Среда, 05 Декември 2018   
ЛЕБЕДОВАТА ПЕСНА НА СТОЈАН АНДОВ

Martin Trenevski

Мартин Треневски, член на Првата демократска влада на независна Македонија

ЛЕБЕДОВАТА ПЕСНА НА СТОЈАН АНДОВ

Една неодамнешна промоција на книги, што вообичаено би требало да биде културен настан, прерасна во по многу нешта контравезна случка што отвори стари рани и многу прашања! Станува збор за претставувањето на десетте тома избрани дела на Стојан Андов во издание на Матица Македонска. Велам контроверзна од причини што тој настан силно ја брануваше македонската јавност, а еве зошто:

Пред се заради поводот! Имено, дали со промоцијата на десетте тома избрани дела, наводно за да се одбележи неговиот 83ти роденден (вообичаена пракса во светот е да се одбележуваат ''округли'' годишнини, на пример 80та, 85та, или 90та... годишнина), или со овој потфат Стојан Андов настојува да потсети на себе и да се глорифицира самиот себе за неговите големи дела (!?) и заслуги (!?) како во минатиот систем, така и во овој, актуелниов!? Донекаде се наметнува впечатокот дека оваа промоција наликува на своевидна "лебедова песна" на Стојан Андов (лебедите пред заминување на оној свет ја пеат својата најубава песна) и обид самиот да се овековечи за на век како небаре Македонски месија кол толку многу направил за Македонија!? А за промцијата да добие што поголема тежина и внимание, самиот Андов многу се погрижил да покани и да обезбеди присуство и обраќање на дел од македонската научна и политика елита.

Контроверзноста на настанот ја предизвика самиот Андов со изнесеното во некои негови книги, а ја поткрепи со лични сознанија и тврдења во стилот рекла-казала еден од промоторите, надворешно-политичкиот коментатор Љубомир Гајдов откривајки ја Америка дека конечно и без сомнеж се открија планерите и егекуторите на атентатот врз поранешниот македонски претседател Киро Глигоров!? Со име и презиме, според Андов и Гајдов тоа биле Љубомир Фрчкоски и Бранко Црвенковски. Сега Андов и Гајдов веројатно ке си ја поделат наградата што ја распиша во 2000та година поранешниот МВР Павле Трајанов од еден милион германски марки, или во денешен еквивалент од половина милион евра за информација што ке води кон откривање на починителите на атентатот.

Злоупотребата на еден навидум културен настан - промоцијата на книги од перото на Стојан Андов многу силно наликува на персонална вендета (освета) на авторот на десетте тома избрани дела кон Љубомир Фрчкоски во што не сакам да навлегувам (За љубов на вистината, по атентатот извршен на 3ти октомври 1995 година постојано ми беше присутна помислата дека такво нешто најверојатно го извршиле домашни актери, но со странска помош).

Кавгата помеѓу Андов и Фрчкоски е нивна работа што секако создава дополнително грда слика на нашето уште погрдо секојдневие. Но неминовно се наметнува прашањето што со право го поставија некои македонски коментатори: Зошто молчеа до сега??? Атентат, т.е. да атакуваш на животот на претседател на држава е невиден злостор сам по себе. Претседател на држава не е само личност од крв и месо како сите нас! Тоj истовремено е и институција што ја избрал народот за да ја претставува државата и дома и надвор. Не е случајно во САД постои SECRET SERVICE што го сочинуваат врвни специјалци од повеке области за да го обезбедуваат претседателот на САД и неговото семејство 24/7, или сличните служби што го чуваат претседателот на Франција, британскиот суверен и сл. Следствено: зошто молк од Андов и Гајдов цели 23 години од тој настан? Зошто??? Сега наменски проговорија за политичка егзекуција на Фрчкоски??? И дали зад овој обид за егзекуција не стои уште некој друг (можеби и еден или повекемина присутни и на самата промоција на избраните дела на С. Андов?) кому, за мене од непознати причини , сега му смета Љубомир Фрчкоски??? Сакам да поверувам дека времето ке покаже што се стои зад оваа лична пресметка.

Стојан Андов може да промовира уште десет пати по десет книги но тоа не може да го испере од гревот што го направи кога го бојкотираше Референдумот за осамостојување на Македонија што го организравме на 8ми септември 1991 година, кога по совет на претставници на странски служби не се појави и самиот да гласа на тој историски чин и се криеше во јужните предели на Македонија (За ова види многу подетално во книгата на акад. Никола Кљусев "Патот кон македонската независност", стр. 82 во издание на НАМПРЕС и во мојата книга: "Незаборавник", стр. 73-77, исто така во издание на НАМПРЕС, каде детално го опишувам овој случај)!

Претпоставувам дека Стојан Андов сега длабоко се кае заради своето однесување и заради бојкотирањето на Референдумот за независност! Гротескно е и однесувањето на Стојан Андов кога наближува тој свет датум - 8ми септември! Редовно не се штеди да дава изјави и интервјуа за тој настан на кошто самиот лично не учестуваше, па дури изиграва актер во монтирана улога на лице кое гласа (наводно за референдумот) се со цел да прикаже дека и тој е еден од учесниците на тој историски чин.

На негова (С.А.) несрека сеуште не има многу сведоци и очевидци што знаеме за гревот на Стојан Андов за кој грев не знам дали пишува самиот во своите десет тома и дали е објективно претставен во неговата Лебедова песна!? Нему објективноста и етичноста не му се својствени! Напротив, и покрај поодминатите години секогаш настојува да е во прв план во јавноста.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.