа дека мојата дијагноза е правилна), а сигурно се уште такви итроштини постојат припремени од советниците на ЕУ, ОН и НАТО а и Атињаните, со уцени, претање, мито и се други можни методи, се постигна нивната цел. Колку ниско човек може да падни, колку мизерно изгледа од страна и нај неупатениот да се запраша: по кој повод некој сака да ти го смени името и за што се прифаќа измена на уставот кога народот го кажа своето мислење дека подобро би умреле од глад него да влезат во некоја си мизерна Европа каде нема да те почитуваат како народ.

Ех политичари, задоени од ѓаволот, не-Македонците ве исмејуваат, а пак Македонците плукаат на вас. Како пример, еве видовте во Австралија, според пописот од 2016 година, живеат над 100,000 Македонци, а само 10 лица отидоа на референдумот. Тоа ви кажува колку сте подржани од Дијаспората во Австралија. Немојте да се надевате дека Дијаспората некогаш ќе постане „северна“, ќе ја изгубите, но сигурно не се грижите за тоа оти ЕУ ќе ви даде евра за продажбата на вашите мајки и ќерки. Не се надевајте дека некој од Дијаспората ќе си ги обнови своите патни исправи за да станат „граѓанин“, или ја посетат „северната територија“ и не се надевајте дека како претставници на влада ќе дојдете на официјална посета во Австралија. Јас лично преку организациите во кои делувам ќе преземам иницијатива да ви се забрани секаков влез во Австралија, во спротивно ќе организираме национални протести и дури тогаш ќе се соочите како функционира западната демократија.

А со ова им препорачувам на чесните Македонци во Република Македонија да излезат на пасивно-агресивни протести и го искажат незадоволството од политичкиот, легалниот и административниот корумпиран систем. Ганди ја сруши англиската империја со овој метод и Македонците можат истото да го направат. За организирање протести полицијата може да затвори 10 или 100 лица но не може да затвори повеќе илјади, не може да затвори деца и постари луѓе. Власта влева страв кај народот но исто таа се плаши од масовни протести, а народот ја има таа сила, тој секогаш е во право и затоа ќе победи.

А за политичарите кои гласаа за измена на уставните промени како и на оние што ништо не презедоа да се спречи донесувањето на овие амандмани, повторно ви ја испраќам следната песна за да знаете Дијаспората како ве цени:

ДА ВИ СЕ ПЛУКНАМ...

(На предавниците на Македонија)

Да ви се плукнам...

Да ви се плукнам на лицето извалкано

на очите заслепени и ослепени.

Да им плукнам во очите

на оние што ве зачнале и родиле

да им плукнам на гробовите

на оние што ви ги пренеле

предавничките гени

и да им плукнам в лице на оние

што ве задоиле, учеле и советувале

да го предадете и уништите светото

а љубите туѓото повеќе од своето.

Да му се плукнам на ѓаволот

што ве покорил и ве спрегнал

да роварите по македонската земја.

Да ви се плукнам....

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.