Четврток, 15 Ноември 2018   
Традицијата на светите четири букви ВМРО - обврзуваат!

1 5

Од осамостојувањето на земјата речиси да нема период кога СДС е на власт, а да не започне активности за разнебитување на македонскиот народ и држава. Тажно е што ова не допира ни до малиот мозок на елитата која е дел од потесното раководство на СДС.

Во нивните постапки нема трошка патриотизам, нема размислување за последиците кои ги предизвикуваат со своите постапки. Тоа се луѓе кои одамна се откажале од интересите на соспствената држава, за туѓи и за лични интереси.

Македонскиот народ кој е свесен дека кај раководството на СДС на чело со Заев може лесно да помине секакво барање од надвор, на 18 ноември масовно ќе излезе на семакедонски протест пред Собрание на РМ и силно ќе каже НЕ на обидите на Заев за дестабилилизација на земјата и трговија со името.

ВЕ повикувам масовно да се приклучиме на ПРОТЕСТОТ во организација на #Бојкотирам

Недела 18 ноември во 18.00 часот пред Собрание на РМ, да го спречиме генерацискиот грев и да ја зачуваме Република Македонија за идните поколенија.

На протестот ќе Бараме:

- Итно и безусловно запирање на процесот на Уставни промени.
- Еднострано правно поништување на октроираниот преспански договор кој беше јасно отфрлен од народот на референдум.
- Стриктно почитување на домашното и меѓународното јавно право.
- Трајна заштита на името на државата, Македонија.
- Распуштање на делегитимизираното собрание и распишување вонредни парламентарни избори.

Штетата која Заев ѝ ја прави на Македонија е огромна и за жал поради надворешна поддршка таа не е санкционирана. Но ако тоа сега не може да го направи опозициската ВМРО-ДПМНЕ, многу брзо народот ќе го направи тоа. Народот памети, не заборава.

Тоа значи ќе има одговор. Сериозен одговор од македонскиот народ!

Традицијата на светите четири букви ВМРО - обврзуваат!

Довербата на народот - обврзува!

Сеуште неродените деца – обврзуваат!

И над се`, Македонија обврзува!

МАКЕДОНИЈА, ВЕЧНА И ЕДИНСТВЕНА.

АМИН!

Манојил (Мане) Јаковлески

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.