Среда, 31 Октомври 2018   
Меѓународните и домашните мршојадци упорно колваат по ранетото македонско тело

svekrva-nova
Свекрва

Меѓународните и домашните мршојадци упорно колваат по ранетото македонско тело. Сакаат со промена на името да му ја одземат душата на македонскиот народ. Сакаат со промена на историјата, да го отсечат коренот од кого со векови Македонецот го црпи својот идентитет. Меѓутоа, македонскиот народ во својата историја никого не окупирал и никогаш не потклекнал под приотисоците на освојувачите, па поради тоа и денес нема да се откаже од својата татковина.

Македонскиот народ на референдумот одржан на 30-ти септември јасно кажа дека НЕ ја прифаќа спогодбата на Заев и Ципрас, со која Македонија треба да се преименува во Република Северна Македонија и да се откаже од својата историја. Меѓутоа, актуелната марионетска власт предводена од Социјалдемократите, поддржана од ЕУ, НАТО и САД, не ја испочитува вољата на народот.

Како верни слуги на администрацијата во Брисел, социјалдемократите продолжија насилно да го менуваат личниот опис на македонскиот народ и неговата држава. А секој кој се противи на промена на уставното име, актуелната власт во Македонија го оквалификува како противник на ЕУ и НАТО и симпатизер на Русија.

Навистина, поради уцената за промена на името доколку Македонија сака да стане членка на ЕУ и НАТО, во земјата е намалена поддршката за евроинтеграциите. Македонскиот народ одамна согледа дека денес Брисел не е она што требаше да биде и кон што во минатото се стремеa европските земји. Наместо – сојуз на слободни земји со која владее демократијата и владеат челници избрани од народот, денес Европската унија тежнее да стане империја со која владеат бирократи од Брисел. За таа цел во европските земји на чело на државите се инсталираат луѓе вазали кои веруваат во европско царство.

Брисел ја предводи борбата против националните држави, а социјалдемократите тоа се обидува да го направат со земјата. Заедно се обидуваат да создадат единствено европско царство со мешана популација. За таа цел треба Европа да се одвои од своите национални корења.

Мигрантите се дел од стратегијата на европската администрација за создавање на мултикултурни општества. Всушност, меѓу мигрантите има воено способни мажи од други континенти и култури кои треба да го спроведат обликувањето на европската унија. Полека но сигурно жителите на Европа ќе станат малцинства, а поедини помали народи како македонскиот се смета дека под теророт кој го спроведуваат овие елити дека ќе исчезнат.

Европјаните се повеќе го креваат својот глас против политиката на Брисел. Исто така, ваквата политика на „терор“ на Западот ја поддржуваат и сè помалку граѓани на Македонија, што го става на испит Западот и европската интеграција. Сите како да забораваат дека Европа е дом на повеќе народи, а не казан во кој се вари мултикултурализмот.

Македонскиот народ не смее да молчи и слепо да го слуша Брисел. Тој мора да го сочува своето име, да ја сочува својата независност и суверенитет, ако сака да опстане. Исто така, тој мора да соработува со Истокот и Западот. Како што вели еден од европските челници за својот народ, така и македонскиот народ треба да ја отфрли идејата на глобализмот и да ја поддржи културата на патриотизмот.

Македонците не треба да посакуваат и не треба да се подадат нити на едно царство или на глобален облик на владеење.

Секој народ е единствен во светот и тој на свој начин го осветлува тој дел од светот кој му е доверен. Во тој контекст кај македонскиот народ можат да се спомнат браќата Кирил и Методиј кои го запалија факелот на писменоста меѓу православниот свет. Зарем сега заради глобализацијата, кога други не се откажуваат, ние македонците треба да се откажеме од нив од својата историја, од свите корени, од својот идентитет, од своето име!?

Македонскиот народ е единствен во светот, бидејќи тој еднаш му кажа НЕ на Истокот, а денес НЕ на Западот.

И наместо да ги раздвојува, тој преставува спојница меѓу нив. Единствено, кој го прави раздорот е Грција, каде повторно маршираат андартите и на воена парада ја бараат крвта на „скопјаните“.

И токму воената парада во Солун и намерите на бриселската администрација треба да го замисли актуелното раководство на земјата, на опозицијата и на сите оние кои се за уставни промени за смена на името на државата.

Македонскиот народ кажа НЕ за промена на уставното име. Тој нема да се откаже од својата татковина.Тоа треба да го направи и актуелното раководство во владата со промена на досегашниот курс, кој земјата ја води во пропаст.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.