Четврток, 29 Ноември 2018   
Дијаспората мора да остане буден стражар и да продолжи да го брани АМАНЕТОТ!

OMD-1

Некои домашни политичари-кретени ја гледаат Македонија како расна крава за молзење, кога треба нешто да добијат устите им се отворени како на крокодили, а кога се работи за безбедноста и иднината на државата, ич не им се слуша, продолжуваат да си го гледаат само и само личниот интерес.

Неразмислувањето кое што се манифестира во однесувањето, во говорите и во ставовите на одредени “народни“ политичари-пратеници, ме ужаснува.

Македонија отсекогаш патела од предавници, продадени души но, ова веќе ја преминува секоја граница. Зарем не се освестија? А што е уште полошо да прашам, зарем не се освестивме ние?

До кога треба да се толерираат оние кои упорно работат на тоа да не` нема, да ни го нарушат достоинството, гордоста и најлошо од се` со своите глупости да ѝ го валкаат името на Македонија.

Оние што тргнале по грешниот пат слободно нека продолжат да се закопуваат се подлабоко во живиот песок наречен пропаст. А за нас, воопшто нека не се тревожат. Народов веќе доволно претрпе сите овие години.

Со падот на комунизмот, Македонската дијаспора одигра значајна улога не само во осамостојувањето и развојот на демократијата во Македонија, туку и во нејзиното признавање.

Македонската дијаспора во Австралија, Европа, САД и Канада, има нова историска шанса да ѝ помогне на својата матична држава.

Македонците во Дијаспората мора да останат како буден стражар и да продолжат да го бранат АМАНЕТОТ и да не дозволат светото Македонско име да го валкаат платени предавници, кариеристи и секакви опортунисти и шарлатани.

Во одбрана на националното разнебитување на Македонија го повикувам секое македонско чедо во Македонија и дијаспората да застанат простум во одбрана на името на Македонија и нејзината иднина.

Дијаспората е многу активна, убаво е што си ја имаме. Си велам, Господ сака да не` собере сите Македонци, ете време е да застанеме сите еден до друг братски и да ја зачуваме нашата Македонија.

Браќа и сестри Македонци во дијаспората, ВИЕ ја создадовте и од првиот ден застанавте зад ВМРО-ДПМНЕ и самостојна Македонија и до денес ѝ ја давате неизмерната и безусловна поддршка.

Свесни дека се дават во сопствените лаги и недела, Заев и компанија се фаќаат за сламка и се обидуваат на секаков можен начин да направат раздор во опозициската ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на настаните кои следуваат.

Единствено ВМРО-ДПМНЕ претставува пречка во распродажбата на националните интереси на државата и го крева гласот во одбрана на татковината, додека предавници, плитки и проклети умови решаваат за неговата иднина!

ВМРО-ДПМНЕ е партија со огромен потенцијал, која ќе го најде излезот од соостојбата во која е втурната Македонија и ќе ги одбрани интересите на македонскиот народ.

Во тоа нема да ја спречат ни поголеми сили, а не некакви маргинални и платени политичарчиња.Затоа што ВМРО значи борба, во минатото, сегашноста и иднината.

Македонци! Вие сте чеда на Македонија, во вас тече македонска крв, како вистински Македонци да застанеме во одбрана на својата прадедовска земја и да им го покажеме патот на сите интриганти што шират омраза и поделби меѓу браќата.

Да ја отпочнеме битката на чело со ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски и да ја поразиме оваа ненародна власт

Се‘ додека постои ВМРО ќе постои и Македонија! Македонците не забораваат! Македонија вечна!

АМИН!

Манојил (Мане) Јаковлески

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.