Петок, 09 Ноември 2018   
Страшо Ангеловски: Параходот на малодушните!

angelovskiПараходот на малодушните!

“Жалете ја нацијата што не го крева гласот кога оди во погребна поворка, што не се фали освен меѓу сопствените руини и, што не се бунтува кога вратот и е ставен помеѓу меч и клада“

Денеска е Свети Димитрија, заштитникот на Солун, или, попознат како ден Митровден. Ден кога во годините паѓал првиот снег, а, според преданијата, комитите слегувале од планините и се прибирале по дома, за да ја поминат зимата, да соберат сила, да ги излекуваат раните, па здравје, штом запролети, на Ѓурѓовден, одново в планина, во нови битки. Битки за вековниот идеал – слободна и независна Македонија.

За жал, годинава, ниту снег, ниту комити. И, за да не се разбереме погрешно,кога велам комити, не мислам на луѓе облечени во бечви, со реденици преку градите и малихерка в раце. Мислам на луѓе со вековниот идеал – за слободна и независна Македонија. Мислам на луѓе кои во градите го носат духот на непокорот на своите предци, духот на љубовта кон Македонија, копнежот за човечки правдини,копнеж заради кој генерации и генерации Македонци “в затвор се наоѓале и коски им кршеле“.

Зошто го пишувам ова ќе разберат оние кои сношти се најдоа пред кривичниот суд во Скопје, во протестот кој имаше само една порака – “Стоп за политичките прогони“, оние во кои е жив копнежот за човечки правдини. Го пишувам бидејќи на оние кои ме прашаа зошто сме таму, им одговорив:

“Доколку во овој случај, купувањето на мерцедесот, стануваше збор за криминал, за навистина украдени пет-шест милијарди евра со кои се заблудуваше народот, јас ќе бев од другата страна, од страната на оние кои ќе бараа двојно или тројно поголема казна. Но, бидејќи станува збор за случај во кој нема дело, за случај на чист политички прогон, случај во кој омразата и одмаздата ја убиваат правдата, а двојните стандарди го убиваат правото, едноставно чувствував дека морам да бидам таму. Заради копнежот по човечки правдини.“

И бев,стоев молкум, засрамен од ова што го живееме. И слушав како многумина, со право огорчени, се прашуваа каде се сега оние кои во времето на Груевски се богатеа, оние кои добиваа незаслужени функции, оние заради кои страдаа старите и лојални членови на партијата ? Каде се сите оние кои ја злоупотребија десетгодишната власт за лични интереси и го извалкаа името на партијата?

Е тие, тие и не требаше, дури и не смееше да бидат таму, зашто и протестот ќе го извалкаа и човечките правдини ќе ги фрлеа в кал. Но, каде се сите оние што се возат по новите автопати, по новите улици, во новите автобуси и новите возови, во увезените автомобили за кои можеа само да сонуваат? Каде се оние што го видоа светот со евтините летови, оние што работат во новите згради, што се сликаат на новите плоштади покрај спомениците што го потврдуваат нивниот идентитет? Каде се оние што штедро добиваа субвенции, оние што користеа компјутер во секое училиште, оние што се рекреираат во новите спортски сали и игралишта? Каде се оние што со задоволство гледаат фудбалски утакмици на новиот стадион? Каде се оние на кои пензијата им се зголемуваше секоја година, оние кои за првпат ги посетија и бесплатно се лекуваа во бањите ширум Македонија?

Со еден збор, каде се сите оние што живееја во држава што функционираше, држава во која се градеше, држава во која се инвестираше, држава во која криминалците не шетаа слободно по улиците, држава во која се намалуваше невработеноста, а се зголемуваше производството? Каде се обичните граѓани кои не мора да се партиски членови, но знаат да прават разлика? Каде се Македонците кои десеттина години ја чувствуваа Македонија како гордост, но и илјадниците Албанци кои за првпат добија вработување и влегоа во системот на државата? Голем срам и за едните и за другите.

Е, за сите нив, за сите кои не беа таму, ќе ги објавам зборовите на Калил Џибран,либански мислител кој живеел од 1883 до 1931 година. Зборовите објавени пред стотина години, озаглавени како “Параходот на малодушните“, а толку актуелни сега и овде:

“Жалете ја нацијата полна со верувања и без религија. Жалете ја нацијата што носи облека, а не ја ткае, што јаде жито, а не го жнее и, што пие вино, а не го точи.

Жалете ја нацијата која го прогласува насилникот за херој и за дарежлив го смета блескавиот освојувач.

Жалете ја нацијата што не го крева гласот кога оди во погребна поворка, што не се фали освен во сопствените руини и, што не се бунтува кога вратот и е ставен помеѓу меч и клада.

Жалете ја нацијата чиј државник е лисица, чиј филозоф е жонглер, чија уметност е уметност на крпеници и на мајмунлаци.

Жалете ја нацијата што со труби му посакува добредојде на новиот лидер, а го испраќа со свирежи за повторно да му труби на новиот што доаѓа.

Жалете ја нацијата поделена на парчиња, од кои секое парче се смета за нација.“

Заради сето ова, сношти стоев молкум, со срам и неспокој во душата.

Страшо Ангеловски

Претседател на МААК

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.