Петок, 02 Ноември 2018   
Ние Македонците во Австралија му даваме целосна поддршка на Претседателот Христијан Мицкоски

sidenej-810x540-810x540

Ние Македонците во Австралија му даваме целосна поддршка на Претседателот Христијан Мицкоски

Ние македонците во Австралија му даваме целосна поддршка на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот Христијан Мицкоски, во одбрана на националните интереси на нашата Македонија и Аманетот.

Се обидуваат да го оцрнат или да му наметнат поинакво лице на секој оној кој е ВМРО-вец

Во последно време сведоци сме сведоци на низа активности кои се насочени да се дискредитира и дестабилизира политичката гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ, но не само политичката гарнитура, туку и секој оној кој ја поддржува и промовира ПРОМАКЕДОНСКАТА опција за Македонија!

Со систематично и добро разработено сценарио се спроведуваат разни активности со кои директно се напаѓа кредибилитетот и моралниот интегритет на низа личности, почнувајќи од највисоката позиција, па до сите клучни точки во хиерархијата на партијата.

Затворени во тој магичен круг на сопсвеното бедно егзистирање, не им преостанува ништо друго освен да ги спроведуваат инструкциите кои ги добиваат од северниот сосед и од центарот.

Човек не знае дали да ги жали (оти на крајот од краиштата најголем дел и тие се Македонци), или да застане на страна и да ужива гледајќи го сопствениот нивни потоп кој го создаваат кон поколенијата свои.

Нивна намера е до толку да бидат гласни во повторувањето на своите лаги.

Овие извршители се дома, истата онаа дома која ги родила, но има и надвор од дома, истата онаа не-дома која ги одродила (некои од нив) од каде ја спроведуваат зацртаната агенда, најчесто заради сопствени интереси.

За многу аналитичари ова преставува само инфициран комплекс на самозаштита, во надеж дека народот тоа нема да го препознае и да ги види тие волци во овчи кожи!

Се обидуваат да го оцрнат или да му наметнат поинакво лице на секој оној кој е ВМРО-вец. Интересно е што овие обиди доаѓаат од една мала и национално импотентна група кои работаат заради лични интереси.

Имајќи го предвид токму тоа, не можеме да бидеме сигурни дали тие-плукачите се во конфликт со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, со многубројното членство, или пак се во конфликт со самите себе, (иако устата на овие извршители им е „полна“ со патриотизам) некако сме на мисла дека сепак се во конфликт со самите себе!

Во нивните постапки нема милост, нема патриотизам, нема размислување за последиците кои може да ги предизвикаат со своите постапки.

Прави извршители, платеници, луѓе кои одамна се откажале од сопствената земја, луѓе кои во име на македонскиот народот всушност работаат за сопствени интереси. Тие се личности кои работаат за сили кои сакаат да ја снема Македонија од картата на земјата.

Ваквите напади против Претседателот и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, индиректно се напади против Македонските интереси зад која стои бројното членство на партијата во Македонија и дијаспората и која ги обединува Македонците од сите страни на светот.

Тие-плукачите се истите, или наследници на тие кои во деведесетите години се декларилале како големи Југословени, кои се залагале Југославија да не се растури и неверувале во независноста на Македонија, а денес тие истите глумат прозападно ориентирани-тие биле за ЕУ и НАТО, Бог да чува и брани од вакви прозападни креатури.

Навредите изречени против политичката гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ еден ден ќе застанат на другата страна, кога нема да има СЈО, нема да го има Бејли, нема да го има нивниот Заев и нема да ги има милионите кои нашиот северен сосед со двете раце им ги дава со цел да плукаат против своите, против тие кои сакаат да ја одбранат Библијска Македонија.

Ние Македонците во Австралија му даваме целосна поддршка на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот Христијан Мицкоски, во одбрана на националните интереси на нашата Македонија и Аманетот.

Животот е пролазен, но остануваат само делата на вистинските патриоти, а тие обединуваат а не разединуваат.

Господ простува,ВМРО НЕ, еден ден ќе бидат казнети и тоа дебело, се по заслуга!

Александар Џеповски-Австралија

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.